
|
 |
Спорт / Фудбал
ИЗВОНРЕДНИОТ РУСИН СИ ЈАСООПШТИ ЖЕЛБАТА Аршавин сака да игра за Барселона
Феноменалниот руски фудбалер Андреј Аршавин соопшти дека негова најголема желба е да заигра за каталонскиот гигант Барселона, неговиот омилен клуб на планетава. Фактички, тој самиот си ги понуди своите услуги на Барса, а ќе биде навистина чудно доколку тимот од Ноу Камп не го искористи овој момент и не потпише со еден од најбараните играчи во светот во моментов, особено по неговите импресивни две изданија на ЕП, против Шведска и Холандија.
Членот на Зенит од Санкт Петерсбург, кој годинава славеше во Купот на УЕФА, е предмет на сериозен интерес и на Арсенал, Челзи и Интер, кои сепак ќе мора да почекаат да видат како ќе се развиваат неговите евентуални преговори со каталонскиот тим.
“Тој ќе игра за Барселона доколку Барселона сака да игра за нив. Но, тоа не е единствениот клуб кој е заинтересиран за него. Андреј сака нови предизвици, нема да премине во клуб само поради парите. Ако е до парите, нив ги има и во Зенит, кој кој е многу богат тим и му плаѓа навистина солидно, па дури мислам дека ретко кој европски клуб би можел да му понуди такви примања, изјави неговиот агент, Денис Лахтер.
Сепак, неговиот агент инсистира дека ништо нема да биде решено околу неговата иднина, додека Русија настапува на Европското првенство во Австрија и Швајцарија, а нивниот следен предизвик е вечерашното полуфинале против Шпанија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|