сабота, 05.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

Ренова игра против израелскиот Бнеи Сахнин

”Ќе сторам се да не примам гол, а секако за тоа ми треба и помош од дефанзивците. Што се однесува до нашиот напад убеден сум дека барем еднаш ќе ја затресе противничката мрежа”, вели голманот на Ренова, Арменд Елези

РЕНОВА - БНЕИ САХНИН
Градски стадион во Скопје. Капацитет: 15.000. Почеток: недела, 18 часот. Судија: Маркус Стромбергсон. Помошници: Магнус Сјоблом и Петер Мартинсон (сите од Шведска)

РЕНОВА: Елези, Станковиќ, И. Стојанов, Деспотовски, Реџепи, Мемеди, Нухиу, Ангелевски, Трајчов, Ибраими, Исени
Тренер: Влатко Костов
БНЕИ САХНИН: Миер, Абу Сали, Клаила, Зибеидат, Осман, Ганајем Х., Басир, Лузон, Бадарјане, Раја, Ганајем Т.
Тренер: Фреди Давид

Апетитите на Ренова во Интер-тото Купот пораснаа по супер-дебито во провото коло и елиминацијата на Риека. Утре со почеток во 18 часот на нашиот најголем фудбалски храм, тимот од Џепчиште против Бнеи Сахнин ќе има уште една европска авантура. Овој натпревар ќе биде најважниот за сите фудбалери на дебитантот на европската фудбалска сцена. Третото коло и обезбедување на двомеч со големата Депортиво Ла Коруња од Шпанија е доволна мотивација за “гипсарите” кои очекуваат уште еден успешен натпревар. Гледајќи според квалитетот на првенствата, според вложувањата и буџетите што ги имаат двата клуба, секако Израелците се фаворити на утрешниот меч. Овој податок не мора да значи ништо бидејќи и Риека беше апсолутен фаворит, но Хрватите “капитулираа” на Градски и воедно беа елиминирани. Среќата беше страната на Ренова и секако сите се надеваат дека истото ќе се повтори и против Бнеи Сахнин.

Како на првиот меч, така и на утрешниот дуел, најсилното оружје на тетовските “сино-бели” повторно ќе биде одбраната. Дефанзивците одиграа одлично во првото коло, беспрекорно ја завршија нивната работа, секако на реваншот надополнета со двата гола на одличниот Генц Исени. Токму ваква игра се очекува и утре од нашиот претставник во Интер-тото Купот. Со цврста одбрана и искористувањето на најмалите шанси за гол, Ренова ќе се обиде да го добие овој меч за да ги зголеми шансите за пласман во третото коло. Најважно за тетовци е да не примат овој гол, а од друга страна веруваат дека барем еднаш ќе ја затресат противничката мрежа.

“Имаме многу незгоден и поквалитетен противник пред нас. Иако овој клуб не е познат кај нас, сепак успеавме да се информираме за нивната игра и квалитет. Ќе мора да одиграме многу претпазливо и стрпливо, максимално ангажирано и квалитетно особено во фазата на одбраната. Нашата цел е да не примиме гол и верувам дека ќе успееме во тоа. Ќе сторам се да ја сочувам мојата мрежа, секако за тоа ми е потребна помош од дефанзивците. Што се однесува до нашиот напад, убеден сум дека барем еднаш ќе ја затресеме мрежата на Израелците”, вели голманот на Ренова, Арменд Елези.

Влогот на овој натпревар е голем за Ренова иако и досега овој тим постигна повеќе отколку што се очекуваше во нивната дебитантска сезона. Во третото коло, својот противник од овој двомеч го чека Депортиво Ла Коруња. Токму името на овој голем шпански тим е предизвикот за фудбалерите на Ренова. Двомеч со членот на шпанската “Примера” е нешто што секој играч би го посакал во својата кариера, а таков е случајот со “гипсарите”.

“Ова е најважниот меч во мојата досегашна кариера. Искрено се надевам и очекувам да се пласираме во третото коло бидејќи таму не чека Депортиво Ла Коруња. Тоа е влогот на овој двомеч. Ќе го дадеме максиумот, ќе одиграме борбено и ангажирано до последниот свиреж со цел да направиме добар резултат пред реваншот. Но морам да потенцирам дека ќе ни биде потребна и подршка од нашите навивачи и очекувам тие да дојдат во поголем број во недела”, изјави Арменд Елези.
Е. Растодер

Израелците ослабени

Бнеи Сахнин го нема оној состав со кој обезбеди пласман на 4-то место во лигата. Освен напаѓачите Бузагло и Јаборијан, и фудбалерот од средниот ред колумбиецот Џон Јаиро Кулма се пресели во Макаби Хаифа. Тренерот Фреди Давид за утрешниот дуел со Ренова не може да смета ниту на новите засилувања. Раковоството на Бнеи Сахнин не успеа да ги регистрира двајцата фудбалери од Гана, Бернард Борти и Квеко Асиен. Од друга страна, пак, и во одбраната се ослабени. Нигериецот Пети Јеје не доби виза за Македонија, па поради тоа остана во Израел.

Според обложувалниците Ренова фаворит!

Иако на почетокот на неделава, обложувалниците повеќе шанси за триумф му даваа на израелскиот противник, сепак коефициентите на два дена пред натпреварот драстично се сменети. Сега “букмејкерите” се убедени дека повеќе шанси за тирумф има Ренова. Коефициентот за победа на нашиот претставник се движи околу 1.75, иако пред неколку дена беше околу 2.50. Сега коефициентот за победа на Бнеи Сахнин е далеку повисок и се движи околу 3.30, додека за нерешен резултат е 3.20.

Премија од 1.500 евра да се елиминира Бнеи Сахнин

За елиминацијата на Риека, фудбалерите на Ренова како награда од спонзорот на тимот, поделија по 1.000 евра. Со оглед на тоа дека второто коло е едно скалило погоре во Интер-тото Купот, секако за еветуална елиминација и паричната премија ќе биде поголема. Според наши информации, доколку Ренова се пласира во третото коло, тогаш ќе следува награда од по 1.500 евра.

ХАЛЕД ХАЛИЛА: Ќе мора да победиме ако сакаме трето коло

Во таборот на израелскиот претставник во Интер-тото Купот, максимално сериозно го сваќаат утрешниот дуел како и нивниот противник Ренова. Нивните убедувања се дека мора да победат уште на првиот меч, за да на реваншот имаат полесна и рутинска задача во пласманот во третото коло. Фудбалерот од средниот ред на Бнеи Сахнин, Халед Халила вели дека не смее ништо да се остави на случајноста и дека нема да се калкулира со резултатот на првиот меч.

“Многу сериозно го сваќаме мечот со Ренова, бидејќи ние го посакуваме третото коло и двомеч со Депортиво. Ако сакаме да одиме во наредната фаза, ќе треба уште утре да направиме добар и позитивен резултат. Ќе се обидеме да победиме на овој меч”, вели играчот за врска, Халила.




Наjновo од Спорт
Ристиќ потпиша за Поханг Стилерс
Хамилтон брка победа пред домашните фанови
Кометал немаше среќа во ждрепката
Ренова игра против израелскиот Бнеи Сахнин
Ждрепка за Металург во лигата на шампионите
Србија - Македонија 23:6
Македонија со победа дебитираше на Европското првенство во ватерполо
Васоски одлично се опоравува
Аршавин во Лондон на преговори со Челзи
Арагонес, конечно, призна за Фенербахче
Пет години Абрамович во Челзи
И Интер го посакува Швајнштајгер
Галакси со понуда за Роналдињо
Дел Боске потпишува идната недела
Вредам повеќе од десет милиони евра
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи