понеделник, 23.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

ЕДЕН ОД НАЈЗДОДЕВНИТЕ НАТПРЕВАРИ НА ЕУРО 2008 ГО ДАДЕ ИМЕТО НА ПОСЛЕДНИОТ ПОЛУФИНАЛИСТ
Шпанија чекаше - и дочека!

Шпанија собори едно големо проклетство во дуелите со четирикратниот светски првак и обезбеди пласман во полуфиналето од Европското првенство во Австрија и Швајцарија. На 22 јуни во минатото, “фуријата” имаше само порази, најголемиот дел од нив многу болни, но дочека да се одмазди за сите фрустрации што ги трпеше од своите противници. На овој датум во 1986 година подобра беше Белгија, во 1996 година Англија, а во 2002 година Јужна Кореја и во сите три дуели Шпанија беше елиминирана на пенали. Освен тоа, на 22 јуни 1930 година, “фуријата” загуби од Италија со 3:2 на пријателски натпревар. Но, од вчера овој датум ќе остане со златни букви запишан во историјата на репрезентативниот фудбал во Шпанија бидејќи по пауза од 24 години оваа селекција ќе игра во едно полуфинале на големи натпреварувања. Сите искрени љубители на фудбалот ќе се согласат дека победата над Италија е сосема заслужена поради пристапот во играта, поголемата иницијативата и желбата за победа бидејќи актуелниот светски првак играше на овој меч за да го одбрани својот гол и ако е можно на пенали да обезбеди учество во следната фаза.

Шпанците малку посериозно си ја сфатија работата за што имаа и причини, мораа да ја оправдаат улогата на фаворити која им беше доделена пред почетокот на натпреварот, но и да докажат дека трите победи во групата не биле случајност. Но, освен иницијативата, во првите 45 минути само еднаш се заканија по голот на Буфон. Тоа се случи во 38. минута кога “фуријата” ја направи можеби најдобрата акција на натпреварот. Торес се проби по левата страна, тргна кон десно и се обиде да шутира од околу 20 метри. Неговиот обид го изблокира Кјелини, но топката дојде до Силва кој од работ на шеснаесетникот не успеа да го погоди голот. Претходно, Италија имаше огромна можност да го отвори резултатот, Касано испрати центаршут од десната страна, Тони шутираше, но Марчена случајно спаси водство на противничката репрезентација. Во 42. минута имаше и еден спорен момент кога Силва беше во акција по десната страна, тргна кон голот, но беше фаулиран од Гросо, Италијанецот веќе и го призна прекршокот, но за Фандел не беше така иако тоа беше добра можност за опасност по голот на Буфон.

И второто полувреме не понуди фудбал за паметење. Освен неколку спорадични закани по двата гола, Буфон и Касиљас главно беа мирни. Најголемата можност за “аѕурите” ја имаа Тони и Каморанези во 61. минута кога противничката одбрана реагираше конфузно, но Касиљас во последен момент не дозволи топката да влезе во голот. Шпанија можеше да го реши прашањето околу победникот на десетина минути пред крајот и тоа во два наврати. Во двата случаи во главна улога беше Маркос Сена. Прво шутираше од далечина, а Буфон без проблеми одбрани, а една минути подоцна повторно испрати опасен удар, Буфон ја прифати топката, но таа му испадна од рацете и за негова среќа заврши во десната статива.

И во продолженијата Италија не отстапи од својата играчка филозофија. Гранитната одбрана не им дозволи на шпанските напаѓачи посериозно да се загрозат, а единствените шанси ги имаа Силва и Виља кои, сепак, не успеаја да го совладаат Буфон. Санти Казорла во 120. минута имаше можност конечно да и донесе победа на својата репрезентација, но иако беше сам шутираше покрај голот.


Две одбрани во пенал-серијата - Касиљас во дуел со Тони


ЗАНИМЛИВОСТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ:

*Иако влезе во полуфиналето, Шпанија и натаму нема победа против Италија во регуларен дел од натпреварот. Последниот триумф во дуелите против Италија на големо натпреварување, Шпанците го забележаа на Олимписките Игри во 1920 година.

*Ова беше трет дуел на Италија и Шпанија на големите натпреварувања. Во 1980 година немаше голови, осум години подоцна “аѕурите” победија со 1:0.

*Шпанија ја прекина серијата од девет победи по ред, најдолга серија од 1927 година која тогаш ја прекина Италија. Сепак, овој нерешен резултат е подраг од сите претходни победи.

*Италија не успеа да ја продолжи традицијата актуелниот светски првак од Европа на следното Европско првенство да стигне барем до финалето. Германија во 1992 година заврши како второпласирана, а Франција во 2000 ја освои европската круна.

*Алесандро дел Пјеро го израмни рекордот на италијанската репрезентација што досега го држеше Паоло Малдини од 13 одиграни натпревари на Европските првенства.

*Ова беше втор натпревар без голови на ова Европско првенство и вкупно 21. во историјата на континенталните шампионати. Од нив, 15 биле во фазата по групи, а ова е шести во делот на елиминации.


ШПАНИЈА - ИТАЛИЈА 4:2 (0:0; 0:0)

Стадион: Ернст Хапел во Виена. Гледачи: 48.000

Главен судија: Херберт Фандел од Германија

Жолти картони: Иниеста, Виља, Казорла (Ш) - Амброзини (И)

ШПАНИЈА

1. Касиљас

15. Рамос

4. Марчена

5. Пујол

11. Капдевиља

6. Иниеста

(59' - 12. - Казорла)

19. Сена

8. Чави

(60' - 10. Фабрегас)

21. Силва

7. Виља

9. Торес

(85' - 17. Гуиза)

ИТАЛИЈА

1. Буфон

19. Ѕамброта

2. Панучи

4. Кјелини

3. Гросо

22. Аквилани

(108' - 7. Дел Пјеро)

10. Де Роси

13. Амброзини

20. Перота

(58' - 16. Каморанези)

9. Тони

18. Касано

(74' - 11. Ди Натале)


ПЕНАЛИ:

Виља + + Гросо

Казорла + - Де Роси

Сена + + Каморанези

Гуиза - - Ди Натале

Фабрегас +


ИГРАЧ НА НАТПРЕВАРОТ

ЏОРЏО КЈЕЛИНИ (Италија)

Вообичаено е кај италијанската репрезентација, особено на вакви натпревари, најдобри да бидат дефанзивните фудбалери, па тоа не беше исклучок ниту вчера. Последната одбранбена линија одлично си ја заврши својата работа, но во прв план беше фудбалерот на Јувентус, Џорџо Кјелини кој потполно го неутрализираше Фернандо Торес, па дури и го доведе до фрустрација најдобриот стрелец на Ливерпул за минатата сезона.




Наjновo од Спорт
Бабунски е новиот тим - менаџер на шампионот!!!
Тажен крај на големиот човек
Кими му ја “даде” победата на Маса
Шпанија чекаше - и дочека!
Елиминирана и Холандија, Русија полуфиналист
Виеира и Евра се тепале по мечот со Холандија
“Фуријата” удира на светскиот првак
Русија подготвува одмазда за финалето '88
Среќата има ново име - Турција!
Грците си заминаа, кој на нивното место?
Коки: “Мислите само кон Вардар”
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи