петок, 20.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

ПО ИЗВЕСНОТО ИТНО РАЗДЕЛУВАЊЕ НА ДВАТА КЛУБА ОД “ГРАДСКИ” НОВИТЕ ФИНАНСИЕРИ НА “ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ” КОНЦЕНТРИРАНИ ЕДИНСТВЕНО КОН НОВАТА СЕЗОНА
Коки: “Мислите само кон Вардар”

“Нашето официјално излегување од Работнички, кое треба да се случи деновиве, ќе значи дека од тој момент ние приказната ја насочуваме само кон Вардар и што поуспешна подготовка на клубот за претстојната домашна сезона”, вели Костовски

Новите финансиери на најтрофејниот македонски клуб, по сè поизвесното итно разделување со својот довчерашен клуб Работнички К, од почетокот на следната недела и дефинитивно комплетно својата концентрација ја насочуваат единствено кон Вардар.

Сè уште актуелниот потпретседател на Работнички К, барем до официјализирањето на разделбата деновиве, Коста Костовски, ја потврдува намерата на својата компанија која изминативе години ги финансираше “романтичарите” и пред нивниот европски настап целосно да го остави својот досегашен клуб во рацете на нов спонзор.

“Без желба за удвојување во информациите може само да ги потврдам комплетно изјавите на актуелниот претседател на Работнички, Драган Поповски околу најавите за раздвојување на двата клуба и пред настапот во квалификациите за ЛШ”, ни изјави вчера Костовски.

“Јасно е дека нашата идна интенција е нов, голем, европски Вардар. Тоа е намерата уште од првиот момент на преземање на клубот, меѓутоа ете моралните обврски низ првичните размислувања ни наметнуваа сепак да не го оставиме на цедило довчерашниот клуб за европскиот настап. Сега, согласно произлезените нови варијанти околу иднината на Работнички се очекува многу брзо, деновиве, да дојде до наше официјално напуштање на клубот”, дополнува Костовски, притоа потенцирајќи дека од тој момент комплетниот потенцијал на групацијата “Гофи” која го презеде раководењето со “црвено-црните” ќе биде насочен кон што поуспешна подготовка на Вардар за претстојната сезона во која по неколку години пауза конечно вистински ќе се атакува на двојната круна.

“Официјалното излегување од Работнички кое треба да се случи деновиве ќе значи дека од тој момент ние приказната ја насочуваме единствено кон Вардар. Во тој случај воопшто веќе нема да нè интересира настапот во квалификациите од Лигата на европските шампиони, и фудбалерите на Вардар под раководство на Ратко Достаниќ ќе се подготвуваат единствено за поуспешен настап уште од првото коло во домашното првенство”, истакнува новиот финансиер на “вардарци”.

А, “вардарци” од 23 јуни го најавија своето заминување на Златибор каде, според првичните најави, во перидот до 5 јули треба да одиграат и три пријателски натпревари.

“На Златибор Вардар ќе се подготвува единствено со мислите за новата натпреварувачка сезона во македонското првенство. Останува соработката со фудбалерите кои и првично беа истакнати дека ќе бидат во вардаровите редови за престојниот шампионат и секако новите засилувања. Имаме повеќе од доволен период од шест недела за што поуспешно воигрување на новиот тим и секако остварување на шампионските амбиции”, вели Коста Костовски.

В.Булатовиќ


***
Две до три позајмици за Работнички во ЛШ

Што се однесува до најавената помош која нашиот претставник во квалификациите од Лигата на шампионите би ја добил од Вардар, според новиот договор, по разделбата на двата клуба се очекува единствено два до три фудбалери, согласно неопходноста, да бидат на позајмица меѓу “романтичарите”.

“Да, двајца до тројца фудбалери од Вардар најверојатно ќе бидат отстапени за Лигата на шампионите додека сите останати Достаниќ ќе ги има на располагање во подготовките за августовскиот старт на првенството”, вели Коста Костовски.


МЛАДИНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ СО ДОПОЛНИТЕЛНА СВЕЖИНА ГО ОЧЕКУВА НОВОТО ПРВЕНСТВО

Пеев: “Ова е нешто ново”

Само пет фудбалери од минатогодишниот вардаров состав се приклучени во тренажниот процес кој го води новиот шеф на стручниот штаб, Ратко Достаниќ, за претстојната сезона, и дефинитивно меѓу нив останува главнината од компаративната вистина за минатото и иднината на клубот.

И младинскиот репрезентативец Оливер Пеев по првите денови тренинг, како што вели, веќе може да каже дека дефинитивно очекува далеку поуспешна иднина на клубот во однос на претходните години.

“Ние кои изминатиов период бевме во Вардар најдобро може да ја почувствуваме разликата од досегашното функционирање и новиот почеток на клубот. Иако е сè уште рано веќе и од првите четири дена може да се каже дека конечно Вардар доби нешто ново, со очигледна намера за конечна вистинска професионализација како и што му доликува на нашиот најпознат клуб”, вели Пеев притоа дополнувајќи:

“За мене е очигледна разликата од сликата на Вардар од претходните години. Се надевам дека и ние помладите фудбалери во клубот, како што и ни беше ветено, ќе добиеме далеку подобри услови за нашиот фудбалски развој и секако да се израдуваме на шампионската титула. Вардар е веќе желен за трофеи”.




Наjновo од Спорт
Грците си заминаа, кој на нивното место?
Коки: “Мислите само кон Вардар”
Келн и Хофенхајм во “битка” за Васоски
Мурињо ги сака Деко, Лампард и Дрогба во “сино-црниот” дрес
Маса подготвен за битка во Мањи-Кур
Отказ за Донадони при неуспех со Шпанија
“Гаучосите” ремизираа среде Бразил
“Панцирите” непробојни за Португалија
Холанѓани го преземаат шампионот!!!
Мурињо се нудел да биде тренер на Барселона
Фудбалерите на Гус Хидинк се надминаа себеси
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи