
|
 |
Спорт / Фудбал
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ЛЕВ БЕК ПОТПИША СО ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ КЛУБОВИ ВО ХОЛАНДИЈА Попов четири години во Херенвен!

* “Презадоволен сум од условите на договорот и што ќе го носам дресот на еден од најголемите тимови во оваа земја”, ни изјави вчера Горан Попов.
Горан Попов стави потпис на четиригодишен договор со еден од најзвучните холандски клубови Херенвен. Репрезентативниот лев бек вчера ги официјализираше преговорите со холанѓаните и во иднина ќе настапува во оваа лига каде што во минатото настапувале многу наши интернационалци.
“Многу сум среќен што ќе бидам дел од еден од најдобрите клубови не само во Холандија туку и во Европа и редовен учесник во европските натпреварувања. После Ајакс, ПСВ, Аз Алкмар, Херенвен е тука некаде 4-5 клуб во ова првенство по јачина. Сите проблеми со Левадијакос се надминати и вчера го ставив потписот на четири годишниот договор и се надевам дека ќе успеам со овој тим во иднина да освојувам титули и да настапувам во Лигата на шампионите. Сега сум во Холандија а после неколку дена се враќам во Македонија. На 7-ми јули треба да се јавам на првата прозивка на мојот нов клуб”, истакна во телефонскиот разговор вчера Горан Попов кој е стандарден во репрезентацијата на Македонија.
Попов следната сезона ќе настапува во Купот на УЕФА откако неговиот нов тим беше елиминиран од квалификациите за ЛШ од Ајакс. Попов во минатото има настапувано во екуипите на АЕК, Црвена Звезда, Одра, Егалео и Левадијакос.
Г. Б.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|