петок, 13.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Euro 2008
Спорт / Фудбал

Вастич ја извлече Австрија во судиското продолжение

Фудбалерите на Австрија и Полска ги освоија првите бодови во историјата на еден завршен турнир на ЕП, откако на стадионот "Ернст Хапел" во Виена одиграа нерешено 1:1. Полска водеше до 93-та минута, кога најискусниот фудбалер на Австрија Иваца Вастич од пенал донесе бод на својата репрезентација. По ремито двете селекции ги сведоа на теорија шансите за пласман меѓу осумте најдобри.



Со голот во судиското продолжение од белата точка против Полска, Австрија ги задржа теоретските шанси за пласман во четврт-финалето, но во последното коло ќе мора да ја совлада репрезентацијата на Германија, со што поголема гол разлика.

И Полска не е без шанси, но и тие ќе мора да ја победат Хрватска, па со по четири бода да се најдат на втората позиција со Австрија и гол разликата да го реши патникот во следната фаза.



Се друго освен победа во следното коло, двете репрезентации ќе ги чини збогување од шампионатот.



Во вечерашниот натпревар Полска поведе преку Гуереиро во 30–та минута.

Претходно австриската селекција не реализира неколку изгледни шанси за гол. Но кога се чинеше дека Полска е на чекор до полн плен, англискиот судија Хауард Веб во последните секунди од мечот досуди сомнителен пенал, кој сигурно го реализира Ивица Вастиќ, со што стана највозрасниот фудбалер во историјата на Европските првенства што постигнал гол.



Ваквиот резултат значи и прво место за Хрватска во групата Б и сигурен пласман во четврт-финалето на ЕВРО 2008.


Наjновo од Спорт
Вастич ја извлече Австрија во судиското продолжение
Хрватски триумф над Германија
Доколку Турција и Чешка одиграат нерешено ќе одлучуваат пенали
Попов четири години во Херенвен!
Јао Минг ја промовираше Фондацијата
Коби не се дава така лесно...
Мејси го менува Стак
Виља: Третиот гол за Торес
Арда Туран го елиминираше домаќинот
Фергусон бара поголема плата за Роналдо
Немам полски пасош, но ја сакам Полска
Светскиот првак нема право на грешка
“Петли” на менито на Холанѓаните
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи