петок, 04.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

“ДОВЧЕРАШНИОТ” ШПАНСКИ СЕЛЕКТОР СЕПАК НЕ Е БЕЗ РАБОТА
Арагонес, конечно, призна за Фенербахче

Во својата колумна во дневниот весник Марка, “довчерашниот” шпански селектор Луис Арагонес конечно потврди дека следните две години ќе работи во Фенербахче. Оваа информација турскиот вицешампион ја проследи во јавноста уште минатата недела, но Арагонес тогаш демантираше тврдејќи дека се уште не одлучил што ќе прави по завршувањето на европското првенство.

“Овие дена ќе отпатува во Истанбул за да ги договорам останатите детали. Но, начелниот договор е постигнат, за три милиони евра по сезона, следните две години ќе ги поминам како тренер на Фенербахче”, стои во текстот на Арагонес.

Иако има 70 години и со тренерската работа се занимава од 1974 година, ова ќе биде прв пат тој да работи како тренер надвор од Шпанија. Досега ги водеше Атлетико Мадрид, Бетис, Барселона, Еспањол, Севиља, Валенсија, Овиедо, Мајорка и шпанската репрезентација откаде замина пред три дена, а претходно и донесе титула од европското првенство. Фенербахче е без тренер по заминувањето на бразилскиот стручњак Зико кој ја одведе екипата до четвртфиналето од Лигата на шампионите минатата сезона што е најголем успех на турскиот фудбал во ова натпреварување.


Наjновo од Спорт
Арагонес, конечно, призна за Фенербахче
Романија може да падне
Пет години Абрамович во Челзи
Хамилтон е најдобриот Ф1 плејбој, но само трет по квалитетите?
И Интер го посакува Швајнштајгер
Галакси со понуда за Роналдињо
Дел Боске потпишува идната недела
Вредам повеќе од десет милиони евра
Аршавин: Сакам да го променам клубот
Милан се откажа од Адебајор
Македонија го задржа 56-то место на најновата ранг листа на ФИФА
Шампионот патува во Азербејџан...
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи