
|
 |
Спорт / Фудбал
ИМЕНУВАН СТАДИОН СПОРЕД ФРАНЦУСКАТА ЛЕГЕНДА Отворен стадионот “Ерик Кантона” во Тињ
Еден од најпопуларните француски фудбалери на сите времиња, Ерик Кантона, викендов присуствуваше на отворањето на стадион именуван според неговото име во францускиот град Тињ, каде досега често тренираше францускиот првак Олимпик Лион, како и репрезентацијата на “триколорите”.
Поранешната легенда на Манчестер Јунајтед, 42-годишниот Кантона присуствуваше на отворањето на стадионот, откако веќе беше во Тињ, каде со неговиот брат се организатори на традиционалниот меѓународен турнир во фудбал на плажа.
Темпераментниот Кантона во текот на својата пребогата, но и контровернза кариера, во која важеше за еден од најголемите фудбалски идоли на фановите, има настапувано за Оксер, Мартиг, Марсеј, Бордо, Монпеље и Ним, пред да се пресели во Англија, каде со Лидс ја освои титулата во 1992 година. Златните денови на својата кариера ги мина во екипата на Манчестер Јунајтед, каде мина пет години, во кои изврши енормно влијание во враќањето на “црвените ѓаволи” на врвот од англискиот фудбал.
Зад себе има и 45 настапи за репрезентацијата на Франција, но не беше вклучен во тимот кој ја освои титулата светски првак во 1998 година. По завршувањето на фудбалската кариера, Кантона се занимава со актерство, при што настапи и во филмот “Елизабет”, а ужива и во организацијата на турнирот во фудбал на плажа во Тињ.
Инаку, деновиве се појавија и шпекулации дека Кантона би можел да се врати на фудбалот и тоа како еден од помошниците на Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед, каде се поверојатно е испразнетото место на Карлос Квеирос, кој веројатно ќе го преземе кормилото на португалската репрезентација.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|