сабота, 05.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

Репрезентативниот напаѓач од вчера и официјално е нов фудбалер на јужнокорејскиот шампион
Ристиќ потпиша за Поханг Стилерс

”Откако Поханг ја исплати отштетата од 1.000.000 долари немаше никаков проблем да ставам потпис на двеиполгодшен договор со шампионот. Чонбук сега е минато за мене” ни изјави голгетерот.

И дефинитивно од вчера Стевица Ристиќ е нов член на Поханг Стилерс (официјалниот сајт на клубот вчера ја потврди веста). Десетина дена се најавуваше овој голем трансфер на нашиот репрезентативен напаѓач, но затоа вчера и дефинитивно беше реализиран. Ристиќ стави потпис на двеиполгодишниот договор со актуелниот шампион на Јужна Кореја. Можеби звучи чудно со оглед на тоа дека во тек е првенството на оваа земја, но таму такви се прописите. Играч од клуб во клуб може да направи трансфер кога ќе посака.

Така, сега Чонбук го загуби својот најдобар напаѓач (минатата сезона беше прв стрелец со 13 голови) а Похан Стилерс доби екстра голгетер.

“Долго време, веќе неколку месеци Поханг инсистираше да потпишав за нив. Но Чонбук не беше баш расположен да ме пушти. Сепак откако 'стилерси' ја исплатија бараната отштета од 1.000.000 долари а јас потоа се договорив за личните услови не постоеше никаков проблем да потпишам за мојот нов клуб. Интересно е тоа што денеска ќе го играм последниот меч за Чонбук против Гуенгам, а од понеделник се селам во тимот на Поханг од истоимениот град. Тогаш ќе биде и официјалната промоција. За цифрите не бида сакал да говорам во детали, но морам да напомнам дека во Поханг ќе земам три пати повеќе отколку во Чонбук. Тренер во новиот тим е Бразилецот Серџо Рикардо Де Павиа Фариас, а во нападот друштво ќе ми прави исто така Бразилецот Денилсон” ни изјави вчера во телефонскиот разговор Стевица Ристиќ.

На крај кога сме кај Поханг Стилерс да кажеме и тоа дека пред неколку години за овој клуб успешно настапуваше Горан Петрески - Чунга.
З. Ѓоршоски




Наjновo од Спорт
Ристиќ потпиша за Поханг Стилерс
Хамилтон брка победа пред домашните фанови
Кометал немаше среќа во ждрепката
Ренова игра против израелскиот Бнеи Сахнин
Ждрепка за Металург во лигата на шампионите
Србија - Македонија 23:6
Македонија со победа дебитираше на Европското првенство во ватерполо
Васоски одлично се опоравува
Аршавин во Лондон на преговори со Челзи
Арагонес, конечно, призна за Фенербахче
Пет години Абрамович во Челзи
И Интер го посакува Швајнштајгер
Галакси со понуда за Роналдињо
Дел Боске потпишува идната недела
Вредам повеќе од десет милиони евра
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи