
|
 |
Спорт / Фудбал
Доколку Турција и Чешка одиграат нерешено ќе одлучуваат пенали
После победата на репрезентацијата на Турција во дуелот против Швајцарија, би можело да се случи учесникот во четврт-финалето на Европското првенство за прв пат да биде добиен по изведување на пенали, соопштува Европската фудбалска унија УЕФА.
После второто коло во групата А, Турција и Чешка имаат по три бода и идентична гол разлика 2-3. Доколку нивниот меѓусебен дуел, кој е на програмата во недела во Женева, заврши без победник, учесникот во четврт-финалето ќе го одлучат дополнителни критериуми.
Кога две екипи се потполно изедначени, како што е тоа случај со Турција и Чешка, членот 7 .07 од Правилникот за одржување на Европските првенства во предвид се земе коефициентот на тие двата тима од квалификациите.
Коефициентот се добива така што поените собрани во квалификациите ќе се поделат со бројот на натпревари и тука Чесите се во предност, бидејќи имаат коефициент 2,333, додека Турција има 1,958.
Меѓутоа во овој случај тоа не би било пресудно, бидејќи би се применил членот 7.08 кој предвидува пенали, доколку екипите кои се изедначени во се, а се единствени кандидати за поминување во наредната фаза на натпреварување, се сретнат во последното коло.
„Доколку натпреварот помеѓу Турција и Чешка заврши со било кој нерешен резултат, нема да се играат продолженија, туку веднаш ќе се пристапи кон изведување на пенали“, се наведува во соопштението на УЕФА.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|