
|
 |
Спорт / Фудбал
ПО ИЗВРШЕНАТА ХИРУРШКА ИНТЕРВЕНЦИЈА РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ОЧЕКУВА БРЗО ВРАЌАЊЕ НА ТЕРЕНИТЕ Васоски одлично се опоравува
“Се чувствувам навистина добро. Успешно беше завршена операцијата, па очекувам конечно крај на малерите оставајќи ја оваа непосакувана сезона зад мене”, вели дефанзивецот
Македонскиот репрезентативец Александар Васоски успешно ја минува рутинската хируршка интервенција, извршена во вторникот, по откриената бактерија во црниот џигер комплетно очекувајќи што поитно враќање на зелените терени.
На само еден ден пред заминувањето на подготовките со својот Ајнтрахт Франкфурт, Васоски на преглед во Скопје мораше да се соочи со уште еден здравствен проблем во годината за него пропратена со малери по неколкуте претходни повреди, меѓутоа нашиот дефанзивец веќе се чувствува одлично на одделението на скопската клиника посакувајќи оваа “епизода” што побргу да остане зад него.
“Сега се чуствувам навистина добро. Успешно беше завршена операцијата. Тоа е најважно во моментов”, ни прокоментира вчера Александар Васоски во очигледно добро расположение.
“Конечно мислам дека е крај на малерите кои ме затекнаа оваа натпреварувачка година. Сакам сезоната да остане зад мене, и што поитно да се вратам во натпреварувачкиот ритам”, вели еден од најдобрите македонски дефанзивци.
Според, најавите од лекарскиот тим се очекува Васоски за два до три месеци комплетно да се врати на зелениот терен. Неизвесно е колку ќе биде подготвен да одговори и на обрските во репрезентативниот дрес за септемвриските натпревари против Шкотска и Холандија во квалификациите за СП 2010 во Јужна Африка, меѓутоа од актуелниот аспект тешко остварлива е можноста селекторот Среќко Катанец сепак да смета на неговите услуги.
В.Булатовиќ
СЛИКА: Очекуваме брзо враќање во игра - Александар Васоски (СЛИКАТА СЕ ВИКА: Васоски со пантелиќ)
ВО РАМКИ
РАЗОЧАРУВАЊЕ И КАЈ ТРЕНЕРОТ НА АЈНТРАХТ Ф
Функел: “Не можам да верувам”
Отворено е разочарувањето и кај шефот на стручниот штаб на Ајнтрахт Франкфурт, Фридхелм Функел по новоностанатите проблеми со македонскиот репрезентативец.
“Едноставно не можам да верувам. Низ мојата кариера ретко може да сретнам фудбалер кого во само една година го затекнале толку многу малери како што за жал е случајот со Васоски. По претходната повреда во новата сезона сериозно сметавме на неговите услуги во одбраната кои и тоа како ни се потребни. Сега ќе следи нова пауза за него, но среќни сме што сепак не се работи за сериозен проблем па очекуваме многу брзо да се врати во првиот тим”, истакна за германските медиуми Функел.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|