
|
 |
Спорт / Фудбал
ДЕКО ЛУТ НА РАКОВОДСТВОТО НА БАРСА Вредам повеќе од десет милиони евра
Новиот играч на Челзи, Деко е лут на раководството на Барселона што го пушти во Англија за отштета од само десет милиони евра. Португалскиот репрезентативец смета дека преголемото време поминато на клупата минатата сезона влијаело на цената, но и покрај тоа е незадоволен што Барселона го проценила толку ниско иако за четирите години додека беше член на оваа екипа освои две титули во Шпанија и една во Лигата на шампионите.
“Тоа е доказ каква е моменталната состојба во Барселона. Клубот ја девалвираше мојата вредност. Да постапуваа подобро кон мене веројатно немаше ниту да отидам во Челзи, но тоа веќе не е мој проблем”, изјави Деко.
Според неофицијалните информации, цената на натурализираниот Португалец минатата сезона изнесувала 18 милиони евра, но по катастрофалната година за сите ѕвезди на Барселона, оваа сума паднала речиси двојно. Деко има 31 година и е прво засилување за Челзи по доаѓањето на Луис Фелипе Сколари на менаџерската позиција и вкупно второ од завршувањето на сезоната по Босингва од Порто.
Покрај Деко, Барселона најави дека во овој преоден рок ќе го продаде уште Самуел Ето и Роналдињо со што би си заминале сите фудбалери кои беа најзаслужни за ренесансата на каталонскиот клуб во претходните четири години.
ЛЕГЕНДА:
Незадоволен од односот во претходниот клуб - Деко
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|