петок, 20.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

УШТЕ ДЕСЕТ ДЕНА И ОСУМ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ НА ЕВРО 2008
Грците си заминаа, кој на нивното место?

На десет дена пред крајот на Европското првенство учесниците се намалија за половина. Од 16 репрезентации кои ја почнаа трката на 7 јуни, сега останаа само осум. Синоќа беше првата четвртфинална битка меѓу Португалија и Германија. Засега е јасно само дека актуелниот европски првак Грција нема да може да ја одбрани титулата откако испадна уште во групата. До денот кога ќе го добиеме наследникот (заедно со синоќешниот) останаа уште седум натпревари, нешто пред полноќ на 29 јуни, Европа ќе го добие својот нов фудбалски владетел.

ПОРТУГАЛИЈА

Четата на Луис Фелипе Сколари покажа одлична техника, импровизација и самоувереност. Голманот Рикардо, дефанзивецот Карваљо и Кристијано Роналдо потврдија дека на никого не мислат да му се предадат и дека никому нема да му биде лесно. Новата надеж на португалскиот фудбал, Жоао Мутињо исто така не е за потценување. Страста и техниката на актуелниот европски вицешампион ја ставаат селекцијата на Сколари меѓу најголемите фаворити за титулата.



ХРВАТСКА



Триумфот на Славен Билиќ потврди дека успехот на Вембли во последното коло од квалификациите не бил случајност. Со убав фудбал за око и големо срце “коцкастите” ги освоија максималните девет бода во групата, а ја поразија и Германија, која пред почетокот беше меѓу фаворитите за првото место. Против Турција нашите поранешни “браќа” ќе имаат можност да го обезбедат првото европско полуфиналето, а Славен Билиќ веќе кажа дека оваа генерација има сили да го повтори успехот од 1998 година.



ХОЛАНДИЈА



Традиционалната фудбалска сила ги изненади сите со беспоштедната игра и надмоќта во најсилната група на првенството. Убедливите триумфи над финалистите од последниот Мундијал, Италија и Франција и победата против Романија со “вториот” состав во последното коло ја направи Холандија најголем фаворит за првото место во групата. Едвин ван дер Сар иако 37-годишен се наоѓа во фантастична форма, одбраната покажа голема стабилност со тоа што прими само еден гол, па и тој беше од офсајд, а најдобрата карактеристика на “лалињата” е офанзивниот фудбал.

Со деветте гола на трите средби тие веќе израмнија еден рекорд на Франција од 1984 година и сега ќе тргнат по вториот, максимален број победи на првенството.



ШПАНИЈА



Фаворитот за титулата во својата група ги оправда очекувањата, како и Холандија и Хрватска освои максимален број бодови досега, постигнувајќи притоа осум гола со што е втора најефикасна репрезентација во досегашниот дел од првенството. Мала слабост покажаа само во дуелот против Шведска, но затоа Русија прими четири “парчиња”, а Грција загуби од “вториот” состав.

Шпанија го дава и првиот стрелец на првенството, Виља веќе постигна четири гола, а Торес покажа дека е способен да ја искористи секоја грешка на противникот. За жал, како и на Мундијалот пред две години, “фуријата” доби незгоден противник во четвртфиналето, Италија, но сега е можноста да ја потврдат својата зрелост.



ТУРЦИЈА



Турците го одиграа најдраматичниот меч досега на првенството, но токму благодарение на победата против Чешка стигнаа до четвртфиналето. Борбеноста што се граничи со фанатичност ги покори сите слабости во составот на Фатих Терим, па по посните години во кои не успеаја да се пласираат на големите натпреварувања, Турција повторно има можност да го повтори успехот од Мундијалот во 2002 година кога беше трета.

Турците веќе ги остварија амбициите, но сега и апетитите пораснаа.



ГЕРМАНИЈА



Фудбалската машина изгледа дека е лошо подмачкана. Трикратните европски прваци добро го почнаа првенството, но мораа да бркаат победа против најслабата репрезентација на шампионатот, Австрија, за да стигнат до четвртфиналето.



ИТАЛИЈА



Светскиот првак повторно се протна низ “иглени уши” во четвртфиналето, но никој не смее да каже дека не го заслужија пласманот меѓу осумте најдобри. Против Холандија прими сомнителен гол, против Романија, Евребо поништи регуларен погодок, па сиот гнев “аѕурите” го искалија врз Франција, која немаше апсолутно ниедна можност за триумф.

Следен противник е Шпанија, но Италија никогаш не смее да се отпише иако во своите редови ќе ги нема Гатусо и Пирло.



РУСИЈА



Гус Хидинк по којзнае којпат потврди дека е одличен тактичар. Откако обезбеди пласман на првенството на сметка на Англија, Холанѓанецот продолжи успешно да го води еден од најголемите “лузери” досега на континенталните шампионати. Русија првпат е во нокаут-фазата и најголемата заслуга за тоа ја има токму Хидинк.

Успеа да стигне до второто место и без одличниот стрелец Павел Погребњак и без Андреј Арашавин, кој ги пропушти првите два меча од групата. Можеби Русија на хартија е аутсајдер во дуелот со Холандија, но Хидинк може да биде среќен што му се падна “неговата” репрезентација. Кого знае подобро ако не Холандија?



НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК



ГРЦИЈА



Четири години откако чудесно стана европски првак Грција влезе во историјата како прв шампион кој го завршил натпреварувањето уште во фазата по групи и тоа без ниеден освоен, со само еден гол. Овој пат среќата им го сврте грбот на нашите јужни соседи, ако во Португалија успеаја да се одбранат и случајно постигнуваа голови, сега немаше такво нешто, на задоволство на сите искрени љубители на фудбалот од светот.

Грците имаа шанса да го поправат впечатокот во последното коло против Шпанија, но примија гол во финишот и си заминаа со наведнати глави.



ЛЕГЕНДА:

Неславен крај на европскиот првак - Грците на тренинг



ЛЕГЕНДА:

Хрватска, најпријатно изненадување на ЕП - Олиќ и Ковач слават



СЕ СУМИРААТ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРВАТА ФАЗА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО



Доминација на второпласираните



Од осумте четвртфиналисти на овогодишното Европско првенство само три го освоија првото место во својата група од квалификациите, додека останатите поминаа како второпласирани. Од нив, само групата “Е”, во која се наоѓаше и Македонија, а од каде на Европското првенство заминаа Русија и Хрватска, даде двајца учесници меѓу осумте најдобри. Хрватска го освои првото место, но во исто време со победата над Англија на Вембли со 3:2 & овозможи на Русија да обезбеди учество на континенталниот фудбалски самит и токму овие две селекции го заслужија епитетот најпријатни изненадувања на шампионатот.

Од второто место во квалификациите влегоа уште три репрезентации кои ги освоија симпатиите на навивачите: Португалија (која заврши зад Полска), Холандија (зад Романија) и Турција (зад Грција). Петтата второпласирана селекција во четвртфиналето беше Германија пред која заврши Чешка.

И Шпанија и Италија, кои победија во своите групи имаа големи проблеми на патот кон Австрија и Швајцарија. “Црвената фурија” по првите три кола имаше два порази, па навивачите се исплашија дека квалификацискиот циклус лошо ќе заврши. Еднакво лошо почна и Италија со нерешениот резултат на домашен терен против Литванија и поразот на гости кај Франција, но старите “волци” сепак се спасија и завршија на чело на својата група.

Всушност, анализирајќи ги сите четвртфиналисти и начинот на кој дојдоа до европскиот шампионат, единствено Хрватска немаше проблеми во квалификациите и во својата група од првенството. “Коцкастите” во текот на целиот циклус беа на првото место во квалификациската група, а и во првите три кола од шампионатот освоија максимални девет бода.

Заедно со Хрватска, максимални досега беа уште Холандија и Шпанија, па ова првенство ќе остане запаметено како прво на кое три репрезентации освоиле по девет бода во групата. Четири селекции освоија по шест бода, но мора да се направи разлика меѓу Португалија на која дуелот во последното коло против Швајцарија не и беше од никакво значење, и Германија, Турција и Русија, кои мораа да ги победат своите противници за да обезбедат пласман во четвртфиналето.

Најслаба од сите осум четвртфиналисти е Италија со само четири бода. Но, на актуелниот светски првак мора да му се оддаде признание бидејќи играше во најтешката група, таканаречената “смртоносна” со три силни противници, а попат мораше да се се бори против судиските неправди, повредата на Фабио Канаваро, “пензионирањето” на дел од клучните фудбалери како Тоти и Неста и несогласувањата на релација стручен штаб-репрезентација.



ПАТОТ ДО ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

Прваци во група: Хрватска, Шпанија, Италија

Второпласирани: Португалија, Германија, Турција, Холандија, Русија



ТАБЕЛА НА ЧЕТВРТФИНАЛИСТИТЕ:

1. Холандија 3 3 0 0 9:1 9

2. Шпанија 3 3 0 0 8:3 9

3. Хрватска 3 3 0 0 4:1 9

4. Португалија 3 2 0 1 5:3 6

5. Германија 3 2 0 1 4:2 6

6. Турција 3 2 0 1 5:5 6

7. Русија 3 2 0 1 4:4 6

8. Италија 3 1 1 1 3:4 4



Холандија прв фаворит според Вил Хил



Спортската обложувалница Вилијам Хил оцени дека Холандија е најголем фаворит за освојување на шампионската титула на Европското првенство во Австрија и Швајцарија. Репрезентацијата предводена од Марко ван Бастен ги оствари сите три победи во својата “група на смртта”, па светски познатата обложувалница ги окарактеризира како големи претенденти за трофејот што би бил втор во нивната фудбалска историја.

Коефициентот на “лалињата” пред почетокот на четвртфиналните средби изнесуваше 3,5, додека најмали шанси и се даваа на Турција, 25.



КОЕФИЦИЕНТИ

Холандија 3,5

Шпанија 4

Португалија 4,5

Германија 5,5

Италија 5,5

Хрватска 7

Русија 14

Турција 25




Сродни вести
“Панцирите” непробојни за Португалија
Фудбалерите на Гус Хидинк се надминаа себеси
“Аѕурите” повторно на среќен начин ја поминаа групата
Тешко ми е да го следам првенството
Ибрахимовиќ и Аршавин адути за четвртфинале
Кога ќе се налути светскиот првак...
Заврши проклетството за Германија
“Коцкастите” ги затворија домашните обложувалници
Холандија по рекордот на Франција
Првенството за нас е завршено!
Чех ги “почести” Турците
Виља ја однесе Шпанија во 1/4-финалето
Русија со минимална победа го елиминираше европскиот шампион, Грција
Овребо ја призна грешката голот на Лука Тони е регуларен
Буфон го остави во игра светскиот првак
Холандија го демолираше и светскиот вицешампион
РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРО КОЛО
Виља: Третиот гол за Торес
Арда Туран го елиминираше домаќинот
Немам полски пасош, но ја сакам Полска
Наjновo од Спорт
Грците си заминаа, кој на нивното место?
Коки: “Мислите само кон Вардар”
Келн и Хофенхајм во “битка” за Васоски
Мурињо ги сака Деко, Лампард и Дрогба во “сино-црниот” дрес
Маса подготвен за битка во Мањи-Кур
Отказ за Донадони при неуспех со Шпанија
“Гаучосите” ремизираа среде Бразил
“Панцирите” непробојни за Португалија
Холанѓани го преземаат шампионот!!!
Мурињо се нудел да биде тренер на Барселона
Фудбалерите на Гус Хидинк се надминаа себеси
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи