
|
 |
Спорт / Фудбал
Е ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ФУДБАЛЕРОТ НА БАЕРН И Интер го посакува Швајнштајгер
Трикратниот последователен италијански првак Интер е новиот клуб што се интересира за репрезентативецот на Германија, Бастијан Швајнштајгер. Новиот тренер на “неро-азурите” Хозе Мурињо се уште не е задоволен од средниот ред на својот тим, па сака дополнително да го засили, а во конкуренција за трансфер на Џузепе Меаца, веќе подолго време се и англискиот репрезентативец Френк Лампард и Португалецот Рикардо Кварезма.
Токму Кварезма е првиот избор на Мурињо поради блиските врски со младиот португалски репрезентативец, но врските меѓу двата клуба во последно време не се на посакуваното ниво и постои голема опасност трансферот да пропадне. Можно е сите сили летово да се насочат кон Швајнштајгер кој беше најпријатно изненадување на штотуку завршеното европско првенство во Австрија и Швајцарија.
Покрај Интер, сериозно заинтересиран за Швајнштајгер е и Јувентус чиј тренер Клаудио Раниери е подготвен да ги запре преговорите со сите потенцијални засилувања за да го ангажира Германецот. На рака на Интер и Јуве им оди тоа што и Баерн е расположен летово да го продаде својот фудбалер затоа што постои опасност да го загуби според правилото Босман идното лето.
Чави, последен на списокот
Според неколку шпански и италијански медиуми, тренерот на Интер, Хозе Мурињо го известил претседателот на клубот Масимо Морати дека сака во својот тим да го види најдобриот фудбалер од штотуку завршеното европско првенство Чави. Фудбалерот на Барселона беше стандарден на континенталниот шампионат каде Шпанија ја освои титулата по втор пат во својата историја, а дури и постигна еден гол, во полуфиналето против Русија.
Мурињо и пред години, додека беше менаџер на Челзи, имаше еден обид да го ангажира Чави, но не успеа. За еден од најдобрите фудбалери на Барселона се интересираат уште Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|