среда, 25.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

НА “СТ. ЈАКОБ ПАРК”, ГЕРМАНИЈА И ТУРЦИЈА ВО ПРВАТА ПОЛУФИНАЛНА БИТКА НА ЕП 2008
“Панцирите” го напаѓаат десеткуваниот Император

Германија по ЕП 1996 година е на пат да се најде повторно во самата завршница на европските првенства. Вечерва, на стадионот во Базел, избраниците на Јоахим Лев во директна битка со Турција ќе се борат за ново европско финале. Лев и неговите момци пред себе ја имаат за нив во последно време страшно незгодната Турција, против која “панцирите” немаат победа цели 16 години. Последен пат Германците славеле против турската селекција во далечната 1992 година на пријателски меч и тоа со минимални 1:0. Потоа следуваа две минимални победи на Турците и еден нерешен резултат.

Германците, сепак, и покрај лошата историја на последните средби со својот полуфинален ривал, убедени се дека ќе направат добар резултат и пласман во големото финале. “Златната резерва” на Турција, Семих Шентурк, пак, е подготвен да ја преземе одговорноста на играта во нападот и да го предводи тимот на патот до финалето. Голгетерот двапати досега се најде во игра, но влегуваше од клупата и во двата случаи успеа да постигне решавачки погодоци, особено оној на дуелот во четвртфиналето со Хрватска, по кој следуваа пеналите кои Турција ја однесоа во ова полуфинале.

Со оглед на проблемите кои ги има Терим околу составувањето на најдобриот тим, речиси и нема сомнеж дека Шентурк ќе биде во првиот избор на турскиот селектор.

“Не мислам дека играв лошо во средбите каде бев стартер уште од првата минута. Можеби е мал куриозитет, но досега бев ефикасен кога влегував од клупата. Како и секој фудбалер, така и јас сакам на оваа средба да бидам во првиот тим и да се обидам да постигнам гол за да ја однесеме Турција во големото финале. Никогаш нема да го заборавам мечот со Хрватска. Голот кој го постигнав за мене беше вистинско чудо. Нашиот тренер се однесува со нас како да ни е татко. Секогаш ми вели играј фудбал, јас знам дека можеш. Тоа дополнително ме мотивира”, изјави Шентурк.

За разлика од Турците, кои имаат многу проблеми со првиот избор, особено по суспензиите на Волкан Демирел, Арда Туран, Тунчај и Сариоглу, Германците, најверојатно, со сите сили ќе нападнат во ова полуфинале. Во тимот се враќа и повредениот Торстен Фрингс, кој не можеше да го одигра дуелот од четвртфиналето со Португалците.

“Задоволен сум од сите 23 фудбалери кои тренираа денес, сите се подготвени за игра. Торстен тренира сосера нормално, иако има мал бандаж на местото каде чувствува мала болка. Мислам дека според сегашната состојба, тој ќе може да игра”, изјави селекторот на Германија, Лев.

Ако се врати Фрингс во првиот тим, Лев, најаверојатно, ќе ја врати и старата концепција во играта. Фрингс и Балак по средината, а Подолски, Гомез и Клосе во нападот. Можно е да остане Гомез на клупата, а Подолски да тргне како и со Португалија во напаѓачкиот ред. На местото по левата страна може да се појави Боровски или Швајнштајгер.

Оптимизмот кај турските репрезентативци го сподели со јавноста и Казим Ричардс. И тој мора да биде во првиот избор на Терим за денешниот меч, но и далеку повеќе да покаже од она светло во кое го видовме досега на првенството.

“В среда се е можно. Германија е фаворит, но ние покажавме дека не се предаваме лесно на ситу еден меч и со ситу еден противник. Ќе биде многу тешко, но и тоа не нè плаши”, изјави Казим Казим.

Во Турција расте напнатоста пред дуелот. Во Германија фановите ги откажаа своите вечерни обврски само за да бидат присутни на средбата. Сите со нетрпение го чекаат вечерниот дуел од кој ќе го дознаеме првиот финалист на 13. европско првенство.



Лев: Со Турците живееме заедно, нема потреба од инциденти

Селекторот на германската репрезнетација, Јоахим Лев, изјави дека с$ уште го има во одлично сеќавање неговиот живот и работа додека беше во Турција како тренер на екипата на Фенербахче. Лев беше предводник на прославениот турски тим од 1998 до 1999 година, а две години подоцна неколку месеци работеше и како тренер во екипата на Аданаспор.

“Животот во Турција и работата како тренер во Фенербахче оставија силни впечатоци во мене. Животот од тој период е нешто што можеби и најубаво сум го поминал. Тогаш мислам дека најдобро научив како е човек да се идентификува со еден клуб”.

Лев вели дека имаат големо пријателство со Турците и се надева дека и пред и за време, но и по мечот нема да има нереди во Германија и во Швајцарија.

“Се сеќавам на топлината со која бев пречекан од турскиот народ. Искрено се надевам дека средбата ќе мине без провокации меѓу навивачите. Живееме заедно во Германија и се надевам дека сè ќе биде мирно. Ова е фудбал. Ги познавам добро Турците. Тие се голем народ”, изјавил Лев.

Нови 80.000 фанови се чекаат во Базел

Властите на швајцарскиот град каде денеска ќе биде срцето на европскиот фудбал очекуваат бројка од околу 80.000 фанови на Германија и Турција кои специјално ќе пристигнат за оваа средба. Според проценките околу 50.000 Германци најавиле доаѓање во градот, како и бројка од околу 20 до 30.000 Турци.

Ако се споредуваат бројките од овој и минатиот меч кој се одигра во овој град (Холанија – Русија), сега ќе има околу 100.000 фанови помалку. За дуелот на “Зборнајата” и “лалињата” Базел пречека бројка од 180.000 навивачи.

Укината 3-та смена во германските фабрики

Неколку големи германски компании решија да ја укинат тратата смена денеска за да може работниците да отидат дома и да го гледаат дуелот со Турција во полуфиналето на ЕП. Според извештаите на германските весници, загубените часови работа ќе бидат одработени дополнително. Во Германија владее огромен интерес за оваа средба. Само пред Бранденбуршката порта на големи видеобимови околу 500.000 фанови ќе го следат мечот во живо.


КОМПАРАТИВНА СТАТИСТИКА

Лукас Подолски Семих Шентурк

3 голови 2

8 шутеви 4

4 шут. во гол 2

2 шут. крај гол 1

2 блокирани шут. 1

4 корнери 0

0 офсајди 2

0 асистенции 0

8 фаули (направени) 5

7 фаули (претрпени) 2

0 ж. картон 0

0 ц. картон 0

142 додавања 32

42 куси додавања 11

78 средни додавања 19

22 долги додавања 2

4 контранапади 1

74% успешни додавања 59%



ПОЛУФИНАЛЕ:

ГЕРМАНИЈА – ТУРЦИЈА (20:45)

Стадион: Ст. Јакоб Парк во Базел

Судија: Масимо Бусака (Шва)

ГЕРМАНИЈА:

(4-4-2)

1. Леман

3. Фридрих

21. Мецелдер

17. Мертезакер

16. Лам

13. Балак

8. Фрингс

7. Швајнштајгер

15. Хицлшпревер

20. Подолски

11. Клосе

ТУРЦИЈА:

(4-4-2)

1. Рушту

4. Зан

22. Алтинтоп

3. Балта

16. Борал

7. Аурелио

19. Ајхан

10. Карадениз

6. Топал

18. Казим Казим

9. Шентурк



МЕЃУСЕБЕН БИЛАНС:

Победи Германија: 11

Победи Турција: 3

Нерешени: 3

Голови Германија: 40

Голови Турција: 10



ПОСЛЕДНИ 10 МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ:

08.10.2005 Турција – Германија 2:1

09.10.1999 Германија – Турција 0:0

10.10.1998 Турција – Германија 1:0

30.05.1992 Германија – Турција 1:0

26.10.1983 Германија – Турција 5:1

23.04.1983 Турција – Германија 0:3

22.12.1979 Германија – Турција 2:0

01.04.1979 Турција – Германија 0:0

20.12.1975 Турција – Германија 0:5

25.04.1971 Турција – Германија 0:3





ПОСЛЕДНИ ТРИ СРЕДБИ:

ГЕРМАНИЈА:

19.06.08 Португалија – Германија 2:3

16.06.08 Австрија – Германија 0:1

12.06.08 Хрватска – Германија 2:1

ТУРЦИЈА:

20.06.08 Хрватска – Турција 1:1 (1:3 п.)

15.06.08 Турција - Чешка 3:2

11.06.08 Швајцарија – Турција 1:2



ТИМСКИ ФАКТИ:

ГЕРМАНИЈА:

Биланс на ЕП: 18-10-8

Наголем пораз на ЕП: Португалија – Германија 3:0 (2000)

Најголема победа на ЕП: Германија – Русија 3:0 (1996)

Најдобар стрелец на ЕП: Јирген Клинсман - 5

Најмногу настапи на ЕП: Клинсман и Хеслер по 13

ТУРЦИЈА:

Биланс на ЕП: 3-2-6

Наголем пораз на ЕП: Турција – Данска 3:0 (1996)

Најголема победа на ЕП: Турција – Белгија 2:0 (2000)

Најдобар стрелец на ЕП: Четворица по 2 гола

Најмногу настапи на ЕП: Рушту - 8



ИНТЕРЕСНО...

* Турција по вторпат се наоѓа во полуфиналето на некое големо фудбалско натпреварување. За првпат момците на Шенол Ѓунеш играа во полуфинале на СП 2002.

* Во квалификациите за ЕП 2000 Турција и Германија играа во иста група. Прво Турците славеа во Бурса со автоголот на Оливер Кан, а на гости одиграа нерешено 0:0.

* Тројца сегашни германски репрезентативци играа во група со Турција на европското првенство за играчи до 19 години во 2004. Гомез, Адлер и Цансен се најдоа во тимот кој ремизираше (1:1) против Турција.

* Пјотр Трочовски е последниот Германец кој постигнал гол во победа над Турција. Во прелиминарната рунда на ЕП за играчи до 19 години во 2002 година, Трочовски погоди за победа од 2:1.

* Кевин Курањи и натаму го очекува својот јубилеен 50-ти меч за Германија. Досега одигра 49.


Наjновo од Спорт
Славковски под наем во Тревизо
“Панцирите” го напаѓаат десеткуваниот Император
Монтоја смета дека формула 1 е “многу досадна”
Виља, Силва и Бери се желбите на Бенитез
Психијатар за хрватските навивачи
Стонер против публиката во Донингтон
Федерер во свој стил, Серена се заканува
Арсенал и Милан по Швајнштајгер
Роден да победува
Росети ќе го суди финалето в недела
Катанец бил интересен и за Кроација Сесвете
Бабунски и официјално на клупата на шампионот
Иди Баба од Гана во нападот на Вардар!
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи