вторник, 01.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

ПОБЕДА НА ФУДБАЛОТ ВО ВИЕНА
Титула за Шпанија по 44 години

Речиси четири и пол децении, Шпанија чекаше на европската титула, но ја доби на најубавиот можен начин. Од вчера, најголемата земја на Иберискиот Полуостров е во друштво на Франција како трета земја која стигнала до втората шампионска титула на европските првенства, но може да се гордее дека до неа стигнала со најдобриот напад, најдобриот стрелец и најубавиот фудбал на шампионатот. Не може да не им биде драго на Шпанците кога знаат дека во натпреварот за титулата комплетно го надиграа трикратниот поранешен европски шампион Германија и не му дадоа во ниеден момент да се закани дека може да стигне до победата.

Победата на вчерашниот финален натпревар значи крај на губитничкиот комплекс на шпанската репрезентација и тоа во периодот кога најмалку се очекуваше. И на последните неколку натпревари “фуријата” оставаше одличен впечаток, играше атомски фудбал, но секогаш недостасуваше последниот чекор кој би ги одвел до титулата. Сега тоа не е случај, Арагонес во својот тим имаше фудбалери кои освоиле дури 19 титули во европските натпреварувања (за разлика од едната на германските фудбалери) и кои знаат како се освојува врвот. Уште од самиот почеток на годинашното првенство Шпанија се наметна како фаворит, победата над Русија од 4:1 беше најава за она што ќе се случува во следните 20 дена, а вчерашниот триумф само победа на фудбалот и сите негови искрени љубители.

Се она што вчера го покажаа Германците се случи во првите десетина минути од првото и второто полувреме. Но, иако навидум имаа иницијатива, фудбалерите на Јоаким Лев во ниеден момент не успеаја сериозно да се заканат. За 90 минути упатија само два удари кон противничкиот гол, па со таков учинок не можеа ниту да се надеваат на нешто повеќе. Затоа, Шпанците уште во првиот дел можеа да водат со два гола разлика. Се закани Торес со глава, па Чави, па потоа повторно фудбалерот на Ливерпул кој и го отвори резултатот во 33. минута на асистенција на Фабрегас. Стартот на второто полувреме најави дека Германија има желба да нападне, но и среќа вчера беше против неа. Секогаш недостасуваше последниот потег, па иако Лев се одлучи на офанзивна варијанта не дојде до опасност по голот на Касиљас. Место тоа, Шпанија повторно имаше неколку можности за зголемување на водството. Иниеста во два наврати шутираше во Леман, Сена еднаш ја промаши топката, а Гуиза ја пропушти последната можност за гол.

Но, веројатно никој во Шпанија и Европа нема да се сеќава на тие утки. Во историјата ќе остане запаметено дека вчера во Виена, во финалето на 13. Европско првенство, Шпанија ја совлада Германија со 1:0 и сосема заслужено стигна до својата втора континентална титула.


Најдрагиот погодок во кариерата - Торес го постигнува победничкиот гол

ГЕРМАНИЈА - ШПАНИЈА 0:1 (0:1)

Стрелци: Торес 33' (Ш)

Стадион: Ернст Хапел во Виена. Гледачи: 51.428

Главен судија: Роберто Росети од Италија

Жолти картони: Балак, Курањи (Г) - Касиљас, Торес (Ш)

ГЕРМАНИЈА

1. Леман

3. Фридрих

21. Мецелдер

17. Мертесакер

16. Лам

(46' - 2. Јансен)

15. Хицлшпергер

(58. - 22. Курањи)

8. Фрингс

20. Подолски

13. Балак

7. Швајнштајгер

11. Клосе

(79. - 9. Гомез)

ШПАНИЈА

1. Касиљас

15. Рамос

5. Пујол

4. Марчена

11. Капдевиља

19. Сена

6. Иниеста

10. Фабрегас

(63' - 14. Чаби Алонсо)

8. Чави

21. Силва

(66' - 12. Казорла)

9. Торес

(78' - 17. Гуиза)

ЗАНИМЛИВОСТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ:

Луис Арагонес стана најстариот селектор што ја освоил титулата на едно европско првенство. Вчера, тој имаше 69 години и 337 дена.

Шпанија ја продолжи одличната серија беа пораз која сега изнесува 22 натпревари (19 победи и три нерешени средби), а која трае од ноември 2006 година.

Давид Виља е најдобар стрелец на ЕУРО 2008 со четири постигнати гола и тој е првиот фудбалер по Марко ван Бастен во 1988 година кој на ист шампионат ги освоил шампионската и титулата за прв голгетер.

Шпанија е првата репрезентација по Франција во 1984 година што ја освоила титула по освоени максимални девет бода по фазата по групи. Исто како тогаш Франција, “фуријата” сега имаше пет победи, но тоа не е максимален учинок бидејќи за разлика од 1984 година, сега се играат вкупно шест натпревари.

Шпанскиот репрезентативец Маркос Сена е првиот роден Бразилец што станал европски првак.

Германија го претрпе третиот пораз во шестиот финален натппревар на европските првенства. Интересно е тоа што победите и поразите Германците ги остварувале наизменично исто како Шпанците во досегашните три финални дуели.

На малерозниот Михаел Балак му се повтори 2002 година. Тогаш со Баер Леверкузен играше во финалето од Лигата на шампионите и загуби од Реал Мадрид, а потоа со Германија доживеа пораз во последниот меч од Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја. Сега со Челзи загуби во финалето од ЛШ од Јунајтед и доживеа пораз од Шпанија во финалето на ЕП. Да биде иронијата поголема, и тогаш и сега Балак ја загуби титулата во домашното првенство во последното коло.

Јенс Леман е најстариот фудбалер кој настапил во финале на ЕП. Тој вчера имаше 38 години и 232 дена и го надмина рекордот на Холанѓанецот, Арнолд Мирен од 1988 година кога настапи со 37 години и 23 дена.

Кевин Курањи конечно го одигра 50. натпревар во репрезентација откако дебитираше во март 2003 година на пријателски натпревар против Литванија.

Ова е втор пат во историјата на европските првенства финалниот натпревар да заврши со резултат 1:0. Прв пат тоа беше случај на претходниот шампионат.

Со 12 постигнати гола, Шпанија беше најефикасна репрезентација на ЕУРО 2008.


ИГРАЧ НА НАТПРЕВАРОТ

ЧАВИ (Шпанија)

Фудбалерот на Барселона ги одигра можеби своите два најдобри натпревари во дресот на репрезентацијата во полуфиналето и финалето. Како ретко досега имаше напаѓачки задачи и ги изврши на најдобар можен начин. Во комбинација со соиграчот од Барса, Андрес Иниеста им создадоа неколку шанси на напаѓачите, а од една од нив дојде и победничкиот погодок на мечот иако за него асистираше Фабрегас.

Новиот пехар за Касиљас

Икер Касиљас доцна синоќа прв го доби новиот пехар “Анри Делоне” кој УЕФА го направи специјално за ова европско првенство. Висок е 60 сантиметри, тежок 7,6 килограми, техничката цена е 30.700 евра, а симболичната непроценлива. Новиот пехар, кој во иднина ќе се пренесува на новиот шампион УЕФА го направи бидејќи стариот беше најмал од сите што се доделуваат за нејзините натпреварувања, а но и најтежок, па така на новиот му е “одземена” масивната основа.

На пехарот кој е направен од чисто сребро, изгравирано е името на идејниот творец на ЕУРО, имињата на земјите поранешни победнички, логото на УЕФА како и на претходните првенства.

Шест финалисти во идеалната “десетка”

Четворица фудбалери од Шпанија, двајца од Германија и по еден од Хрватска, Русија, Холандија и Турција се избрани меѓу најдобрите десет од страна на европските фудбалски стручњаци на официјалната интернет-страница на УЕФА.

Од Шпанците, тука се Икер Касиљас, Карлес Пујол, Маркос Сена и Давид Виља, дватјцата Германци се Михаел Балак и Бастијан Швајнштајгер и уште Лука Модриќ, Андреј Аршавин, Весли Снајдер и Хамти Алтинтоп.




Сродни вести
Скокнаа цените на новите евро-ѕвезди
Шпанија по втор пат шампион на Европа
Германците им покажаа како се игра до 90. минута!
Шпанија го знае лекот за Русите
Германија - Турција (1:1)
“Зборнајата” подготвена за враќање на долговите
Виеира и Евра се тепале по мечот со Холандија
“Фуријата” удира на светскиот првак
Русија подготвува одмазда за финалето '88
Среќата има ново име - Турција!
Грците си заминаа, кој на нивното место?
“Панцирите” непробојни за Португалија
Фудбалерите на Гус Хидинк се надминаа себеси
“Аѕурите” повторно на среќен начин ја поминаа групата
Тешко ми е да го следам првенството
Ибрахимовиќ и Аршавин адути за четвртфинале
Кога ќе се налути светскиот првак...
Заврши проклетството за Германија
“Коцкастите” ги затворија домашните обложувалници
Холандија по рекордот на Франција
Наjновo од Спорт
Скокнаа цените на новите евро-ѕвезди
Загрижени лидерите на европскиот и светскиот фудбал
Риека “пресуши” на Градски
Платини: Зачуден сум од небрежноста на лекарите
Збогум и играј за Хрватска!!!
Васоски закачи “кучешка тенија”
Вимблдон се “опоравува” по серијата шокови
Румениге: Не сакаме да ги продаваме Подолски и Швајнштајгер
Си заминувам поради претходниот однос кон мене
Од 2016 по 24 учесници на ЕУРО?
Титула за Шпанија по 44 години
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи