
|
 |
Спорт / Фудбал
СПОРЕД МЕДИУМИТЕ ВО ИТАЛИЈА Славковски под наем во Тревизо
Горан Славковски, големиот талент на Интер во следната сезона ќе го носи дресот на Тревизо. Вака јавуваат медиумите од Италија кои почнаа да најавуваат дека Славковски ќе биде првото засилување за Тревизо кој се натпреварува во Серија Б. Тоа е екипата која во минатата сезона во последното коло го осигура опстанокот во лигата.
“Веќе подолго време Тревизи го бара Славковски од Интер. Клубот од Милано е тој што одлучива иако за Горан има голем интерес и од други екипи посебно од Холандија”, изјави Јозо Палац менаџерот на фудбалерот кој во септември ќе дебитира во дресопт на Македонија.
Најавите велат дека одлуката Славковски да оди во Тревизо ја имаат донесено луѓетоод Интер кои не се задоволни од престојот на висоикиот напаѓач во Шефилд Јунајтед каде “новиот Ибрахимовиќ” немаше ниту еден официјален меч во изминатата полусезона.
Интер бара околу 600.000 евра за Славковски доколку некој од клубовите сака да го откупи неговиот договор.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|