
|
 |
Спорт / Фудбал
ЕДЕН ДОБАР НАТПРЕВАР И ГЕРМАНЕЦОТ СТАНА НАЈПОСАКУВАН ФУДБАЛЕР ВО ЕВРОПА Арсенал и Милан по Швајнштајгер
Одличната игра на дуелот против Португалија минатиот четврток направи од Бастијан Швајнштајгер, еден од најбараните фудбалери во моментов во Европа. Фудбалерот на Баерн Минхен речиси сам ги победи “евро-Бразилците” со тоа што постигна еден, а асистираше при постигнувањето на два погодоци за својата селекција во триумфот од 3:2, па по него тргнаа неколку врвни клубови од Стариот континент.
Први и засега најконкретни се седумкратниот европски првак Милан и актуелниот англиски вицешампион Челзи, чиј нов менаџер Луис Фелипе Сколари го посочи Швајни како топ-приоритет за летниот преоден рок. Швајнштајгер уште одамна изјави дека има голема желба да настапува во Премиер-лигата на Англија, за него во еден период беше заинтересиран и Арсенал, но до трансфер с$ уште не дошло, најмногу поради тоа што фудбалерот е релативно млад, има само 23 години, а и е врзан со договор со Баерн. Сепак, со доаѓањето на Франк Рибери на Алијанц арената минатото лето и Швајнштајгер го загуби местото во стартната постава, па неколкупати во текот на сезоната тој се закани дека ќе си замине. На Челзи очајно им е потребно освежување во средниот ред по слабата сезона на Шон Рајт-Филипс и Флорен Малуда, а неофицијално Сколари за Швајнштајгер е подготвен да плати околу 15 милиони фунти.
“Премиер-лигата е најсилна во Европа и отсекогаш сум сакал да играм таму. Ќе видиме што ќе се случува летово”, изјави “седумката” на германската репрезентација.
Во исто време во трката за еден од најперспективните германски фудбалери се вклучи и Милан, кој ја разгледува можноста наскоро да испрати официјална понуда за трансфер. “Росонерите” одат и подалеку од Челзи бидејќи нудат 17 милиони фунти во обидот да дојдат до потписот на Швајнштајгер. Сепак, дали Милан ќе остане до крај во трката за Германецот зависи и од тоа што ќе се случува со Емануел Адебајор за кого исто така постои интерес.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|