
|
 |
Спорт / Фудбал
АРГЕНТИНА ЈА ПРЕКИНА ЛОШАТА СЕРИЈА СО “КАРИОКИТЕ” “Гаучосите” ремизираа среде Бразил
По три меча во низа на кои бележеа порази од три голови разлика, селекцијата на Аргентина успеа да остане непоразена во дуелот со големиот ривал Бразил, играјќи 0:0 на гостувањето во Бело Хоризонте, во рамките на квалификацискиот натпревар од јужноамериканската зона за СП. Петкратниот светски првак Бразил настапи без Роналдињо и Кака, но и играта не беше на високо ниво, што предизвика нерасположение кај домашните фанови, кои во второто полувреме побараа селекторот Карлос Дунга да си замине од клупата на националниот тим, а кога го замени Адријано со Луис Фабијано го нарекоа магаре.
“Ова беше лош резултат на домашен терен”, истакна Робињо, кој “ја намести” најизгледната прилика за сино-жолтите, но Баптиста не успеа да реализира.
Од своја страна, Аргентинците одиграа многу покреативно од домаќинот и ги имаа најубавите шанси, преку Круз, Агуеро и Меси, кој во самиот финиш можеше да биде јунак, но пропушти две добри ситуации. Во секој случај, Аргентина го оствари она што го посакуваше, а тоа беше прекин на лошата серија против ривалот.
По овој меч, избраниците на Алфио Базиле останаа на втората позиција, со 11 бодови, два помалку од лидерот Парагвај, додека Бразил е четврти со само девет бодови од шест натпревари. Ова беше трет натпревар оваа година на кој “кариоките” не успеаја да постигнат погодок, а за малку ќе го забележеа и историскиот прв пораз на домашно тло во квалификационен натпревар за пласман на Мундијалите.
РЕЗУЛТАТИ ОД 6. КОЛО
УРУГВАЈ - ПЕРУ 6:0
Форлан 8', 37', 57', Буено 61', 69', Абреу 90'
ЕКВАДОР - КОЛУМБИЈА 0:0
БОЛИВИЈА - ПАРАГВАЈ 4:2
Ботеро 23', 70', Гарсија 26', Мартинс 70' - Круз 66', Валдез 83'
БРАЗИЛ - АРГЕНТИНА 0:0
ВЕНЕЦУЕЛА - ЧИЛЕ играа синоќа
ТАБЕЛА:
1. Парагвај 6 4 1 1 13:5 13
2. Аргентина 6 3 2 1 9:3 11
3. Колумбија 6 2 4 0 4:2 10
4. Бразил 6 2 3 1 8:4 9
5. Уругвај 6 2 2 2 15:6 5
6. Венецуела 5 2 1 2 7:7 7
7. Чиле 5 2 1 2 6:7 7
8. Еквадор 6 1 2 3 7:13 5
9. Боливија 6 1 1 4 7:17 4
10. Перу 6 0 3 3 3:15 3
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|