
|
 |
Спорт / Фудбал
ДЕТАЛИ ГО ДЕЛАТ НАПАЃАЧОТ ФРАТОН ПАРК Ливерпул ја прифати понудата за Крауч
Англискиот премиерлигаш Ливерпул официјално ја прифати понудата од Портсмаут во висина од 11 милиони фунти за својот напаѓач Питер Крауч. Преговорите меѓу двете страни траеја веќе еден месец, а клубот од јужниот брег неодамна објави дека тоа е последната понуда што ја изнесува.
“Со Портсмаут вчера беше постигнат устен договор, а следните денови се ќе биде ставено на хартија. Во секој случај, му дадовме дозвола на клубот да почне преговори со Крауч”, изјави портпаролот на Ливерпул.
Минатата сезона, робусниот напаѓач го загуби местото во стартната постава на својата екипа и одигра само девет натпревари во Премиер-лигата препуштајќи му го своето место на Фернандо Торес и Дирк Кујт. Ливерпул пред еден месец соопшти дека нема шанси да го продадат својот напаѓач за помалку од 15 милиони фунти, но и покрај можат да бидат задоволни бидејќи пред три години за него на Саутемптон му платија седум милиони. Интересно е тоа што сегашниот менаџер на Портсмаут, Хари Реднап два пати во својата кариера го продаваше Крауч. Прво кога заедно работеа во Портсмаут во 2002 година го продаде на Астон Вила за пет милиони фунти, а потоа како менаџер на Саутемптон му го продаде на Ливерпул. Крауч за “црвените” одигра 85 натпревари и постигна 22 гола.
ЛЕГЕНДА:
Повторно во Портсмаут - Питер Крауч
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|