петок, 27.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

ШПАНСКИОТ СЕЛЕКТОР ГО ДЕМАНТИРА ПРЕОДОТ ВО ИСТАНБУЛ
Не сум се договорил со Фенербахче

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, 70-годишниот Луис Арагонес, беше исклучително лут на турскиот тим Фенербахче, кој на својата интернет адреса го прогласи за нов тренер, па самиот реши да ја демантира таа вест која ја нарече неетички потег од страна на турскиот клуб.

За Арагонес веќе одамна се знае дека ќе се повлече од шпанскиот национален тим по завршувањето на ЕП, но и дека не планира да ја заврши кариерата. Фенербахче веќе подолго време е поврзуван со негов ангажман, но, по с$ изгледа, предвреме е соопштено дека е постигната взаемна согласност.

Паралелно се појавија информации дека шпанскиот Сојуз му понудил нов двегодишен договор, со кој тој би ја водел селекцијата на Мундијалот во 2010 година во Јужна Африка, но самиот тренер ги отфрла и овие шпекулации велејќи дека нема да биде предомислен да остане на кормилото на националниот тим како што тоа се случи по завршувањето на СП во 2006 година.

“Ниту Луис има нешто потпишано со екипата на Фенербахче, ниту тој преговарал со Сојузот. Едноставно кажано, не сум потпишал со ниту еден клуб и не можам да сфатам како тие информации можат да се нарекуваат официјални. Немаше понуда за обновување на договор со шпанската селекција, а работата веќе неколкупати беше дискутирана и разрешена”, вели луцидниот шпански селектор, кој сепак смета дека овие работи не го исфрлиле од колосек во однос на синоќешното полуфинале помеѓу Шпанија и Русија.


Наjновo од Спорт
Не сум се договорил со Фенербахче
Можеби еден ден ќе бидам дел од МЛС лигата
Адебајор бара четири пати поголема плата
Адебајор бара четири пати поголема плата
Шпанија го знае лекот за Русите
О'Нил за Рашо и Ти-Џеј?
На Пандев не му се брза
Аршавин сака да игра за Барселона
Германија - Турција (1:1)
“Зборнајата” подготвена за враќање на долговите
ФК Ренова се надева на пласман во второто коло од Интертото купот
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи