
|
 |
Спорт / Фудбал
ГОРАН СЛАВКОВСКИ - УШТЕ ЕДНА ЗАВРШЕНА ПРИКАЗНА Збогум и играј за Хрватска!!!
”Апсолутно да”, одговори талентот на прашање дали сака да игра за “коцкастите”
Би биле премногу глупи или искористени доколку му дозволиме на Горан Славковски да го облече дресот на Македонија.
Не го заслужува!!! Не по сето она што се случуваше последниве неколку дена. Капак на се е прес конференцијата во саботата во Сплит каде недокажаниот талент на новинарско прашање дали сака да игра за Хрватска одговори:
“Апсолутно да”.
А медиумите во Хрватска тоа знаеја како добро да го сервираат. Новиот фудбалер на Хајдук по две години ќе има право да игра за “коцкастите”. Но секаде нив неговата кариера ќе стои дека тој е од Шведска со корени од Македонија. Корени...!? Тие воопшто ги нема во него освен тоа што неговиот татко е од скопското село Бразда. Ни нанесе толку многу удари по кои треба да се прашаме дали во иднина треба да се троши време или простор за некој кој не ја сака Македонија. Тој Горан Славковски многу знае да “дрибла” со своето однесување и изјави отколку на зелениот терен. А што се оваа Македонија му даде!!! Замислете, дури два премиери, два селектори... сите тие се бореа да го добијат но ете тој ја одбра својата страна. Многупати рече “Македонија” но во ниту еден момент не го докажа тоа. Многупати беше повикуван но исто толку пати ни маваше “корпи”.
И дали сега треба да игра за Македонија!? Има најави дека ќе биде во составот на Мирсад Јонуз за дуелите на селекцијата до 21 година. Има право да игра а потоа да ја смени својата одлука. Треба да се знае или си Македонец или не...
И. Д. И
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|