вторник, 17.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

СЕЛЕКЦИЈАТА НА ЈОАКИМ ЛЕВ УШТЕ ЕДНАШ ТЕШКО СТИГНА ДО ТРИТЕ БОДА
Заврши проклетството за Германија

АВСТРИЈА - ГЕРМАНИЈА 0:1 (0:0)

Стрелец: Балак 49' (Г)
Стадион: Ернст Хапел во Виена. Гледачи: 51.000
Главен судија: Мануел Мехуто Гонзалес од Шпанија
Жолти картони: Штранцл, Иваншиц, Хофер (А)

АВСТРИЈА

21. Махо
14. Гарич
3. Штранцл
17. Хиден
(55' - 8. Лајтгеб)
4. Погатец
20. Харник
(67' - Кинаст)
6. Ауфхаузер
(63' - 19. Заумел)
10. Иваншиц
5. Фукс
11. Коркмаз
22 Хофер

ГЕРМАНИЈА

1. Леман
3. Фридрих
17. Мертесакер
21. Мецелдер
16. Лам
4. Фриц
8. Фрингс
13. Балак
20. Подолски
(83' - 10. Нојвил)
9. Гомез
(60' - 15. Хицлшпергер)
11. Клосе


Репрезентацијата на Германија ќе игра со Португалија во првото четврт-финале на Европското првенство во четврток на Сент Јакоб Парк во Базел. Трикратниот европски првак вчера со големи маки го совлада ко-домаќинот на овој шампионат, Австрија и обезбеди пласман меѓу осумте најдобри, прв пат по пауза од 12 години. Во исклучително неинтересниот натпревар, за одбележување беше само моментот во 49. минута кога капитенот на Германците, Михаел Балак го извади од себе сиот свој бес и со удар од околу 35 метри ја “скина” мрежата на голот на Махо.

И покрај победата, Јоаким Лев нема многу причини за задоволство. Напаѓачкиот ред и на вчерашниот натпревар беше далеку од вистинската форма, многу ретко се наоѓаше во шанси, а особено за издвојување е играта на Марио Гомез кој само потврди дека нема место во актуелниот состав на Германија. Најактивен во нападот беше трикратниот досегашен стрелец Лукас Подолски кој два пати се закани во првото полувреме, додека Клосе постојано беше надвор од играта.

Австрија многу претпазливо го почна натпреварот иако беше тимот што мораше да оди на победа. Во првото полувреме речиси не излезе од својата половина, но имаше среќа што ниту противникот не беше опасен. По постигнатиот гол на Балак се отвори и играта, па домашните навивачи можат да жалат што нивните фудбалер барем еднаш не ја затресоа мрежата од голот на Леман. Најблиску до такво нешто беше Хофер, но шутираше непрецизно, додека најдобрата можност за Германија во финишот ја имаше Оливер Нојвил кој можеше да проигра со Клосе, но од преголема желба да постигне гол ја пропушти големата шанса.

ЗАНИМЛИВОСТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ:

*Пред крајот на првото полувреме двајцата селектори, Јоаким Лев и Јозеф Хикерсбергер мораа да го напуштат теренот поради меѓусебната расправија. Ова е прв случај на Европските првенства предводниците на двете селекции предвреме да бидат испратени на трибините.

*Репрезентативецот на Австрија, Мартин Хиден го одигра јубилејниот 50. натпревар во националниот дрес.

*Германија прв пат по 1996 година успеа да ја помине нокаут-фазата. На последните два шампионати трикратниот европски првак беше елиминиран уште во групата. Голот на Балак беше четврти за Германците на ова првенство, еден повеќе отколку што оваа репрезентација постигна вкупно на последните два шампионати.

*Австрија им се приклучи на Белгија и Швајцарија како трет домаќин што е елиминиран во фазата по групи. Воедно, ова е прв шампионат на кој во нокаут-фазата нема да има барем еден домаќин (во 2000 испадна Белгија, но остана Холандија).

*И по 22 години, Австрија се уште нема победа против својот сосед. Последниот триумф Австријците го оствари во 1986 година и тоа во пријателски натпревар.

ИГРАЧ НА НАТПРЕВАРОТ

МИХАЕЛ БАЛАК (Германија)

Германија одигра уште еден потпросечен натпревар, па оттука и многу беше тешко да се одреди кој беше најдобар. Одбраната комплетно потфрли и им дозволи на Австријците да создадат многу шанси, средниот ред и нападот повторно не беа на висина на задачата, па во такви услови Балак ги доби почестите само поради прекрасниот гол од слободен удар со кој ја однесе својата репрезентација во четврт-финалето.


Сродни вести
“Коцкастите” ги затворија домашните обложувалници
Холандија по рекордот на Франција
Првенството за нас е завршено!
Чех ги “почести” Турците
Виља ја однесе Шпанија во 1/4-финалето
Русија со минимална победа го елиминираше европскиот шампион, Грција
Овребо ја призна грешката голот на Лука Тони е регуларен
Буфон го остави во игра светскиот првак
Холандија го демолираше и светскиот вицешампион
РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРО КОЛО
Виља: Третиот гол за Торес
Арда Туран го елиминираше домаќинот
Немам полски пасош, но ја сакам Полска
Светскиот првак нема право на грешка
“Петли” на менито на Холанѓаните
Португалија прва во четврт-финалето
Им снема среќа на Грците
Шпанија "фуриозна" во триумфот над Русија
Ван Бастен: Историска победа
Голот на Ван Нистелрој регуларен
Наjновo од Спорт
Македонија во мундијалски транс
Седлоски: “Страшна” Холандија!!!
Шампионот “тргна” во нови предизвици!!!
Брацо ја однесе и лопатата
Се бара замена за Милевски
Лејкерси се “живи”, серијата назад во Бостон
Не мрдам од Енфилд
Бразил го обележа “мечот на неделата”
Порто доби дозвола за ЛШ
Италија или Франција? Или можеби двете?
Лампард е топ-приоритет за Интер
Хрватска ја совлада Полска
Во БМВ Заубер не веруваат во титули
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи