Спорт / Фудбал
ВТОРОТО ПОЛУФИНАЛЕ НА ЕП 2008 НОСИ РЕПРИЗА НА ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ ПРЕСМЕТКИ ВО ПРВАТА ФАЗА НА ПРВЕНСТВОТО “Зборнајата” подготвена за враќање на долговите
Катастрофата која ја доживеа рускиот тим на отворањето на ова ЕП и за нив и за Шпанија
е причина повеќе за дополнителна мотивација пред вечерашното полуфинале. Русите знаат дека селекцијата на Шпанија има голем психолошки плус откако веќе еднаш успеа да ги добие и тоа со одлична игра и убедлив резултат, но овој пат Русите посилни за феноменалниот Андреј Аршавин можат да се надеваат на одмазда за големата бламажа.
Одличните игри на последните две средби откако во тимот се врати плејмејкерот на освојувачот на Купот на УЕФА, Русија, е сосема поинаква репрезентација. Волшебникот Хидинк, како што го нарекоа медиумите, подготвува нова тактика како да се сопрат брзите Шпанци, кои на првата средба му создадоа големи главоболки. Русија на оваа средба останува без двајца клучни играчи од првиот тим, особено стоперот Колодин, кој поради жолти картони заедно со Торбински средбата ќе ја гледаат од трибините и ќе се молат за финале во кое би се вратиле во првиот тим. Таков проблем нема Арагонес, кој со цела “војска” ќе јуриша на финалето откако во четвртфиналната пресметка на пенали неговите избраници го елиминираа светскиот шампион Италија.

Интересен е податокот дека селекцијата на Шпанија досега никогаш нема загубено и претрпено елиминација во полуфиналната фаза на европските првенства. Според статистиката, тоа може да се очекува и на оваа средба. Само двапати популарните членови на “фуријата” играле во полуфиналето на ЕП (1964 и 1984) и двапати имаат минато во големото финале. Во 1964 ја елиминираа Унгарија (потоа станаа шампиони), додека во 1984 беа подобри од Данска, но загубија во финалето од Франција.
Главна надеж на руските фанови, но и на репрезентативците е добрата форма на Андреј Аршавин и голгетерски расположениот Павличенко.
“Мислам дека Роман беше големо откритие на Русија до овој момент. Тој секогаш игра добро во руското првенство и беше водечки голгетер во Лигата во последните две сезони. Мислам дека брзо стана лидер на тимот и од него сега очекуваме да не понесе до победата и големото финале. На првата средба загубивме поради голем број индивидуални грешки, по што Шпанија направи 2:0. Потоа им беше многу лесно. Е, сега нема да биде така”, изјави категорично капитенот на руската селекција, Сергеј Семак.
Шпанците знаат дека Русија нема да биде само Андреј Аршавин на оваа средба. Хидинк ќе се обиде да ги измами и со улогата која ќе ја добијат останатите во репрезентацијата.
“Русија е многу тежок противник, но ние ќе се обидеме да не ја изневериме нашата публика. Мислам дека ќе играме офанзивно и ќе се обидеме да не ја губиме топката. Со самиот пласман во оваа фаза покажавме дека сме подготвени за најголемиот успех. Досега многу се зборуваше за Аршавин и за неговите квалитети. Но јас мислам дека тој не е единствениот кој вреди во тој колектив. Можеби фудбалерите не им се многу популарни, но играат прекрасно. Би го издвоил одличното крило Жирков, како и Павличенко, кој е одличен напаѓач”, изјави Чави, кој и на оваа средба ќе има задача да ја разбие средината на рускиот тим.
На оваа изјава на Чави свој коментар деновиве имаше и моментно најмногу присутниот член во светскиот спортски печат, Андреј Аршавин.
“Сум играл и многу подобро од она што го прикажав на минатите две средби. Важно е што нашата репрезентација победува. Ќе покажам дека с$ уште не сум го покажал сиот мој потенцијал”, вели полушпицот на руската селекција.
Европа вечерва го чека името на вториот патник во големото финале. На “Ернст Хапел” за само неколку дена ќе падне и одлуката околу новиот европски првак.
Венгер: Шпанија во финалето
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, смета дека Шпанија ќе игра во финалето на ЕП 2008. Французинот е задоволен од играта на неговиот член во составот на “топчиите”, Сеск Фабрегас, за кого верува дека ќе биде главниот херој на “фуријата” во полуфиналето.
“Шпанија ќе создаде многу проблеми во играта на Русија. Мислам дека движењето на двајцата напаѓачи на Арагонес ќе им ја отежни значително играта во одбрана на руските репрезентативци, што е најслабото место во руската селекција”, смета Венгер.
Принцот Фелипе носи среќа
Шпанскиот принц Фелипе и неговата сопруга, принцезата Летисија, ќе бидат дел од публиката на “Ернст Хапел” вечерва. Принцот Фелипе и неговата сопруга го следеа и првиот дуел на овие две селекции на отворањето на ЕП. Нивното присуство и овој пат можеби ќе & донесе среќа на селекцијата на Луис Арагонес.
Шпанскиот крал Хуан Карлос, пак, беше во свечената ложа на четвртфиналниот меч меѓу Италија и Шпанија.
Холанѓаните го бараат Хидинк назад
Приврзаниците на фудбалската игра побараа од Холандската фудбалска федерација да го врати Гус Хидинк на кормилото на репрезентацијата. И покрај тоа што наследникот на Марко Ван Бастен се знаеше од поодамна во името на Берт Ван Марвијк, Холанѓаните бараат Хидинк по ЕП 2008 да дојде на кормилото на селекцијата. Интересен е и фактот што над 50% од холанската јавност ќе навива за Русија на денешниот дуел со Шпанија.

КОМПАРАТИВНА СТАТИСТИКА
Андреј Аршавин Давид Виља
2 голови 4
10 шутеви 11
6 шут. во гол 8
4 шут. крај гол 1
0 блокирани шут. 2
1 корнери 1
1 асистенции 0
2 офсајди 1
3 фаули (направени) 8
7 фаули (претрпени) 6
1 ж. картон 0
0 ц. картон 0
83 додавања 52
22 кратки додавања 18
51 средни додавања 30
10 долги додавања 4
8 контранапади 0
57% успешни додавања 77%
ПОЛУФИНАЛЕ:
РУСИЈА - ШПАНИЈА (20:45)
Стадион: Ернст Хапел во Виена
Судија: Франк Де Блекер (Бел)
РУСИЈА:
(4-1-3-2)
1. Акинфеев
18. Жирков
4. Игнашевич
14. Широков
22. Анјуков
11. Семак
15. Билјалетдинов
20. Семшов
17. Зирјанов
10. Аршавин
19. Павличенко
ШПАНИЈА:
(4-4-2)
1. Касиљас
11. Капдевиља
5. Пујол
4. Марчена
15. Рамос
6. Иниеста
8. Чави
19. Сена
21. Силва
7. Виља
9. Торес
МЕЃУСЕБЕН БИЛАНС:
Победи Русија: 0
Победи Шпанија: 3
Нерешени: 1
Голови Русија: 1
Голови Шпанија: 6
СИТЕ МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ:
23.09.1998 Шпанија - Русија 1:0
12.06.2004 Шпанија - Русија 1:0
27.05.2006 Шпанија - Русија 0:0
10.06.2008 Шпанија - Русија 4:1
ПОСЛЕДНИ ТРИ СРЕДБИ:
РУСИЈА:
21.06.08 Русија - Холандија 1:1 (3:1)
18.06.08 Русија - Шведска 2:0
14.06.08 Русија - Грција 1:0
ШПАНИЈА:
22.06.08 Шпанија - Италија 0:0
18.06.08 Шпанија - Грција 2:1
14.06.08 Шпанија - Шведска 2:1
ТИМСКИ ФАКТИ:
РУСИЈА:
Биланс на ЕП: 10-6-10
Наголем пораз на ЕП: Шпанија- Русија 4:1 (2008)
Најголема победа на ЕП: СССР - Чехословачка 3:0 (1960)
Најдобар стрелец на ЕП: Павличенко, Понеделник и Иванов по 3
Најмногу настапи на ЕП: Михаличенко - 8
ШПАНИЈА:
Биланс на ЕП: 11-9-8
Наголем пораз на ЕП: Шпанија - Германија 0:2 (1988)
Најголема победа на ЕП: Шпанија- Русија 4:1 (2008)
Најдобар стрелец на ЕП: Давид Виља - 4
Најмногу настапи на ЕП: Рафаел Гордиљо - 10
ИНТЕРЕСНО...
* Поранешниот Советски Сојуз играше дури петпати во полуфиналените средби на ЕП. Ова е само прво полуфинале за Русија.
* Гус Хидинг е човекот кој и подготви голема “каша” на Шпанија на СП 2002 кога успеа да ја елиминира со тогашниот негов национален тим, Ј. Кореја.
* Русија никогаш досега не се нашла во ситуација да изведува пенали за да мине во следна фаза на ЕП.
* Павличенко досега имаше најмногу упатени удари кон противничкиот гол, дури 24.
* Само Филип Лам имаше повеќе додавања на ова ЕП, од Јури Жирков кој имаше досега во просек по 61,5 додавања на натпревар.
Легенда 1: Главна опасност за руската одбрана - Торес во дуел со Широков
Легенда 2: Го погоди шпанскиот гол на првата средба - Роман Павличенко
|