понеделник, 30.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

Загрижени лидерите на европскиот и светскиот фудбал

ЕВРО 2008 се приближува кон крајот, а претседателот на УЕФА Мишел Платини веќе е загрижен за организацијата на следното првенство, доверено на Полска и Украина. - Доцни изградбата на инфраструктурата и овие две земји би можеле да бидат заменети со Шпанија. - Слични грижи ја загрижуваат и ФИФА која организацијата за Светското првенство во 2010 година ја довери на Јуожноафриканската Република
    
Овогодишното европско фудбалско првенство ЕВРО 2008, кое заеднички го организираа Австрија и Швајцарија, веќе сега е оценето како многу успешно, добро организиран спортско-деловен зафат, но Мишел Платини, претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) размислува за 2012 година, кога првенството треба да го организираат Полска и Украина.

Слични грижи има и Швајцарецот Јозеф (наречен Сеп) Блатер, претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА), бидејќи до следното Светско првенство во Јужна Африка останаа само уште две години, а од Јоханезбург се уште нема сто процентни уверувања дека до тогаш се ќе биде во ред.

Што се однесува до Европското првенство, се наметнуваат многу прашања, а пред се оние кои се однесуваат на грижите дали спротската и сета друга инфраструктура во тие земји ќе биде подготвена за толку голем, за УЕФА многу важен настан - бидејќи е извор на големи приходи.

Идните домаќини со сите сили се трудат да го смират Платини.

- Не се грижете за ништо, се ќе биде во ред, во што ќе се уверите идната недела, кога вашата инспекција ќе дојде да провери!, му порача на поранешниот славен фудбалер, Јевген Червоњенко, претседател на Организацискиот одбор од Украина.

Ова Платини не го смирило, па во седиштето на УЕФА повеќе никој не ја исклучува можноста за големи промени. Ако Платини не биде задоволен од наодите на инспекцијата на УЕФА, лесно може да се случи организацијата на првенството да му биде доверена на некој друг - по се изгледа на Шпанија. 

Во секој случај, ЕВРО 2008 заврши вчера, а Платини ниту збор не проговори за грижите кои го мачат. До понеделник, значи ништо!

Кога станува збор за организацијата на следното Светско првенство, постои сомневање уште од деновите кога (на 15 мај 2004) ФИФА донесе одлука да ја довери на Јужноафриканската Република, земја во која се игра одличен фудбал, но и земја која во тој момент имаше одвај некој пристоен стадион. 

Најмногу се грижат спонзорите, кои се голем извор на приходи и за учесниците и за светската федерација. Тие стравуваат за судбината на своите реклами, па веќе одамна вршат притисок на Блатер организацијата на Светското првенство да ја доверат на некој друг.

Блатер на кого му е продолжен сегашниот трет мандат во фотељата на првиот човек на ФИФА, благодарение на гласовите од африканските држави, и не помислува на тоа, бидејќи на Африка одамна и ја ветил организацијата на Светското првенство. 

- Африка е вистинска фудбалска нација, мора да направиме се, да не се доведе во прашање организацијата на Светското првенство на овој континент, изјави Блатер за германскиот спортски весник „Шпортбилд“.

Блатер е претседател на ФИФА од 1998 година, откако на оваа позиција го наследи Бразилецот Жоао Авеланж.

И за организацијата на Светското првенство има „резервни“ држави. Меѓу нив е и Германија, одличен организатор на Светското првенство во 2006 година, иако Франц Бекенбауер, претседател на Организацискиот комитет на тоа првенство, категорично ја отфрла оваа можност.

Најголем проблем во Јужна Африка е тешката политичка и социјална состојба, која ја отежнува безбедноста на учесниците.

- Сите знаеме дека Африка има многу проблеми - сиромаштија, војни, криминал, лош систем на здравствена заштита... Но, јас сум убеден дека фудбалот е нешто што навистина може да ги зближи луѓето, да им влее верба во остварувањата кои сега може само да ги сонуваат“ , изјави Блатер, објаснувајќи зошто нема намера да ја исклучи Јужноафриканската Република од организирање на првенството.

Според информациите од Јоханезбург, изградбата на стадионите добро напредува и сега тоа веќе не го загрижува Блатер. Останува само да се види како и дали воопшто ќе биде решен безбедносниот проблем на половина милион очекувани туристи, со оглед дека постои криминал во таа земја.

Шефот на Организациониот комитет Дани Јордан е убеден дека нема причина за грижи дури и кога безбедноста е во прашање.

- Јужна Африка, за последните 14 години, успешно организираше 11 големи настани - и тоа без ниту еден инцидент. Сигурен сум дека така ќе биде и на Светското првенство в 2010 година, изјави оваа недела Дани Јордан.

(Танјуг - Белград) 




Наjновo од Спорт
Скокнаа цените на новите евро-ѕвезди
Загрижени лидерите на европскиот и светскиот фудбал
Риека “пресуши” на Градски
Платини: Зачуден сум од небрежноста на лекарите
Збогум и играј за Хрватска!!!
Васоски закачи “кучешка тенија”
Вимблдон се “опоравува” по серијата шокови
Румениге: Не сакаме да ги продаваме Подолски и Швајнштајгер
Си заминувам поради претходниот однос кон мене
Од 2016 по 24 учесници на ЕУРО?
Титула за Шпанија по 44 години
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи