вторник, 08.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

ПОРАНЕШНИОТ ФИНАНСИЕР НА ВАРДАР НА МЕТА НА ШЕСТ ДОМАШНИ КЛУБА КОИ ОЧЕКУВАЛЕ НЕГОВА ПОМОШ
Брацо: “Финансиска и играчка помош за Победа”

“Веднаш по последните случувања околу Вардар од мене шест клуба побараа финансиско вклучување во нивните редови меѓу кои Победа, Работнички, Милано и Македонија ЃП. Одлучивме да и помогнеме на Победа, но не со комплетно финансирање туку делумно се додека повторно не застане на здрави нозе”, вели Вујчиќ

Надвор од Вардар, поранешниот финансиер на најтрофејниот македонски клуб Слободан Брацо Вујчиќ и натаму е повеќе од интересен за домашната фудбалска сцена меѓутоа сега како еден вид финансиска опција за неколку други наши прволигаши.

Тоа што претходно во периодот на големите мајски кризи меѓу “црвено-црните” не сакаше никако да го признае сега очигледно е јасно за целокупната наша фудбалска јавност. Брацо Вујчиќ под своја “контрола” има 13 вардарови фудбалери кои се суспендирани од ФК Вардар поради одбивањето да настапат на првенствен натпревар, а сето тоа комбинирано со финансиската помош која може да ја пружи е повеќе од одличен магнет за добар дел наши прволигаши кои се борат самите со себе за склопување на финансиска конструкција за следната сезона.

Сепак, Слободан Вујчиќ го демантира постојаното негово поврзување со серија прволигаши потенцирајќи дека за следната сезона единствено е подготвен финансиски и играчки да ја помогне прилепска Победа.

“Вистината е само една и нема потреба од постојани шпекулации. Веднаш по последните случувања околу Вардар, со објаснување е сега кога не си во Вардар и финансиски си слободен, од мене шест клуба побараа финансиско вклучување во нивните редови меѓу кои Победа, Работнички, Милано и Македонија ЃП, а другите не ги спомнувам затоа што немаат амбиции со кои би ме привлекле”, вели Вујчиќ веднаш осврнувајќи се на неговата одлука каде да го продолжи финансирањето.

“Одлучивме да и помогнеме на Победа која очигледно беше во сериозна криза. Александар Забрчанец ја побара мојата помош и по неколку разговори се согласив да и помогнеме на Победа меѓутоа не комплетно преземање на сите финансиски обврски и покривање на целокупниот годишен буџет од моја страна туку одредена финансиска помош и плус доведување на некои фудбалери од поранешниот вардаров состав”, истакнува Брацо притоа и допрецизирајќи:

“Не е тајна дека го финансирам моменталниот тренинг процес на фудбалерите за кои се бара суспензија бидејќи е некој вид моја морална обврска. Но, поентата е во тоа што очекуваме ФФМ да ги ослободи од суспензиите па потоа со раскин на договори да може да направат трансфер при што добар дел би отишле во Победа. Значи помошта за Победа покрај одредено финансиска ќе биде и со доведување на тие неколку фудбалери, и сето тоа во функција се додека Победа повторно не застане на здрави нозе со потрага во меѓувреме и не некои други спонзори”.

А, насочувањето на сопственото внимание кон останатите македонски клубови значи и дефинитивно откажување од правната битка за Вардар.

“Не, напротив. Вардар за мене не е завршена приказна. Ние покренавме паралелно неколку спорови пред судската власт, и сигурни сме дека на крајот ќе победи правдата”, вели Вујчиќ.

В.Булатовиќ



СЛИКА: Цела лига барала помош од него - Слободан Брацо Вујчиќ (СЛИКАТА СЕ ВИКА: Брацо) - ДА СЕ ИСЕЧЕ САМО БРАЦО (со мустаќите)


***
Работнички би го помогнале само со фудбалери

Брацо Вујчиќ потврдува дека би влијаел дел од фудбалерите, откако ќе се знае разврската со евентуалните суспензии, да минат во редовите на Работнички.

“Единствената моја помош до Работнички би била доведување на некои од фудбалерите кои тренираа во Охрид, и ништо друго. Но за тоа очекуваме најпрво ослободување од суспензиите”, ни изјави Вујчиќ.

А, согласно математиките, Јорде Георгиевски, Милан Перендија, Душан Савиќ, Ѓорѓи Мојсов, Владимир Секуловски и Димче Ристевски изминативе денови веќе се поврзуваа со Работнички, додека од останатите кои тренираа во Охрид, Милош Леповиќ, Мартин Богатинов, Роберто Карлос, Фабио Да Силва, Тиаго Родригез и Зе Карлос Фиљо би биле нови имиња во Победа.


Жалба до УЕФА и ФИФА за “бунтовниците”

Зачудувачки е со каква леснотија Слободан Брацо Вујчиќ потенцира дека ќе ги помогне Победа и Работнички со фудбалери од Вардар кои тој ги “контролира”, а сепак јасно е дека тие единствено се вардарови фудбалери за кои клубот официјално бара суспензија и доколку во четврток се оствари истата тие не може да реализираат трансфер без разлика дали стручниот штаб смета на нив или не.

“Доколку ФФМ ја потврди суспензија тогаш тие ќе се жалат до ФИФА и УЕФА од каде сигурен сум дека ќе бидат ослободени, затоа што според Статутот постои можност за добивање привремени документи за регистрација и настап се додека не се реши целокупниот спор”, во улога на адвокат на фудбалерите изјавува Вујчиќ.


Наjновo од Спорт
Брацо: “Финансиска и играчка помош за Победа”
Преку Германија до 1/4 финале!
Лапорта преживеа!
Ливерпул ја прифати понудата за Крауч
Кафу ја завршува кариерата
Отворен стадионот “Ерик Кантона” во Тињ
Задар не може да го плати Гечевски!!!
Кака посакуван на Стемфорд Бриџ
Дрогба се договори со Интер
Почина претседателот на ТФФ
Бекам го надмина Роналдињо
Поради Емирати мораме да ги продаваме играчите
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи