понеделник, 30.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

КОИ СЕ ДЕСЕТТЕ ФУДБАЛЕРИ КОИ ДОБИЈА НАЈМНОГУ ОД ГОДИНАШНОТО ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО?
Скокнаа цените на новите евро-ѕвезди

Од 368 имиња кои се појавија во периодот на одржување на европското првенство во Австрија и Швајцарија, некои тотално разочараа, некои играа според очекувањата, но некои значително го подобрија својот фудбалски рејтинг. Освен рејтингот, скокна и вредноста на фудбалерите, а клубовите тргнаа во битка за потписот на дел од нив. Од дваесеттмината кои покажаа за нијанса повеќе од сите преостанати, еве ги десетмината кои предизвикаа голем интерес кај најбогатите европски тимови. Во нив се најдоа и млади надежи, но и доволно искусни фудбалери кои досега не успеале со клупските и репрезентативните настапи да привлечат толку голем интерес. Ова ЕП за нив отвара нова етапа во фудбалската кариера.

1. АНДРЕЈ АРШАВИН (27), Русија

Дефинитивно фубалерот кој ги засени сите на ова ЕП. И покрај тоа што Русија не се најде во големото финале, сепак, со самиот пласман во полуфиналето “зборнаја” го направи најголемиот успех на досегашните големи натпреварувања по распадот на Советскиот Сојуз. Андреј Аршавин одигра само 3 средби за русија на ова ЕП, но доволно добро за да го привлече целокупното фудбалско внимание на себе. Неговиот Зенит, тешко дека ќе може да оддолее на големите понуди кои стигнаа за него во изминатиот период, и само прашање на денови е кога Аршавин ќе ја напушти Русија за да заигра за некој голем европски тим.

Барселона е најзагреана за него, и покрај тоа што интерес искажаа и Арсенал, Милан, Манчестер Сити, Њукасл, Евертон, Челзи... Каталонците веќе и отидоа со конкретна понуда од 15 милиони евра, а слична сума подготвува и Арсенал како втор фаворит. Милан засега само шпекулира со можната понуда за него, додека англиските Сити, Њукасл и Евертон ќе чекаат шанса од сенка, ако некој од “големите” се откаже од борбата за овој фудбалер.

Според последните испитувања, цената на Аршавин по настапите на ЕП скокна на 16 милиони евра.

2. АРДА ТУРАН (21), Турција

Покрај Аршавин, можеби вториот фудбалер кој предизвика голем интерес кај скаутите на најголемите европски тимови. Членот на Галатасарај со само 21 година се претвори во вистински херој на Турција, ја однесе оваа селекција до полуфиналето, но поради жолтите картони не можеше да се појави на дуелот со Германија.

И пред почетокот на шампоионатот беше најавен како можна нова идна европска фудбалска земја, знаејќи го неговиот статус во Галатасарај и прекарот кој го доби “Новиот Георге Хаџи”. Моменталната негова цена се движи околу 8 милиони евра, но може значително да биде поголема, затоа што во трка за него влегоа повеќе тимови. Многумина веќе сметаат дека или Англија или Италија ќе биде негова следна дестинација. Англичаните се поупорни и веќе понудија “мрсна” цена за него. Њукасл се зборува дека на Галатасарај му понудил 11 милиони евра за Туран, додека Арсенал прави притисок да добие средба за разговор и да се обиде да го натера Туран да се пресели во Лондон. Од Италија, Јувентус и Милан пројавија желба да преговараат со Галатасарај за Туран.

3. БАСТИЈАН ШВАЈНШТАЈГЕР (21), Германија

Имаше фантастични настапи на дуелите со Португалија и Турција. Покажа дека не заслужи место на клупата, како што го смести Лев на првите средби. Бастијан е вистинска ѕвезда на германскиот фудбал и играч кој многу доби од ова ЕП, особено со цената која ја “напумпаа” неговите настапи.

Последните проценки велат дека 21-годишниот “Швајни” моментно вреди точно 10 милиони евра. Има актуелен договор со Баерн (М) до 2009 година, но последната гомина од договорот слободно може и да не ја испочитува, затоа што и самиот изјави дека е решен да ја напушти Германија и кариерата да ја продолжи во некоја друга европска лига.

Последен кој сериозно се заинтересира за Швајнштајгер е Јувентус. Клаудио Раниери побара отворени преговори со неговиот агент, но и тренерот на Баерн (М), Вирген Клинсман не сака да дозволи разговор на оваа тема, затоа што смета на “Швајни” за следната Бундес сезона. Милан и Челзи се исто така во кругот на заинтересирани.

4. ИВИЦА ОЛИЌ (28), Хрватска

Иако влегува во најискусните години од својата кариера, за Ивица Олиќ ова ЕП значи многу. Прво, доби статус на прв напаѓач во хрватската репрезентација, а второ со игрите и погодоците најави дека за него веќе е претесен Хамбургер. Цената од 8 милиони евра која за него се бара од германскиот тим, можеби ќе биде сосема нормална за еден Портсмут или Њукасл, кои бараат квалитетен напаѓач - голгетер.

Хрватските медиуми се сомневаат дека Олиќ би можел да замине од Хамбургер, затоа што начелно договорил продолжување на верноста кон клубот уште пред почетокот на европскиот шампионат. Сепак, понудите кои ќе ја надминат сумата од 8 милиони евра, можат да го сменат “расположението” и кај Хамбургер и кај менаџерот на Олиќ.

5. РОМАН ПАВЛИЧЕНКО (26), Русија

Голгетерот на “зборнаја” е еден од најдобрите напаѓачи кои се појавија на овој европски шампионат. Уште по првите три средби во групата, неговата цена на трансфер пазарот достигна 6 милиниот евра, за последната која моментно е на сила да се позиционира во висина на 8 милиони евра.

Спартак (М), неговиот актуелен фудбалски тим, уште по првите погодоци на Павличенко во дресот на Русија најави дека нема проблем околу неговата продажба. Дури и доставија сума од околу 6 милиони фунти за која би можеле да се ослободат од него. Таа сума важи и денеска, со тоа што истата можеби ќе оди уште некој милион нагоре, доколку кандидатите кои најавија интерес за него сериозно запнат да го обезбедат неговиот потпис.

Челзи кон крајот на ова ЕП најави дека може да понуди и 9 милиони фунти за него. Абрамович “фатил врски” во рускиот тим и лесно може по завршувањето на ЕП, Павличенко да се вклучи во составот на Сколари. Ако Олиќ си замине од Хамбургер и овој клуб може да се обиде да го купи рускиот голгетер.

6. ДАВИД СИЛВА (21), Шпанија

Од финалистот на ова ЕП, едно име кое сериозно се наметна со својот квалитет и игра е и Давид Силва. За него не е тајна дека и пред овој шампионат имаше одлична цена на фудбалскиот маркет, но сега цената е значително поголема, иако конкуренцијата за неговиот потпис е значително стеснета, откако Барцелона пројави сериозен интерес да го донесе на “Ноу Камп”. И Ливерпул се нареди во листата на кандидати за неговиот потпис, но работата некако застана.

Силва има договор со Валенсија до 2014 година. Должината на истиот обврзува сериозна сума која некој заинтересиран тим треба да ја плати за да го донесе овој млад организатор на играта во своите редови.

Моменталната цена на Силва е 18 милиони евра.


7. ИГОР АКИНФЕЕВ (22), Русија

Уште еден руски репрезентативец за кого ова ЕП беше навистина продуктивно. Несомнено, најдоброто голманско име кое се појави на шампионатот. За него многумина одамна зборуваат дека е неверојатен голмански талент, кој овој пат со својата ладнокрвност при интервенциите само потврди дека прераснува во еден од најдобрите европски голмани.

Моментно член на екипата на ЦСКА од Москав во чии редови најверојатно и ќе остане уште една сезона. Ова лето скоро неверојатно е да се очекува дека тој ќе ја напушти Русија. Во листата на клубови кои бараат голман има и големи имиња, но интересно многумина се плашат од неговата трансфер цена која за голман можеби е и превисока, 11 милиони евра.

Само Фиорентина досега и најави дека би разговарала за евентуален ангажман на Акинфеев, но само во случај да остане без првиот голман Фреј.

8. ФИЛИП ЛАМ (24), Германија

И тој е еден од редицата во оваа десетка која најмногу профитираше од ова европско првенство, кој со сигурност ова лето нема да ги смени клупските бои. Но јасно е дека неговата вредност на пазарот на фудбалери по ова ЕП нема да биде ни приближно слична со оваа од пред 7 јуни.

Левито крилен-бек на германската репрезентација беше прогласен за член на најдобрата “11-ка” по првата фаза по групи на шампионатот. Беше единствениот Германец кој се најде во тимот на најдобрите по таа прва фаза, а несомнено треба да се најде и во “Најдобритее 11 на целото ЕП”.

Моменталната вредност на Лам е 18 милиони евра. За фудбалер од ваков калибар цената е висока. Засега тој има договор со Баерн (М) и нема реални шанси да замине од Бундеслигата.



9. ЏОРЏО КИЕЛИНИ (24), Италија

Во сивилото на светскиот шампион се пронајде едно момче кое одлично си ја заврши улогата на последен човек во одбраната. Во соработка со искусниот Панучи, откако станаа стартери на неколкуте последни средби за “азуирте” донесоа стабилност во играта и цврстина во одбраната.

Киелини и онака е член на Јувентус од каде не би можел лесно да замине. “Старата Дама” го обврза на верност до 2013 година. Моменталната цена на пазарот на фудбалери е 15 милиони евра. Во следните неколку години како што ќе се развива во квалитетен дефанзивец, несомнено, може да стане најскапиот италијански одбрандбен фудбалер.

10. ДАНИЈЕЛ ПРАЊИЌ (26), Хрватска

Релативно непознато име кое имаше маестрални партии во составот на “коцкестите” на овој шампионат. Се наметна како одличен крилен-бек, кој за разлика од сегашната позиција во холандски Херенвен, пред себе може да има настап и во далеку посилните европски фудбалски лиги.

Релативно се уште Прањиќ е ефтин фудбалер. Според последната проверка на цените на фудбалерите на пазарот, неговата вредност е оценета во висина на 4,5 милиони евра. Неколку клуба од силните европски екипи посакаа да го ангажираат уште ова лето.

Во хрватските медиуми се шпекулира дека за Прањиќ е сериозно заинтересирана екипата на Палермо, која исто така од хрватската репрезентација ќе го донесе и Игор Будан. Италија се чини ќе биде следната сигурна дестинација на Прањиќ, откако и Јувентус се пушти во обид да го добие бекот на хрватската селекција. “Старата Дама” за него е подготвена да плати 6 милиони евра.


Сродни вести
Титула за Шпанија по 44 години
Шпанија по втор пат шампион на Европа
Германците им покажаа како се игра до 90. минута!
Шпанија го знае лекот за Русите
Германија - Турција (1:1)
“Зборнајата” подготвена за враќање на долговите
Виеира и Евра се тепале по мечот со Холандија
“Фуријата” удира на светскиот првак
Русија подготвува одмазда за финалето '88
Среќата има ново име - Турција!
Грците си заминаа, кој на нивното место?
“Панцирите” непробојни за Португалија
Фудбалерите на Гус Хидинк се надминаа себеси
“Аѕурите” повторно на среќен начин ја поминаа групата
Тешко ми е да го следам првенството
Ибрахимовиќ и Аршавин адути за четвртфинале
Кога ќе се налути светскиот првак...
Заврши проклетството за Германија
“Коцкастите” ги затворија домашните обложувалници
Холандија по рекордот на Франција
Наjновo од Спорт
Скокнаа цените на новите евро-ѕвезди
Риека “пресуши” на Градски
Платини: Зачуден сум од небрежноста на лекарите
Збогум и играј за Хрватска!!!
Васоски закачи “кучешка тенија”
Вимблдон се “опоравува” по серијата шокови
Хамилтон сака да ја заврши “домашната задача”
Румениге: Не сакаме да ги продаваме Подолски и Швајнштајгер
Си заминувам поради претходниот однос кон мене
Од 2016 по 24 учесници на ЕУРО?
Титула за Шпанија по 44 години
Шпанија по втор пат шампион на Европа
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи