
|
 |
Спорт / Фудбал
ПРОНАЈДЕН НАСЛЕДНИКОТ НА АРАГОНЕС Дел Боске потпишува идната недела
Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Висенте дел Боске идната недела официјално ќе го потпише договорот со Фудбалската федерација на Шпанија со што ќе го замени Луис Арагонес на селекторската функција. Вакво нешто беше најавено и пред почетокот на европското првенство, но шпанската фудбалска јавност се надеваше дека Арагонес, сепак, ќе се премисли и ќе остане на својата функција. Такво нешто не се случи, досегашниот селектор најверојатно продолжува во Фенербахче, а Дел Боске на почетокот од идната недела би требало да биде промовиран во негов наследник.
“Она што Луис го направи со репрезентацијата на Шпанија е за почит и сите шпански тренери треба да му се заблагодарат за она што го направи на европското првенство. Знам дека ќе имам тешка работа да ги продолжам неговите успеси, особено поради тоа што Шпанија сега е актуелен европски првак и има серија од 22 натпревари без пораз, но можам да ветам дека ќе направам се љубителите на фудбалот од нашата земја и натаму да се радуваат на успесите”, рече Дел Боске.
Неофицијално, претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Ангел Марија Виљар ќе му понуди на Дел Боске договор на две години, до крајот на Мундијалот во Јужна Африка, со можност тој потоа да биде продолжен. Дел Боске најголемите моменти во својата тренерска кариера ги доживеа на клупата на Реал Мадрид кој го водеше во три наврати во периодот од 1994 до 2003 година и освои две титули во Лигата на шампионите. Освен “кралскиот клуб”, го водеше уште Бешикташ, но без поголем успех.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|