
|
 |
Спорт / Фудбал
ФРАНЦУЗИНОТ НЕ ЈА ИСКЛУЧУВА МОЖНОСТА НЕКОГАШ ДА ИГРА ВО САД Можеби еден ден ќе бидам дел од МЛС лигата
Напаѓачот на Барселона, Тјери Анри изјави дека не ја отфрла можноста за настап во американската МЛС лига, откако настапи на еден хуманитарен меч во Њу Јорк, на кој се појави и капитенот на американската репрезентација, Клаудио Реина, поранешните репрезентативци на Англија, Роби Фаулер и Стив МекМанаман, членот на Челзи, Саломон Калу, како и кошаркарите од НБА лигата, Стив Неш, Џејсон Кид, Леандро Барбоса и Берон Дејвис.
По завршувањето на натпреварот, тој беше запрашан од новинарите што мисли за евентуален премин во блиска иднина во некој од тимовите што настапуваат во американската МЛС лига.
“Зошто да не. Секогаш кога одам во САД се чувствувам слободно и ја сакам оваа земја. Никогаш не се знае, можеби еден ден ќе дојдам тука да играм професионално. Но, во овој момент можам да кажам само дека сум фудбалер на Барселона. Овде дојдов да се одморам и да уживам во градот. Њу Јорк е прекрасно место и често сакам да доаѓам тука. Многу ми се допаѓа и тоа што овде можам да шетам по улиците и да не бидам препознавам од луѓето”, истакна францускиот репрезентативец, кој додаде дека не сака да евоцира спомени на ЕП, на кое не се прослави комплетната француска репрезентација која беше елиминирана уште во фазата по групи.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|