
|
 |
Спорт / Фудбал
АГЕНТОТ НА НАШИОТ НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР СО НОВА ИЗЈАВА: На Пандев не му се брза Фудбалерот не може вечно да биде во Лацио”, вели Карло Плавичино
Горан Пандев повторно станува актуелен низ медиумите во Италија. Почнува летната берза, а нашиот фудбалер по престојот во Египет сега во Струмица ги минува последните денови од одморот. Сепак, вчера по подолга пауза, нешто ново. Карло Палавичино, главниот менаџер на нашиот најдобар фуидбалер, даде свој коментар за настапните поврзани за Горан Пандев.
“Нема потреба од брзање. Пандев сега е на одмор и за неколку дена многу работи ќе станат јасни. Ние сме постојано во контакт со луѓето од Лацио. Од двете страни постои задоволство за продолжување на соработката. Сепак, би кажал дека фудбалерот не може вечно да остане во Лацио. Ако сега остане можеби идната сезона ќе направи трансфер. Сепак, наредните неколку дена ќе дадат одговори на многу дилеми”.
И повторно се споменува дека Лацио тактизира, но и се нервозира. Барањата на Пандев првиот човек на клубот ќе мора да ги исполни доколку сака да остане со најдобриот, но и да нема проблеми со навивачите кои би збеснале доколку нивниот миленик замине во Њукасл или Ливерпул. Големите клубови будно ја следат разврската.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|