сабота, 14.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Euro 2008
Спорт / Фудбал

ЗАВРШИ ПОТРАГАТА ПО НОВ МЕНАЏЕР НА СТЕМФОРД БРИЏ
Сколари го презема Челзи

Актуелниот селектор на Португалија, Луис Фелипе Сколари идната сезона ќе биде менаџер на англискиот и европски вицешампион Челзи. Иако самиот бразилски стручњак изјавуваше дека нема да донесе конечна одлука и да дава официјални коментари до завршувањето на Европското првенство во Австрија и Швајцарија, за тоа се погрижи неговиот нов работодавач кој во четвртокот рано наутро ја соопшти веста.

“Фудбалскиот клуб Челзи со задоволство потврдува дека Луис Фелипе Сколари од 1 јуни ќе биде нов тренер на екипата. Поради респект кон неговата моментална функција и за да не му ја попречуваме работата на Европското првенство, нема да има други коментари од страна на клубот”, пишуваше на официјалната интернет-страница на Челзи.

На клупата на лондонскиот клуб Сколари ќе го замени Аврам Грант, кој мораше да го напушти Стемфорд Бриџ на крајот од сезоната откако заврши на второто место во Премиер-лигата и загуби во финалето од Лигата на шампионите, не успевајќи притоа да освои трофеј ниту во другите натпреварувања. Сколари е искусен стручњак кој досега, сепак, не работел во клубови од Европа. Најголемиот успех го постигна во 2002 година кога како селектор на Бразил ја освои петтата светска титула на “кариоките”, а пред четири години со Португалија на Европското првенство стигна до второто место што е најголем успех во историјата на оваа репрезентација.

Веднаш по доаѓањето Бразилецот му даде на Роман Абрамович листа на фудбалери кои сака да ги добие како засилувања за идната сезона. На неа се наоѓаат Кака, Фернандо Торес, Франк Рибери и Робињо, но како што стојат сега работите, може да го добие само Деко од Барселона.

Како замена за Сколари на клупата на португалската репрезентација се спомнува името на актуелниот помошник на Алекс Фергусон, Карлос Квеироз.


Наjновo од Спорт
Сколари го презема Челзи
Кварезма: Потпишав за голем клуб
Буфон го остави во игра светскиот првак
Момент на вистината, за цела генерација!
Холандија го демолираше и светскиот вицешампион
Мозли не сака состанок со Берни, Рон Денис мисли на нова серија
РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРО КОЛО
Алонсо од следната сезона во дресот на “Старата дама”
Вастич ја извлече Австрија во судиското продолжение
Хрватски триумф над Германија
Доколку Турција и Чешка одиграат нерешено ќе одлучуваат пенали
Попов четири години во Херенвен!
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи