сабота, 14.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Euro 2008
Спорт / Фудбал

ТЕШКИ МОМЕНТИ ЗА “АЅУРИТЕ” НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО
Буфон го остави во игра светскиот првак

ИТАЛИЈА - РОМАНИЈА 1:1 (0:0)
Стрелци: Панучи 56' (И) - Муту 55' (Р)
Стадион: Лецигрунд во Женева. Гледачи: 30.000
Главен судија: Том Хенинг Евребо од Норвешка
Жолт картони: Де Роси, Пирло (И) - Киву, Муту, Гојан (Р)

ИТАЛИЈА:

1. Буфон
19. Ѕамброта
2. Панучи
4. Кјелини
3. Гросо
16. Каморанези
(85' - 13. Амброзини)
21. Пирло
10. Де Роси
7. Дел Пјеро
(77' - 15. Кваљарела)
20. Перота
(58' - 18. Касано)
9. Тони

РОМАНИЈА:

1. Лобонт
2. Контра
4. Тамаш
15. Гојан
3. Рац
6. Радои
(25' - 20. Дика)
7. Петре
(59' - 16. Николица)
8. Кодреа
5. Киву
10. Муту
(88. - 11. Кочиш)
21. Никулае

Многу малку недостасуваше светскиот првак Италија веќе да почне да се пакува за дома по само два натпревари од Европското првенство. Иако влегоа како големи фаворити во дуелот со Романија, “аѕурите” на крајот можат да бидат пресреќни со освоениот бод без разлика што пласманот во четврт-финалето ќе го бараат во дуелот со својот неизбежен ривал во последните неколку години, Франција и тој натпревар сигурно нема да биде ништо понеинтересен од финалето на Мундијалот во Германија.

Гледачите на Лецигрунд во Цирих имаа можност да видат одличен натпревар, преполн со убава комбинаторика, динамичност, многу шанси и на крајот голема драматика. Двата гола беа постигнати во период од само две минути, а за голема неизвесност се погрижи и норвешкиот судија Том Хенинг Евребо кој досуди сомнителен пенал за Романија на девет минути пред крајот.

Ако генерално се земе предвид целиот натпревар, Италија беше подобар противник, играше поконстантно и можеби заслужи да победи. Но, Романија се закануваше од контранапади особено во првото полувреме и во тие моменти ако не беше Џиџи Буфон, многу лесно можеше да се случи балканската репрезентација по 45 минути да има убедливо водство. Од 15. до 20. минута, Романците имаа три убави шанси преку Муту, Тамаш и Киву, меѓутоа Буфон ги одбрани сите три удари и спречи уште тогаш да дојде до големо изненадување. До крајот на првиот свои шанси имаа и Италијанците, меѓутоа како и на дуелот против Холандија, Тони не беше во голгетерска форма. Мора да се истакне и дека норвешката судиска тројка значително ги оштети Италијанците со тоа што не го призна регуларниот гол на Лука Тони во втората минута од судиското продолжение поради офсајд иако напаѓачот на Баерн Минхен се наоѓаше во регуларна позиција.

Уште поинтересно беше во второто полувреме. По само десет минути игра Ѕамброта направи катастрофална грешка пред својот шеснаесетник и во обидот да ја врати топката до Буфон само додаде до Муту на кого не му беше тешко да го совлада противничкиот голман за водство на својата репрезентација. За среќа на “аѕурите”, веќе во следниот напад успеаја да израмнат откако Кјелини по еден центаршут ја врати топката на втората статива, а таму Панучи го постигна првиот гол за Италија на ова Европско првенство. Потоа, најдобрата шанса ја имаше Даниеле де Роси кому Тони прекрасно со гради му ја спушти топката, играчот на Рома со глава шутираше во спротивниот агол, но Лобонт извонредно интервенираше.

Уште еден превид Евребо направи на девет минути пред крајот кога Панучи се бореше за топка со Никулае, Романецот падна и за тоа доби пенал иако такви дуели имаше уште повеќе пред голот на Лобонт.

Иако на никој не му одговара потполно, со овој резултат во живот останаа и Италија и Романија иако во последното коло ќе им требаат победи против Холандија и Франција.

ЗАНИМЛИВОСТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ:

*Шест години Италија не загубила два натпревари по ред. Последен пат тоа се случи во 2002 година кога прво загуби од Јужна Кореја во осминафиналето од Светското првенство, а потоа и од Словенија во пријателски меч.

*Романија го прими првиот гол во четвртиот натпревар.

*Романија се израмни со Грција со осум постигнати голови на Европските првенства, но и натаму има најслаб просек од осум погодоци на 11 натпревари.

*Адриан Муту е првиот фудбалер што УТНА пенал на Европското првенство откако претходно прецизни беа Модриќ и Вастиќ. Воедно, тоа беше втор пенал за Романија на Европските првенства, но Јоан Ганеа во 2000 година против Англија беше прецизен.

ИГРАЧ НА НАТПРЕВАРОТ

ЏАНЛУИЏИ БУФОН (Италија)

Голманот на Јувентус уште еднаш ја потврди својата играчка големина. Не само што имаше голем број одбрани и уште во првото полувреме не им дозволи на Романците да дојдат до предност, туку пред крајот на мечот го одбрани и ударот на Муту од белата точка. Ако Италија некако дојде до четврт-финалето, токму Буфон ќе биде најзаслужниот за такво нешто.




Сродни вести
Холандија го демолираше и светскиот вицешампион
РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРО КОЛО
Виља: Третиот гол за Торес
Арда Туран го елиминираше домаќинот
Немам полски пасош, но ја сакам Полска
Светскиот првак нема право на грешка
“Петли” на менито на Холанѓаните
Португалија прва во четврт-финалето
Им снема среќа на Грците
Шпанија "фуриозна" во триумфот над Русија
Ван Бастен: Историска победа
Голот на Ван Нистелрој регуларен
Рибери и Французите разочарани
Интересни случки од ЕУРО 2008
Офсајд или не, голот на Нистелрој?
Сигурно ја освојуваме титулата
"Лалињата" расцветаа против светскиот првак
Натпревар за заборав
Тепачка меѓу Ван Перси и Снајдер
Германија ја оправда фаворитската улога
Наjновo од Спорт
Барса дава 40 милиони евра за Виља
Надал го “преживеа” Карловиќ, лекција за Хјуит
Сколари го презема Челзи
Кварезма: Потпишав за голем клуб
Буфон го остави во игра светскиот првак
Момент на вистината, за цела генерација!
Холандија го демолираше и светскиот вицешампион
РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРО КОЛО
Алонсо од следната сезона во дресот на “Старата дама”
Вастич ја извлече Австрија во судиското продолжение
Хрватски триумф над Германија
Доколку Турција и Чешка одиграат нерешено ќе одлучуваат пенали
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи