понеделник, 30.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

ДЕФАНЗИВЕЦОТ ДЕНЕСКА “ПОД НОЖ” ВО СКОПЈЕ ЌЕ ЈА САНИРА НЕЗГОДНАТА БОЛЕСТ
Васоски закачи “кучешка тенија”

Нова пауза од два-три месеци за дефанзивецот на Анјтрахт Франкфурт

Нема крај на малерите за Александар Васоски. Речиси цела година нашиот дефанзивец има проблеми со повреди и болести. Долго е во аут и кога се чинеше дека се е во најдобар ред и дека сега е моментот за вистински кам-бек следи нова шокантна вест. Дефанзивецот на Ајнтрахт Франфурт “закачил” бактерија која е позната под името “кучешка тенија”. Под итно операција и тоа денеска тука кај нас во Скопје.

Нов “зафат” и нова пауза. Се предвидува дека фудбалерот ќе биде надвор од терените од два до три месеци.

Проблемите со “тенијата” доаѓаат во многу лош период во кој екипите се во подготвителната фаза.

Сега Васоски требаше да се избори за место во првиот тим на Ајнтрахт и да најави дека е комплетно фит. Но ете, бактеријата прави нови проблеми.

Фудбалерот вчера требаше да оди на подготовки во Германија но случајно на преглед во Скопје е дијагностирано дека тој има “кучешка тенија”.

Од кога, како - зошто!? Тоа се прашањата кои би ги поставил секој чиатател, секој навивач. Не е својствено за фудбалери, а станува збор за бактерија која ретко се појавува.

Колку за потсетување лани во септември ја повреди тетивата на десната нога и таа повреда го отстрани од теренот точно 8 месеци. Сега кога се врати и во националниот тим и кога имаќше интерес од други екипи од Германија следи и оваа болест која повторно му прави проблеми на нашиот дефанзивец.

И. Д. Ивановски

***

Д-р ВИКТОР КАМИЛОВСКИ:

Не е ништо страшно!!!

За болеста на Александар Васоски побаравме стручен коментар од д-р Виктор Камиловски. Станува зборт за докторот на националониот тим кој појаснува:

“Можеби Васоски ја имал оваа болест уште од детството. Ја внесол можеби при јадење на нечиста храна. Направени се снимања и утврдено е дека оперативниот зафат е морален. Но сепак не е ништо страшно”.

Камиловски открива и дека оваа болест нема допирни точки со претходните повреди:

“Ова е болест а претходните паузи на Васоски беа поради повреди. Кај него 'кучешката тенија' е во црниот џигер. Секој втор ден имаме пациенти со истите проблеми, а Васоски за 2-3 месеци ќе биде комплетно фит”.


Изгубен за “пеколниот септември”

Лоша е веста за болеста на Васоски за селекторот Среќко Катанец. Дефанзивецот се врати во националниот тим на дуел;от со Полска кон крајот на мај. И кога се очекуваше дека се засили одбраната во пресрет на квалификациските дуели следи нова пауза за Васоски. Со оглед на болеста и рехабилитацијата тој е загубен за “пеколниот септември” и дуелите со Шкотска и Холандија во Скопје.


Наjновo од Спорт
Васоски закачи “кучешка тенија”
Вимблдон се “опоравува” по серијата шокови
Хамилтон сака да ја заврши “домашната задача”
Румениге: Не сакаме да ги продаваме Подолски и Швајнштајгер
Си заминувам поради претходниот однос кон мене
Од 2016 по 24 учесници на ЕУРО?
Титула за Шпанија по 44 години
Шпанија по втор пат шампион на Европа
“Practical Solutions” е новиот спонзор
Германците им покажаа како се игра до 90. минута!
Аршавин многу блиску до Барселона
Не сум се договорил со Фенербахче
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи