петок, 20.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

КОРМИЛАРОТ НА ИНТЕР ИМА ТРИ ЖЕЛБИ
Мурињо ги сака Деко, Лампард и Дрогба во “сино-црниот” дрес

Новиот шеф на стручниот штаб на Интер, Португалецот Жозе Мурињо истакна дека има голема желба во своите редови во Милано да види тројца поранешни негови фудбалери. Станува збор за Бразилецот Деко, со кого во Порто станаа европски шампиони, а кој во моментов се уште е член ан Барселона и има понуда од Челзи каде би работел со својот репрезентативен стратег Сколари. И останатите две имиња се поврзани со клубот од Стемфорд Бриџ, бидејќи станува збор за репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска, Дидие Дрогба и Англичанецот Френк Лампард, фудбалери со кои развил најдобар однос за време на неговото тренирање на лондонските сини.

“Не сум носталгична личност, но многу ги сакам тројцата фудбалери кои ми помогнаа да ги остварам моите најголеми успеси во кариерата. Тоа не можам да им го заборавам и би сакал повторно да соработувам со нив, вели Мурињо и додава дека смета дека е способен да му помогне на Адријано да се врати во поранешната форма.

“Адријано е одличен фудбалер. Млад е и има доволно време да го надокнади загубеното време. Се надевам дека извлекол поуки од минатото и дека има доволно волја за тешка и напорна работа, додава Португалецот.


Наjновo од Спорт
Мурињо ги сака Деко, Лампард и Дрогба во “сино-црниот” дрес
Маса подготвен за битка во Мањи-Кур
Отказ за Донадони при неуспех со Шпанија
“Гаучосите” ремизираа среде Бразил
“Панцирите” непробојни за Португалија
Холанѓани го преземаат шампионот!!!
Бостонски масакр за Лејкерс
Мурињо се нудел да биде тренер на Барселона
Фудбалерите на Гус Хидинк се надминаа себеси
“Аѕурите” повторно на среќен начин ја поминаа групата
Тешко ми е да го следам првенството
Германците мислат само на девојките
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи