
|
 |
Спорт / Фудбал
ПОРУГАЛЕЦОТ МИСТИЧЕН ОКОЛУ НЕГОВАТА ИДНИНА Кварезма: Потпишав за голем клуб
Еден од најталентираните португалски фудбалери, Рикардо Кварезма изјави дека дефинитивно го напуштил тимот на Порто и се договорил да потпише за голем европски клуб, но не го обелоденува името на неговиот нов фудбалски дом.
 “Потпишав за голем европски клуб, но во овој момент не можам да кажам ништо повеќе околу тоа, вели Кварезма.
Инаку, за Кварезма веќе неколку месеци наназад сериозни се интересираат Реал Мадрид и Интер, а на листата на потенцијални негови купувачи се наоѓаат и Челзи и Ливерпул. На врвот на листата беше Реал, во чии редови веројатно ќе заврши неговиот репрезентативен колега Кристијано Роналдо, но во трката сериозно се впушти и Интер каде нов тренер е Португалецот Жозе Мурињо, а во клубот настапува и Луис Фиго, додека адут на Челзи би бил фактот што неговиот селектор Сколари ќе седи на клупата, а во тимот се неколку екс-членови на Порто, односно Фереира, Карваљо и Босингва.
Останува да се види дали веста околу неговиот нов тим ќе биде објавена пред завршувањето на ЕП, како онаа за Сколари кој веќе се договори со Челзи за преземање на кормилото.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|