вторник, 01.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

ИСТОРИСКИ УСПЕХ НА РЕНОВА КОЈА ОБЕЗБЕДИ ПЛАСМАН ВО ВТОРОТО КОЛО ОД ИНТЕР-ТОТО КУПОТ
Риека “пресуши” на Градски

Со двата постигнати гола Генц Исени е херојот на “гипсарите”

РЕНОВА - РИЕКА 2:0 (1:0)

Градски стадион во Скопје. Гледачи: 2.000. Судија: Симон Ли Еванс. Помошници: Филип Батис и Брајан Џемс (сите од Велс). Делегат: Тугомир Фрајман (Словенија).

РЕНОВА:

Елези 2,5

Реџепи 2,5

Станковиќ 2,5

Ангеловски 2,5

И. Стојанов 2,5

Деспотовски 2,5

Ибраими 3

(80' Алију /)

Трајчов 2,5

Исени 3

(69' Емини 2,5)

Нухиу 2,5

(90' Гафури /)

Мемеди 3


РИЕКА:

1,5 Радман

2 Вучко

2 Штрок

1,5 Будицин

2 Креилах

1,5 Крижман

(/ Туркаљ 80')

2 Памиќ

(/ Чагаљ 77')

1,5 Џаловиќ

1,5 Халиловиќ

1,5 Бодрушиќ

1,5 Тадејевиќ

(1,5 Шкоро 46')


ОД ЗАПИСНИКОТ:

Стрелец: Исени 5' и 46' (РЕ). Ж.картони: Ангеловски (РЕ). Играч на натпреварот: Генц Исени

Младиот тим од Џепчиште ја пишува својата фудбалска историја. Во првата дебитантска сезона во Интер-тото Купот, со победата од 2:0 на Градскиот стадион во Скопје, Ренова ја елиминираше Риека во првото коло од ова натпреварување. Со двата гола, напаѓачот Генц Исени е херојот на тетовските “сино-бели”. Популарниот “Генци” во 5-та и во 46-та минута успеа да го матира голманот на Риека, Радман и воедно да му донесе на својот тим пласман во историското второ коло од Интер-тото.

Во еден просечен натпревар, со малку шанси и тешка игра од двете страни, Ренова успеа да постигне два гола од неколкуте ретки шанси кои ги создаде пред голот на Риека. Како и на првиот меч на “Кантрида”, така и во саботата на “Градски”, Ренова одигра одлично во одбраната не дозволувајќи им на противничките напаѓачи да се приближат до голманот Елези, а од друга страна, пак, составот на Костов максимално го искористи невниманието на дефанзивците на Риека и два пати преку Исени ја тресеше нивната мрежа. Ова е голем историски успех, малиот и анонимент тим од Џепчиште, го елиминираше третиот тим по квалитет во Хрватска. Ренова е најголемото и најпријатното изненадување во првото коло од Интер-тото Купот. Успеа да ја принуди далеку “поголемата” Риека да “клекне на колена” и да се прости од европското лето уште во првото коло од Интер-тото Купот.

Е. Растодер

***
Минута по минута...

1:0 - 5' - Удар од аголот од десната страна, Станковиќ упати остра топка на втората статива, а таму Исени заборавен од дефанзивците во налет од втор план, со глава прецизно бие во мрежата на немоќниот Радман.

16' - Центаршут на Бодрушиќ од левата страна, топка за Будицин кој од непосредна близина шутира само крај голот

20' - Одличен продор на Нухиу по левата страна, уште подобро центрира, Ибрами се најде во одлична позиција, но напаѓачот се сплетка на десетина метри од голот на Радман, па не успеа ниту да шутира

23 ' - Прецизно проигрување на Памиќ до Крижман вториот од десетина метри непречен од никој шутира во добро поставениот Елези

28' - Ѓаловиќ шутира од дваесетина метри, топката од одбраната на Ренова се одбива до Креилах кој од пет метри не успева да го совлада Елези

2:0 - 46' - Уште еден шок за гостите од Хрватска. Во четириесетата секунда од второто полувреме Ренова доаѓа до убедливо вотство. Мемеди се проби по левата страна во казнениот простор, одлично му асистира на Исени кој повторно на втората статива беше заборавен од одбраната на Риека, и секако без тешкотии по втор пат ја тресе противничката мрежа

57' - Одличен шут на Креилах од слободен удар од дваесетина метри, но Елези со крајни напори ја сочува својата мрежа

64' - Мемеди во празно одлично го проигра Станковиќ, кој од 5-6 метри откосо го погоди десниот дирек на Радман

72' - Одлична асистенција на Емини до Ибраими, вториот избегна офсајд замка, уптаи удар од десетина метри, Радман со сигурна интервенција не дозволува по трет пат да се тресе неговата мрежа

74' - Одличен шут на Трајчов од петнаесетина метри, Радман повторно одлично интервенира


СТАТИСТИКА

Ренова Риека

2 корнери 5

9/7 удари/во 6/3

13 прекршоци 9

/ офсајди 1

1 ж.картони /


Од тренерски агол..

Влатко Костов:

“Пред се сакам да им честитам на играчите за прикажаната игра кои ги исполнија сите задачи за кои се договоривме пред натпреварот. Ние не сакавме да се надигруваме со противникот, туку чекавме да ни се укажат една или две шанси за да постигнеме гол и секако успеавме во тоа. И натаму мислам дека Риека е голем и квалитетен тим, но ете ние ги искористивме нашите шанси. Ова е голем и истористки успех за клуб како Ренова кој е ралативно млад. Секако дека продолжуваме понатаму со што и во второто коло нема да застанеме туку напротив како против Риека така и против израелците ќе се обидеме да бидеме поуспешни во двомечот. Оваа победа нека биде посвета за браќата Идризи кои несебично вложуваат во овој клуб со што го подигнуваат нивото на фудбалот кај нас”, изјави на прес конференцијата по натпреварот тренерот на Ренова.

Златко Далиќ:

“Честитки до Ренова за прикажаната игра и секако заслужено ги продолжуваат натпреварите во Интер-тото Купот. Ние имаме релативно нов и млад тим, но се покажа она од што најмногу стравувавме, а тоа се нашите грешки. Токму по едни такви ситуации примивме два гола, а подоцна нашите обиди за заиграме и да го загрозиме голот на противникот беа неуспешни. Одигравме слабо во одбраната што е и главната причина за поразот и елиминацијата”, вели кормиларот на Риека.

***
“Армада” на Градски

Фудбалерите на Риека имаа своја мала подршка на Градскиот стадион во Скопје. Десетина минути по почетокот на мечот, на Источната трибина на нашиот најголем фудбалски храм се појавија педесетина членови на позната навивачка група на Риека, популарната “Армада”. Иако беа малкумина, сепак им дадоа безрезервна подршка на своите играчи, се до вториот гол, кога во 46 минута Исени ги “седна” на столчињата и практично не станаа до крајот на мечот.

***
Исени како “џокер”

Малкумина претпоставуваа дека Исени ќе се најде во стартната постава на Ренова на саботниот меч. Се очекуваше Исмаили да биде ударната “игла” во нападот, но сепак Костов во последен момент се одлучи за напаѓачот од Косово.

“Изминативе неколку денови на тренинзите но и на првиот меч беше видно неговото залагање. Бев убеден дека овој играч може да има клучна улога на овој меч, затоа и го почна натпреварот од прва минута. Навистина ми е мило за Исени кој со двата гола практично ни ја донесе победата”, вели Влатко Костов.

***
Бнеи Сахин доаѓа на Градски

Нема време за славје и за одмор. За една недела на програмата се натпреварите од второто коло од Интер-тото Купот, каде што Ренова ќе ги “вкрсти копјата” со израелскиот претставник Бнеи Сахин. Првиот натпревар се игра следната сабота (5 јули), и тоа на Градскиот стадион во Скопје. Реванш натпреварот се игра седум дена подоцна во Израел. Како и Ренова, така и нивниот противник во второто коло е млад клуб кој е формиран во 1996 година по фузирањето на два тима Макаби и Хапоел Сахнин. Овој клуб има вкупно 4 настапи во европските Купови, поточно во Купот на УЕФА, каде што има две победи и две ремија, со гол разлика седум постигнати и осум примени.

***
РЕЗУЛТАТИ ОД РЕВАНШ НАТПРЕВАРИТЕ ВО ИНТЕР-ТОТО КУПОТ

Шаќири, Рамадан и Зендели во второто коло

Тојцата наши интернационалци од редовите на албанската Беса, голманот Суат Зендели, дефанзивецот Зекирија Рамадан и напаѓачот Артим Шаќири се пласираа во второто коло од Интер-тото Купот, откако на гостински терен против Етникос Ахна излекоа реми 1:1. Првиот натпевар заврши исто така без победник 0:0, но благодарејќи на постигнатиот гол на Кипар, тимот на Зендели, Шаќири и Рамадан ќе игра во второто коло од ова натпреварување каде што ги чека швајцарскиот тим Грасхоперс.


ХИТ ГОРИЦА (Сло) - Хиберниан (Мал) 0:0 (3:0)

ТИРАСПОЛ (Мол) - Мика (Ерм) 0:0 (2:2)

Локомотив Т. (Гру) - ЕТЗЕЛА (Лук) 2:2 (0:0)

Нинтра (Слк) - НЕФЧИ (Азе) 3:1 (0:2)

ГРБАЉ (ЦГ) - Челик (БиХ) 2:1 (2:3)

Рил (Вел) - БОХЕМИАНС (Ирс) 2:4 (1:5)

Етникос А. (Кип) - БЕСА (Алб) 1:1 (0:0)

ХОНВЕД (Унг) - Зецју (Каз) 4:2 (2:1)

ЕЛФСБОРГ (Шве) - ХБ Торшавн (Ф.О.) 0:0 (4:1)

Транс Нарва (Ест) - ЕКРАНАС (Лит) 0:3 (0:1)

РЕНОВА (Мкд) - Риека (Хрв) 2:0 (0:0)



Филкир (Исл) - Рига (Лет) (2:1)

Шахтјор (Блр) - Краковија (Пол) (2:1)

ТПС (ФИН) - Лисбурн (С.Ир) (3:2)



*Во заградите се резултатите постигнати во првиот натпревар

*Со големи букви се екипите кои обезбедија пласман во второто коло



Трајанов против Горица, Марковски против Паниониос

Уште двајца наши интернационалци ќе ги почнат натпреварите во Интер-тото Купот. Поради добриот коефициент, Вачно Трајанов со неговиот Черноморец, како и Бојан Марковски со ОФК Белград учеството во ова натпреварување ќе го почнат од второто коло. Трајанов и неговиот Черноморец ќе играат против словенскиот тим Хит Горица, додека Марковски со ОФК Белград за пласман во третото коло ќе се борат против Паниониос од Грција.


МЕДИУМИТЕ ВО ХРВАТСКА ЗА ЕЛИМИНАЦИЈАТА НА НИВНИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ПРВОТО КОЛО ОД ИНТЕР-ТОТО КУПОТ


Бламажа на Риека

Сите медиуми во Хрватска се изненадени од елиминацијата на нивниот претставник во првото коло од Интер-тото Купот. Поразот на Градски од 2:0 е рамно на бламажа на Риека. Нивниот гигант кој годишно вложува и до 3,5 милиони евра, е елиминиран, како што пишуваат медиумуте, анонимниот тим од селото Џепчиште. Покрај тоа што првиот натпревар на “Кантрида” заврши со 0:0 и овој резултат беше на страната на нашиот претставник, сепак пред реваншот сите беа убедени дека Риека ќе може да слави на Градски и да се пласира во второто коло од ова натпреварување. “Катастрофа на Риека”, “Историска бламажа на Риека”... се само дел од насловите во Хрватска по елиминацијата на нивниот претставник во првото коло од Интер-тото Купот.



Наjновo од Спорт
Скокнаа цените на новите евро-ѕвезди
Загрижени лидерите на европскиот и светскиот фудбал
Риека “пресуши” на Градски
Платини: Зачуден сум од небрежноста на лекарите
Збогум и играј за Хрватска!!!
Васоски закачи “кучешка тенија”
Вимблдон се “опоравува” по серијата шокови
Румениге: Не сакаме да ги продаваме Подолски и Швајнштајгер
Си заминувам поради претходниот однос кон мене
Од 2016 по 24 учесници на ЕУРО?
Титула за Шпанија по 44 години
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи