сабота, 14.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Euro 2008
Спорт / Фудбал

РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРО КОЛО

ГРУПА Б:

ХРВАТСКА - ГЕРМАНИЈА 2:1
Срна 24', Олиќ 62' - Подолски 79'

АВСТРИЈА - ПОЛСКА 1:1
Гереиро 30' - Вастиќ 90' (п)

ТАБЕЛА:

1. Хрватска 2 2 0 0 3:1 6
2. Германија 2 1 0 1 2:3 3
3. Австрија 2 0 1 1 1:2 1
4. Полска 2 0 1 1 1:3 1

ГРУПА Ц:

ИТАЛИЈА - РОМАНИЈА 1:1
Панучи 66' - Муту 55'

ХОЛАНДИЈА - ФРАНЦИЈА

ТАБЕЛА:

1. Холандија 2 1 0 0 3:0 3
2. Романија 2 0 2 0 1:1 2
3. Франција 2 0 1 0 0:0 1
4. Италија 2 0 1 1 1:4 1

Сопругата на швајцарскиот селектор се разбуди од кома

 

Алис Кун, сопругата на швајцарскиот селектор Коби Кун, се разбуди од кома, во која беше од 2 јуни, кога беше хоспитализирана бидејќи во нејзиниот дом доживеа несвестица поради епилептичен напад.

“Нејзината состојба се подобри во последните три дена, изјави швајцарскиот доктор.

 

64-годишниот Коби Кун, кој е во брак со Алис веќе четири декади, не зборуваше со медиумите по нејзиното будење, но пред неколку дена истакна дека е среќен што нејзината состојба е стабилизирана.

 

 

Шест германски хулигани сопрени на швајцарската граница

 

Швајцарската гранична полиција успеала да сопре шест германски хулигани на границата и да не им дозволи да влезат во земјата. Според официјалното соопштение, шест германски државјани, помеѓу 23 и 33 години, кои зад себе имале историја од насилно однесување на спортските борилишта, биле спречени во својата намера да минат на граничниот премин кај Базел. Кај овие лица биле пронајдено ладно оружје и од превентивни причини, не ми било дозволено да се упатат кон нивната дестинација, односно посета на некој од мечевите на ЕП.

 

 

Римските власти не дозволија видео-бим за Романците

 

Властите во италијанската престолнина им забранија на романските фанови да кренат џиновски видео-бим за да го следат мечот меѓу Италија и Романија, со цел да спречат евентуални насилни сцени. Во Италија официјално живеат околу 560,000 Романци, а тензија меѓу двете нации настана минатата година, кога еден Романец беше уапсен и обвинет дека на смрт претепал сопруга на еден италијански морнарски офицер.

 

“Сакавме да поставиме огромен видео-бим во Рим, но се откажавме од идејата. Мислам дека е сепак подобро што решивме фановите да го следат мечот од дома, рече Еуген Тертелиак, прв човек на асоцијацијата на Романците во Италија.

 

Инаку, италијанската влада минатата година им издаде дозвола на властите да ги бркаат странците од ЕУ, кои се сметаат како закана за јавната безбедност.

 

 

Подолски неизвесен за мечот со Австрија

 

Најдобриот и досега единствен стрелец за Германија на ова ЕП, Лукас Подолски, кој заедно со Виља се наоѓа на чело на листата на стрелците со по три гола, би можел да го пропушти мечот од последното коло против Австрија, поради тоа што има повреда на зглобот, поради која не беше во можност да присуствува на петочниот тренинг со селекцијата на “елфот”. Германија мора да освои барем бод од дуелот со Австрија, за да обезбеди четврт-финале против Португалија, а на дуелот со домаќинот, дефинитивно нема да настапи Бастијан Швајнштајгер, кој заработи еден меч казна, по црвениот картон заработен во поразот против Хрватска.

 

 

 

 

 




Сродни вести
Виља: Третиот гол за Торес
Арда Туран го елиминираше домаќинот
Немам полски пасош, но ја сакам Полска
Светскиот првак нема право на грешка
“Петли” на менито на Холанѓаните
Португалија прва во четврт-финалето
Им снема среќа на Грците
Шпанија "фуриозна" во триумфот над Русија
Ван Бастен: Историска победа
Голот на Ван Нистелрој регуларен
Рибери и Французите разочарани
Интересни случки од ЕУРО 2008
Офсајд или не, голот на Нистелрој?
Сигурно ја освојуваме титулата
"Лалињата" расцветаа против светскиот првак
Натпревар за заборав
Тепачка меѓу Ван Перси и Снајдер
Германија ја оправда фаворитската улога
Хрватска "на мускули" до првата победа
Навивачка пресметка на Германците и Полјаците
Наjновo од Спорт
РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРО КОЛО
Роблес го сруши рекордот на Лиу Ксијанг
Алонсо од следната сезона во дресот на “Старата дама”
Бостон на чекор до титулата во НБА
Вастич ја извлече Австрија во судиското продолжение
Хрватски триумф над Германија
Доколку Турција и Чешка одиграат нерешено ќе одлучуваат пенали
Попов четири години во Херенвен!
Виља: Третиот гол за Торес
Арда Туран го елиминираше домаќинот
Фергусон бара поголема плата за Роналдо
Немам полски пасош, но ја сакам Полска
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи