четврток, 03.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

КЛУБОТ ОД ЛОС АНЏЕЛЕС ПОВТОРНО КУПУВА ВО ШПАНИЈА
Галакси со понуда за Роналдињо

Каталонскиот дневен весник Спорт тврди дека раководството на Лос Анџелес Галакси и понудило на Барселона 30 милиони за Роналдињо. Во Галакси игра и Дејвид Бекам, а јасна е намерата на челниците во исто време да направат квалитетен и популарен тим со кој ќе се обидат да ја освојат шампионската титула во МЛС.

Роналдињо се уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата иако интерес постои од Манчестер Сити, Челзи и Милан. Постои можност тој да остане и во Барселона, но новиот тренер на тимот, Пеп Гвардиола неодамна изјави дека не смета на Бразилецот за претстојната сезона. Братот и агент на Роналдињо, Роберто де Азис во следните неколку дена треба да се сретне со челниците на Галакси. Неофицијално, клубот е подготвен да му понуди на фудбалерот годишна плата од 18 милиони евра што е најголема цифра од сите што летово ги доби Роналдињо.

Сепак, тешко е за верување дека овој трансфер ќе се оствари, имајќи предвид дека Роналдињо и претходно изјавуваше дека сака да продолжи да игра во најсилна конкуренција и да докаже дека еден од најдобрите фудбалери во светот.


Наjновo од Спорт
Галакси со понуда за Роналдињо
Дел Боске потпишува идната недела
Вредам повеќе од десет милиони евра
Аршавин: Сакам да го променам клубот
Милан се откажа од Адебајор
Македонија го задржа 56-то место на најновата ранг листа на ФИФА
Лејкерс ги чува Вујачиќ, Туриаф...
Шампионот патува во Азербејџан...
“Германија нема шампионски тим”
Без допинг на ЕУРО 2008
Деко пристигна во Челзи
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи