петок, 20.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

ПОВТОРНО ШПЕКУЛАЦИИ ЗА ИДНИНАТА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ СЕЛЕКТОР
Отказ за Донадони при неуспех со Шпанија

Италијанскиот интернет-портал Тутоспорт тврди дека актуелниот селектор на “аѕурите”, Роберто Донадони, ќе остане на својата позиција само ако в недела ја совлада Шпанија во рамките на четвртфиналето од Европското првенство. По првото коло од фазата по групи и тешкиот пораз од Холандија со 3:0, не изгледаше дека Италијанците ќе се пласираат меѓу осумте најдобри, но со ремито против Романија и победата против Франција ги свртеа работите во своја корист. Сега, во четвртфиналето ги очекува една од трите репрезентации кои во досегашниот дел од првенството имаа максимален ефект, Шпанија.

Непосредно пред почетокот на овој шампионат Роберто Донадони го продолжи својот договор со Фудбалската федерација на Италија до 2010 година, но во него има клаузула дека е можно да се раскине во случај на неуспех во Австрија и Швајцарија. Токму затоа речиси сите италијански медиуми во пресрет на дуелот на клучниот дуел против Франција во вторникот беа преплавени со наслови дека ова е последниот натпревар на Донадони на клупата на Италија, сметајќи дека “аѕурите” ќе загубат или, во краен случај Романија ќе ја победи Холандија во мечот кој за “лалињата” немаше никакво резултатско значење. Тоа не се случи, па Донадони барем на уште еден натпревар ќе ја води Италија.

Тутоспорт наведува дека во случај на пораз од Шпанија во недела, поранешниот ас на Милан сигурно ќе го напушти кормилото на националниот тим, а како негов наследник повторно се спомнува името на претходникот, Марчело Липи.

***

Заврши првенството за Барѕаљи

Централниот дефанзивец на италијанската репрезентација, Андреа Барѕаљи нема да се врати во тимот до крајот на Европското првенство поради повреда. Новото засилување на Волфсбург го повреди менискусот на левото колено за време на вчерашниот тренинг и наскоро се очекува да биде опериран во Виена.

Ова е уште еден во серијата проблеми за Донадони на овој шампионат откако пред неговиот почеток остана без капитенот и стандарден првотимец во последната деценија, Фабио Канаваро на чие место беше повикан Алесандро Гамберини.

“Шпанците” на помош

Фудбалерите кои дел од својата кариера поминале во Шпанија ќе му бидат од голема помош на селекторот Роберто Донадони на четвртфиналниот дуел против “фуријата” в недела. Тоа пред се се однесува на Џанлука Ѕамброта, кој недамна ја напушти Барселона и се пресели во Милан, потоа голманот на Севиља, Морган де Санктис, поранешните фудбалери на Реал, Антонио Касано и Кристијан Панучи и сегашниот Фабио Канаваро.

“Ги познавам шпанските фудбалери доста добро, веќе му пратив смс-порака на Касиљас, но не ми врати. Јасно е дека се силни, можеби и поквалитетни колективно од нас, но ние не се предаваме”, рече Канаваро.

Иако Шпанија ја победи Италија на последниот меѓусебен дуел одигран на 26 март годинава во Елче со 1:0, “фуријата” нема триумф над својот следен противник на големо натпреварување освен на Олимписките игри каде настапуваат фудбалери до 23 години.

ДАНИЕЛЕ ДЕ РОСИ

Верував во Холанѓаните

Неуморниот играч за врска на Рома, Даниеле де Роси го постигна вториот гол на дуелот со Франција, но призна дека Италија среќно се пласирала во четвртфиналето. Со оглед на тоа што Гатусо и Пирло се повредени, се очекува тој заедно со соиграчот од Рома, Алберто Аквилани и Алесандро дел Пјеро да преземат голем дел од одговорноста во недела.

“Освен тој среќен гол бидејќи Анри го смени правецот на топката, можам да бидам задоволен од играта. Многумина не отпишаа и рекоа дека немаме шанси за четвртфиналето, но им докажавме на сите дека не е така. Никогаш не се посомневав дека Холандија ќе го одработи својот дел од работата”, изјави најдобриот играч од натпреварот со Франција.




Наjновo од Спорт
Отказ за Донадони при неуспех со Шпанија
“Гаучосите” ремизираа среде Бразил
“Панцирите” непробојни за Португалија
Холанѓани го преземаат шампионот!!!
Бостонски масакр за Лејкерс
Мурињо се нудел да биде тренер на Барселона
Фудбалерите на Гус Хидинк се надминаа себеси
“Аѕурите” повторно на среќен начин ја поминаа групата
Тешко ми е да го следам првенството
Германците мислат само на девојките
Без нови засилувања
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи