Спорт / Фудбал
ПОЛУФИНАЛЕ: Германија - Турција (1:1)
 ПОЛУФИНАЛЕ:
Германија - Турција (1:1)
Швајнштајгер 27', Клосе 79', Лам 90' - Борал 22' , Шентурк 86'
Стадион: Сент Јакоб Парк во Базел. Гледачи: 50.000
Главен судија: Масимо Бусака од Швајцарија
Жолти картони: Шентурк (Турција)
ГЕРМАНИЈА:
1. Леман
3. Фридрих
21. Мецелдер
17. Мертезакер
16. Лам
13. Балак
6. Ролфс
(46' - 8. Фрингс)
7. Швајнштајгер
15. Хицлшпрегер
20. Подолски
11. Клосе
(90' - 2. Јансен)
ТУРЦИЈА:
1. Рушту
4. Зан
22. Алтинтоп
3. Балта
7. Аурелио
19. Ајхан
(81' - Ердинч)
10. Карадениз
6. Топал
18. Казим Казим
(90' - 11. Метин)
16. Борал
(84' - Карадениз)
9. Шентурк
ТВ преносот во прекин поради гром
Поради удар на гром, во 63. минута од натпреварот дојде до губење на телевизискиот сигнал од Базел за целата планета. Прекинот во емитувањето на програмата траеше околу пет минути, но имаше и репетиција на проблемите, што не им дозволи на гледачите целосно да уживаат во полуфиналето. ЗАНИМЛИВОСТИ:
Ова беше шесто полуфинале за селекцијата на Германија во историјата на турнирите на Стариот континент, а досега победиле во пет наврати, при што единствениот пораз го имаат забележано на ЕП одржано токму во нивната земја, во 1988 година, кога загубија од Холандија.
Германија која во својата група заврши на второто место, има шанси да го повтори она што го остварија претходните европски шампиони, Грција и Франција, кои исто така беа второпласирани во своите групи.
Турција има забележано 16 жолти картони на ова Европско првенство, со што дојде блиску до рекордот кој го држи селекцијата на Чешка, чии фудбалери на пат до финалето против Германија (загуби по продолженија) регистрираа дури 19 картони од тој тип.
35-годишниот турски голман Рушту Речбер е најстариот фудбалер од оваа земја кој настапил на големите приредби (ЕП и СП). Воедно, тој има најмногу настапи за Турција на континенталните самити, вкупно осум, а е и играчот со најмногу натпревари во историјата на Турција, вкупно 117.
Џокдениз Карадениз настапи на својот јубилеен, 50-ти натпревар за турската репрезентација.
Семих Шентурк стана рекордер по бројот на погодоци за Турција на едно ЕП, со вкупно три постигнати.
ИГРАЧ НА МЕЧОТ:
БАСТИЈАН ШВАЈНШТАЈГЕР (Германија)
Јунакот на четвртфиналето против Португалија, повторно беше импресивен со својата борбеност и снаодливост на секој дел од теренот. Во 27. минута постигна убав гол по асистенцијата на Подолски, па дури се наметна и како еден од кандидатите за МВП на ЕП, иако на дуелот со Хрватска заработи црвен картон, по што паузираше еден меч.
Слика: Швајнштајгер глава
|