петок, 27.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ НА ТОГО ПОЧНА ДА ГО УЦЕНУВА АРСЕНАЛ
Адебајор бара четири пати поголема плата

Напаѓачот на Арсенал, Емануел Адебајор најверојатно летово ќе си замине од Лондон откако му постави ултиматум на својот клуб да му ја зголеми за четири пати платата што ја добива во моментов. Тоа значи дека “топчиите” од идната сезона ќе треба да му исплаќаат по 120 илјади фунти неделно на својот најефикасен играч ако сакаат да го спречат неговиот трансфер во Барселона или Милан.

Адебајор, кој последната година постигна 30 гола за својот тим, пред почетокот на минатата потпиша двегодишен договор со Арсенал за неделна плата од 30 илјади фунти, но во меѓувреме неколку пати одби да ја продолжи верноста кон “топчиите”. Веројатно се ќе останеше по старо ако во меѓувреме за него сериозно не се заинтересираа гигантите во европскиот фудбал Милан и Барселона кои сериозно сметаат на Адебајор за следната сезона. Дури, агентот на фудбалерот, Винченцо Морабито пред два дена истакна дека преговорите со миланскиот клуб се многу сериозни и дека од трансфер на Сан Сиро, Адебајор го делат само пет милиони евра. Многу лесно може да се случи лондонскиот тим ова лето да претрпи огромен играчки егзодус. Фламини веќе си замина во Милан, Леман во Штутгарт, за Адебајор и Хлеб има понуди од Барселона и Милан, додека за Бендтнер сериозно беше заинтересиран Ливерпул.

Сепак, од Арсенал во текот на вчерашниот ден излезе информација дека клубот нема шанси да го продаде својот најефикасен фудбалер ако претходно за него не најде соодветна замена. Во конкуренција за нападот на “топчиите” се наоѓаат Питер Крауч од Ливерпул, Роке Санта Круз од Блекбурн и Марио Гомез од Штутгарт.


Наjновo од Спорт
Адебајор бара четири пати поголема плата
Адебајор бара четири пати поголема плата
Шпанија го знае лекот за Русите
О'Нил за Рашо и Ти-Џеј?
На Пандев не му се брза
Франција останува во Ф1, ФИА ќе го “разгледува” спортот
Сафин го “суреди” Ѓоковиќ, Ивановиќ се спасуваше
Аршавин сака да игра за Барселона
Германија - Турција (1:1)
“Зборнајата” подготвена за враќање на долговите
ФК Ренова се надева на пласман во второто коло од Интертото купот
Славковски под наем во Тревизо
“Панцирите” го напаѓаат десеткуваниот Император
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи