
|
 |
Спорт / Фудбал
“СИНИТЕ” БЛИСКУ ДО УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ Аршавин во Лондон на преговори со Челзи
Англиските медиуми тврдат дека Роман Абрамович во средата доцна навечер испратил понуда од 12 милиони фунти за фудбалерот на Зенит, Андреј Аршавин во кого гледа можност да си ја исполни својата голема желба, да има во екипата барем еден Русин. Милијардерот, наводно, самиот се заложил да го добие едно од најголемите откровенија на последното европско првенство за кого сериозно се заинтересирани уште Барселона и Реал Мадрид. Неофицијално, во текот на вчерашниот ден Аршавин допатувал во Лондон на финални преговори со Челзи чија понуда била прифатена и од Зенит.
“Постојано сме во контакт со Челзи, договорот е веќе направен и нам ова не ни е никакво изненадување. Аршавин одлета за Лондон за да ги среди личните услови од договорот и можно е до крајот на неделата да биде финализиран трансферот. Негова огромна желба беше да игра во Шпанија, но и Премиер-лигата е исто толку атрактивна, а и тој смета дека англискиот фудбал може да му помогне да зацврсне, а сигурно ќе има и голема поддршка од Роман Абрамович кој е клучен фактот за неговиот евентуален трансфер”, изјавил за Мирор анонимен функционер од Зенит.
Ако се согласи да дојде во Челзи, најдобриот фудбалер на рускиот првак ќе добива неделна плата од 60 илјади фунти, а Зенит отштета од 12 милиони фунти што, сепак, е далеку поголема понуда од оние на Реал и Барселона.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|