четврток, 03.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

ПОРАДИ ВИСОКАТА ОТШТЕТА ШТО ЈА БАРА АРСЕНАЛ
Милан се откажа од Адебајор

Раководството на Милан одлучи да ја прекине трката по Емануел Адебајор поради високата отштета што ја бара Арсенал. Репрезентативецот на Того беше една од трансферните цели на “росонерите” за ова лето, но Арсенал не сака да слушне да се раздели од својот играч за помалку од 45 милиони евра.

“Цената превисока. Италијанските клубови не можат да дадат толку пари за еден фудбалер. Всушност, најдобрите светски играчи воопшто не доаѓаат овде бидејќи кога во трката за некој фудбалер ќе се вклучат Барселона и Челзи никој не може да се натпреварува со нив. Тие секогаш можат да понудат повеќе”, изјави потпретседателот на Милан, Адриано Галијани.

Со оглед на тоа што седумкратниот европски првак дефинитивно излегува од трката за Адебајор, нејзе можат да ја продолжат Барселона и Челзи. Каталонскиот клуб е во очајна потрага по квалитетен напаѓач бидејќи летово од Ноу Камп најверојатно ќе си замине Самуел Ето, а истото се однесува и за Челзи кој е пред разделба со Дидие Дрогба. Адебајор минатата сезона беше најдобар стрелец на Арсенал со 24 гола, а откако за него се заинтересираа неколку врвни европски клубови, тој побара од раководството на “топчиите” дури четири пати поголема плата за да остане на стадионот Емирати. Сепак, во ниеден момент тој не ја исклучи можноста да го одработи својот договор со Арсенал до крајот, што се чини многу веројатно по одлуката на челниците на клубот да ја кренат неговата цена до 45 милиони евра. Интересно е тоа што и Барселона не е подготвена да ја плати оваа сума бидејќи последната понуда од каталонскиот клуб изнесува околу 36 милиони.

Роналдо е слободен играч

Челниците на Милан не му понудија продолжување на договорот на поранешниот најдобар светски фудбалер Роналдо, па тој од вчера е слободен играч. Бразилецот во моментов заздравува по тешката повреда на коленото, а во Милан не сакаат да ризикуваат со него бидејќи сакаат да видат како оди неговата рехабилитација. Докторските прогнози се дека Роналдо би требало да заигра на почетокот од 2009 година, но дали ќе биде така се уште е неизвесно.

Роналдо дојде во Милан во зимата 2007 година и пред повредата на 20 натпревари постигна девет гола.


Наjновo од Спорт
Хамилтон е најдобриот Ф1 плејбој, но само трет по квалитетите?
И Интер го посакува Швајнштајгер
Галакси со понуда за Роналдињо
Дел Боске потпишува идната недела
Вредам повеќе од десет милиони евра
Аршавин: Сакам да го променам клубот
Милан се откажа од Адебајор
Македонија го задржа 56-то место на најновата ранг листа на ФИФА
Шампионот патува во Азербејџан...
“Германија нема шампионски тим”
Без допинг на ЕУРО 2008
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи