петок, 04.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

ЛОНДОНСКИОТ КЛУБ НЕДЕЛАВА СЛАВИ МАЛ ЈУБИЛЕЈ
Пет години Абрамович во Челзи

И на најмалите им е позната состојбата во најатрактивното европско национално првенство. Кога ќе се спомене името на Роман Абрамович, тргнуваат сликите за преобразувањето на еден фудбалски колектив преку ноќ, за купување скапи играчи, за нереално плаќање и преценување на вистинските вредности на некои фудбалски ѕвезди, но и за зголемување на квалитетот на англиската Премиерлига, за силината на еден голем лондонски состав. Роман Абрамович, пет години потоа...

Во продолжение, како англичаните гледаат на годините минати со Роман Абрамович во англискиот фудбал.


Добро или лошо?

Ова е единственото прашање кое може да се поврзе со годините на Абрамович минати во Премиерлигата, конкретно во лондонски Челзи. Сите ја знаат опцијата на Абрамович и начинот на кој тој го “сфати” фудбалот на Островот. Рускиот олигарх се појави на “Стемфорд Бриџ” многу порано од оваа недела во која се одбележува петгодишнинана од неговото “газдување” во лондонските “сини”, но сепак, оваа недела се навршува половина декада од неговото вложување во еден од моментно најголемите европски тимови. Многу пари во кеш се фрлија низ фудбалските трансфери за ова петгодишно негово постоење во Челзи, но се уште многумина не се на чисто, дали Русинот донесе добро или лошо за англискиот фудбал?


Гордон Тејлор: Тој е доброто во фудбалот!

И покрај сите критики, Роман Абрамович е најдоброто нешто што и се случи на Премиерлигата за да се крене квалитетот на ова натпреварување и да ја претвори лигата во најсилна во светот. Ова е ставот на Гордон Тејлор, моментно шеф на егзекутивата во Унијата на Професионални фудбалери. Поранешниот фудбалер, смета дека со влегувањето на Абрамович во Челзи, Премиерлигата се претвори во бр. 1 натпреварување во светот. Тука дојдоа воедно и најскапите и најдобрите светски фудбалери. Тејлор исто така смета дека со вложувањето на Абрамович, дојде до продолжување на примерот и во останатите големи клубови во Англија, како Манчестер Ј., Ливерпул и Арсенал, кои почнаа да ја комплетираат големата четворка на Островот, но и во европски рамки.

“Многу е важен пристапот кој го имаше Абрамович. Тој е навистина само една од причините за силата на Премиерлигата, но на голема врата учествуваше во подигнувањето на квалитетот претворајќи ја во доминантна лига во целиот свет. Мислам дека тоа најмногу и се рефлектираше минатата сезона на настапот на англиските тимови во Лигата на шампионите, каде три тима беа меѓу четирите најдобри”, смета Тејлор.

Тејлор застана и зад изборот на Абрамович при купувањето на фудбалери. И покрај обвинувањата за трошењето нерационални средства за да се донесат познати фудбалски имиња, лидерот на професионалните фудбалери смета дека со ангажманот на Балак, Дрогба или Пер Чех, фановите на Челзи и по пет години ги имаат овие имиња како свои фудбалски големини. Тоа значи дека инвестицијата не била само фрлање пари во бунар.

Пред доаѓањето на Абрамович во Премиерлигата, таа се сведуваше на големата двојка - Манчестер Ј. и Арсенал. Со години овие два клуба беа неприкосновени, а останатите имаа само повремени успеси. Со доаѓањето на новиот соспственик на Челзи, се формираше голема премиерлигашка четворка, во која влегоа и Челзи, но интересно и Ливерпул, кој тргна по патот на најдобрите во последните десетина години.

“Тој го направи Челзи вистински ривал, откако ги доби сопственичките права врз него. Можете да погледнете само како Манчестер Ј. го врати толку поради него Сер Алекс Фергусон, а Ливерпул отиде дотаму да троши големи пари за засилувања, па сега го има најдобриот од ЕП, Торес, за кого не жалеше пари. Тој стана првиот странец мултимилионер мој на некој начин и внесе атракција во Премиерлигата, но сериозно им отвори пат на Глејзерс и на Хикс и Жилет да го следат. Јас знам дека не го поддржуваат овој тренд сите и дека Мишел Платини не е среќен со ефектот, но би бил глупав доколку не го гледа доброто кое дојде во Премиерлигата”, констатира Тејлор.

Со најновиот потег и ангажманот на Луиз Фелипе Сколари, Абрамович само ја продолжи својата традиција на скапи засилувања, но во сите нив нема неквалитет. Милионите од неговиот џеб и натаму заминуваат, исклучиво за фудбалски цели. А силен Челзи, значи и силна Премиерлига.

Ричард Биван: Роман е зло за фудбалот

Меѓу оние кои не се застапници на начинот на кој Абрамович го сфаќа фудбалот е и Ричард Биван, кој извади свои докази и ставови во врска со петгодишнината на владеењето на Абрамович, не само со Челзи, туку и со комплетниот фудбалски Пазар во Англија, па и низ Европа.

Биван е директор на Здружението на менаџери во лигата и не смета дека начинот и “газдувањето” на сопственикот на Челзи се оправдани и носат квалитет. Според него, љубовта на Абрамович кон фудбалот е задскриена во сосема други нешта. Според Биван, љубовта на Абрамович се парите и бизнисот, а не квалитетот на фудбалот. Тој многупати и на своите руски пријатели им има директно кажано дека се што го интересира е бизнисот, а и фудбалот го гледа низ таа призма. За Абрамович очигледно не се битни работата и квалитетот. Го интересираат само резултатите и тоа преку ноќ. Затоа и смени четири менаџери за пет години.

“Челзи не е нормален клуб. Роман Абрамович е еден од најголемите богаташи во светот и тој сака да го има секој трофеј кој може да се освои. Тоа е еден вид на мал теротизам. Тој сака да дојде денес и да победи утре”, вели Биван, кој додава дека Абрамович најлошото е што и останатите англиски тимови почнаа да го копираат неговиот стил на раководење на еден фудбалски тим.

Легендата на екипата на Челзи, Пат Невин, го обвини Абрамович, но и комплетната англиска фудбалска јавност, дека тој човек дозволи да се уништуваат кариерите на големите англиски фудбалски надежи. Од неговото доаѓање на Островот, Премиерлигата е силна, но затоа англиската репрезентација има катастрофални резултати.

Невин ги споменува само Скот Паркер и Глен Џонсон, кој пред доаѓањето на Абрамович беа голема надеж на англискиот фудбал, но откако тој ги потисна со низа преплатени фудбалски имиња, овие двајца веќе беа приморани шансата да ја бараат во други клубови, каде им беше потребно време да се снајдат од ново.

“Ако сте млад фудбалер и Челзи тргне по вас, слободно и одлучно кажете му не”, вели Невел.

Имам се уште големи дилеми и различни мислења на постоењето на еден Абрамович во англискиот фудбал. Но акт е дека тој е присутен и веќе пет години се обидува да ги обедини трофеите, она по што тргна во фудбалската “мисија” со купувањето на лондонскиот клуб.

***

ТОГАШ И СЕГА

Како изгледаше Челзи во годината кога Абрамович се појави како “спасител” на тимот и сега кога беше во трка за два големи трофеи, но двапати Манчестер Ј. се испречи пред него на патот до трофеите.

ПРЕД РОМАН:

(Сезона 2002/03) - Челзи -Ливерпул 2:1 - 11. мај 2003

ЧЕЛЗИ: Кудичини, Мелхиот, Гала, Десаи, Бабајаро, Гронкјер, Пети, Лампард, Ле Со, Хазелбанк, Гудјонсен

ПОСЛЕДЕН МЕЧ:

(Сезона 2007/08) - Манчестер Ј. - Челзи 1:1 - 21. мај 2008

ЧЕЛЗИ: Чех, Есиен, Карваљо, Тери, А. Кол, Балак, Макелеле, Лампард, Малуда, Џ. Кол, Дрогба


АБРАМОВИЧ НИЗ БРОЈКИ

11,7 БИЛИОНИ ФУНТИ - Проценето богатство на рускиот милјардер според весникот “Сандеј Тајмс”.

5 ТРОФЕИ СО ЧЕЛЗИ - Вклучувајќи две титули во Премиерлигата (2005 и 2006), 1 ФА Куп (2007), 2 Лига Куп трофеи (2005 и 2007)

2 СОПРУГИ - Ирина со која се разведе и Дарија со која сега е во врска.


ШОПИНГ ЛИСТАТА НА АБРАМОВИЧ:

ПЕТМИНА НАЈСКАПИ ПО СЕЗОНА

Сезона 2003/04 (Тотал: 130,6 мил. фунти)

Демиен Даф 17 мил. фунти

Ернан Креспо 16,8 мил. фунти

Клод Макелеле 16,6 мил. фунти

Адриан Муту 15,8 мил. фунти

Клаудио Раниери 10,6 мил. фунти

Сезона 2004/05 (Тотал: 98,2 мил. фунти)

Дидие Дрогба 24 мил. фунти

Рикардо Карваљо 19,8 мил. фунти

Пауло Фереира 13,2 мил. фунти

Арјен Робен 12 мил. фунти

Тиаго 8 мил. фунти

Сезона 2005/06 (Тотал 59,6 мил. фунти)

Микаел Есиен 24,4 мил. фунти

Шон Рајт Филипс 21 мил. фунти

Асиер Дел Орно 8 мил. фунти

Жозе Мурињо 5,2 мил. фунти

Ласана Диара 1 мил. фунти

Сезона 2006/07 (Тотал: 70,2 мил. фунти)

Андри Шевченко 30 мил. фунти

Џон Оби Микел 15 мил. фунти

Саломон Калу 8 мил. фунти

Калид Буларуж 7 мил. фунти

Ешли Кол 5 мил. фунти

Сезона 2007/08 (Тотал: 67 мил. фунти)

Флоран Малуда 16 мил. фунти

Николас Анелка 15 мил. фунти

Бранислав Ивановиќ 9 мил. фунти

Жозе Мурињо 20 мил. фунти (раскин)

Аврам Грант 7 мил. фунти

ПОТРОШЕНИ СРЕДСТВА:

409,6 мил. за играчи

140 мил. за купување на клубот.

ВКУПНО: 549, 6 милиони фунти


Наjновo од Спорт
Пет години Абрамович во Челзи
Хамилтон е најдобриот Ф1 плејбој, но само трет по квалитетите?
И Интер го посакува Швајнштајгер
Галакси со понуда за Роналдињо
Дел Боске потпишува идната недела
Вредам повеќе од десет милиони евра
Аршавин: Сакам да го променам клубот
Милан се откажа од Адебајор
Македонија го задржа 56-то место на најновата ранг листа на ФИФА
Шампионот патува во Азербејџан...
“Германија нема шампионски тим”
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи