вторник, 08.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

“НЕПРИСТОЈНИ ПРЕДЛОЗИ” ЗА НОВО СОПСТВЕНИЧКО ПРЕСТРУКТУИРАЊЕ НА АНГЛИСКИТЕ ПРЕМИЕРЛИГАШИ
И Бин Ладен влегува во Премиерлигата?

Навивачите на Њукасл ја живеат епизодата на Ливерпул, Манчестер Ј., Челзи... Деновиве повторно се враќаат во игра шпекулациите за нова продажба на еден од фудбалските гиганти во Англија, овој пат, со неколку сосема непристојни прeдлози кои ја раздрмаа англиската фудбалска јавност.

Пред само една година (минатото лето), Мајк Ешли стана нов сопственик на екипата на Њукасл. Го доби сопственичкиот пакет за 180 милиони евра, а потоа во екипата вложи дополнителни 130 милиони евро-банкноти. Сега, по само една сезона “газдување” ма “Ст. Џејмс Парк, Ешли се реши повторно да го стави на продажба клубот и да им донесе нови сопственици на навивачите на овој англиски премиерлигашки тим. За да биде епизодата “Њукасл” уште подраматична, како еден од можните нови сопственици на тимот, се појави и полубратот на озлогласениот светски терорист број 1, Осама Бин Ладен.

Њукасл 9-ти тим со странски “газда”

Распродажбата на Премиерлигата одамна е почната. Моментно дури 8 англсики премиерлигаши имаат странски сопственици. Навивачите веќе со години наназад организираа протести против новите вложувачи во нивниот омилен клуб, а некои отидоа и дотаму што се откажаа од својот омилен состав и со сопствени средства се обидоа и формираа нови фудбалски колективи кои со слично име почнаа да се натпреваруваат во најслабите англиски фудбалски првенства. Фановите на Њукасл во Англија деновиве повторно се враќаат на позицијата која ја имаа пред Ешли да стане сопственик на тимот минатата година. Тој најави дека клубот го става на продажба, но најлошото се случи кога англиските медиуми викендов објавија дека нов сопственик на клубот може да стане и член на семејството на терористот Осама Бин Ладен.


Кој стои зад “Сауди Бинладен Груп”?

Директорот на компанијата “Сауди Бинладен Груп, всушност е полубрат на Осама Бин Ладен. Англичаните открија дека станува збор за Бакр Бин Ладен, кој не е основач на компанијата, туку неговиот татко Шеик Мохамед Бин Ладен. Компанијата е подготвена да плати и 300 милиони фунти за да го купи англискиот премиерлигаш, но исто така да направи и дополнителни вложувања со огромна сума на средства со која треба да се изврши и модернизација на веќе постоечкиот стадион, како и модернизација и изградба на нов тренинг камп и капацитети кои ќе му бидат ставени на располагање на првиот клуб и подмладокот. Веста ги шокираше фановите на оваа екипа. Тие вчера ги преплавија форумите и со реакција на најавата во англиските медиуми.

“Има работи кои се поважни од фудбалот и не сакам јас да имам било каква врска со Бин Ладен и неговата фамилија. Ако го купат Њукасл, тоа ќе биде огромно разочарување за сите навивачи, но едно големо понижување за Премиерлигата”, изјави еден навивач на тимот од “Ст. Џејмс Парк”.


Чија понуда ќе ја прифати? - Мајк Ешли сопственик на Њукасл

Интересно, компанијата “Сауди Бинладен Груп” јавно се дистанцираше од активностите на Ал-Каеда, посочувајќи дека тие немаат никакви допирни точки со тероризмот. Работат легално и чесно и сакаат да инвестираат во фудбалот, кој моментно се покажа како еден голем бизнис во светот.

Навивачки протести

Фановите на Њукасл мислат дека нивниот клуб ќе стане легло на тероризмот и дека сите ќе се исмејуваат ако семејството на Осама Бин Ладен и со најмал процент на средства влезе во сопственичкиот дел на клубот. Навивачите во Англија се просто бесни и на американските вложувања во премиерлигашите, а сега згора на се и Бин Ладен да им го “тероризира” фудбалот.

“Тоа е смешно. Не ни сметаше кога Американците ни го купија клубот, па сега уште и терористи да не имаат во раце. Не ми се верува. Ова е најглупавото нешто што сум го чул, и само не знам дали нашите во управата сериозно ја земале понудата на семејството на Бин Ладен или само се насмеале на неа. Ако е она првото не заслужуваат да бидат во Њукасл, но и вио англискиот фудбал воопшто”, смета уште еден лут навивач.

Здружението на навивачите на Њукасл, под водство на претседателот Франк Гилмор, го дели мислењето со сите фанови на оваа екипа, но е свесен дека актуелниот сопственик на тимот нема да чека за да го продаде тимот и да се ослободи од обврските кон момците од “Ст. Џејмс Парк”.

“Тоа е одвратно и смешно, но сегашниот сопственик Мајк Ешли е подготвен да го продаде клубот, па и на семејство на терорист. Мораме да направиме нешто за да го спречиме. Ова нема да заврши така лесно”, се закани Гилмор.

Шинаватра = Бин Ладен

Ситуацијата од која најмногу се плашат вистинските познавачи на Премиерлигата е случајот со Тајланѓанецот Таксин Шинаватра, кој го доби сопственичкиот пакет акции во екипата на Манчестер Сити. И за него се крена голем прав околу тоа дали човек кој многумина го критикуваа за кршење на човековите права во неговата земја, може да стане сопственик на еден фудбалски гигант. Сепак, Шинаватра им оддолеа на нападите, а и парите го “замолчеа” навивачкиот фронт на “Сити”, кој заслепен од најавените вложувања во играчи, останаа неми во моментите кога Шинаватра влезе на Градскиот стадион во Манчестер.

Групацијата “Сауди Бин Ладен” очигледно ќе настојува да го убеди Ешли и да му плати 300 милиони за да го откупи тимот. Со тоа сегашниот сопственик на Њукасл би ги вратил вложените средства, не размислувајќи за иднината на томот. Интересно е што преставници на комапината на Бакр Бин Ладен веќе биле на средба во Њукасл, но портпаролот на клубот не сакал да ја коментира моменталната ситуација со продажбата на сопственоста.

Ако не Бин Ладен, тогаш Американци

Збир на американски инвеститори под името “Интер Медија Партнерс” исто така влегува во “шема” за да го добие сопственичкото право врз еден од најпопуларните клубови во Премиерлигата. Престваници на компанијата од Њујорк имале исто така средба со сопственикот на тимот Мајк Ешли и неговите соработници, но договор се уште не е постигнат. Преговорите ги потврдија и првите луѓе на тимот.

“Американците покажаа голем интерес, но преговорите се се уште во тек”, се вели во изјавата на портпаролот на клубот.

Иако се чинеше дека сегашниот сопственик на тимот има сериозни намери со Њукасл, особено откко го донесе Кевин Киген на кормилото, сепак, се чини, Ешли најде погоден момент да се “отараси” од клубот, откако му стана јасно дека му се потребни уште милиони евра за да ја стигне битката со најпопуларните тимови во англиското првенство за освојување на трофеите.

***

ПРЕМИЕРЛИГАШИ СО СТРАНСКИ СОПСТВЕНИЦИ

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД Малком Глејзер (САД)

ЛИВЕРПУЛ Т. Хикс и Џ. Жилет (САД)

АСТОН ВИЛА Рандолф Лернер (САД)

ЧЕЛЗИ Роман Абрамович (Русија)

ПОРТСМУТ Александре Гајдамак (Русија)

ВЕСТ ХЕМ ЈУНАЈТЕД Егерт Магнусон (Исланд)

ФУМАЛ Мохамед Абдел Фајед (Египет)

МАНЧЕСТЕР СИТИ Таксин Шинаватра (Тајланд)



10 НАЈБОГАТИ СОПСТВЕНИЦИ ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА

1. Роман Абрамович (Челзи) 10.80 бил. фунти

2. Џо Луис (Тотенхем) 2.80 бил. фунти

3. Алишер Усманов (Арсенал) 2.76 бил. фунти

4. Мајк Ешли (Њукасл) 1.60 бил. фунти

5. Малком Глејзер (Манчестер Ј.) 1.25 бил. фунти

6. Стенли Кронк (Арсенал) 1.20 бил. фунти

7. Таксин Шинаватра (Манчестер С.) 640 мил. фунти

8. Том Хикс (Ливерпул) 500 мил. фунти

9. Лорд Харис (Арсенал) 300 мил. фунти

10. Џорџ Жилет (Ливерпул) 220 мил. фунти


Индиски билјонер трет кандидат

Прелиминарен интерес за вложување во екипата на Њукасл има и кај Индискиот билјонер Кумар Мангалам Бирла. Неговиот почетен влог во понудата до Мајк Ешли не се споменува, но извори од клубот велат дека тој е најдалеку од можноста да стане нов сосопственик на носечкиот пакет акции во клубот.

Мангалам Бирл според магазинот “Форбс” е осмиот најмлад билјонер во светот. Тој е сопственик на “Адитиа Бирла Груп”, во чии рамки се наоѓаат голем број компании кои работат во Индонезија, Малезија, Филипини и во Египет. Неговото богатство во 2007 е проценето на 10,2 билиони долари.


Наjновo од Спорт
И Бин Ладен влегува во Премиерлигата?
Во Кадиз во (нај)висок пласман
Брацо: “Финансиска и играчка помош за Победа”
Преку Германија до 1/4 финале!
Лапорта преживеа!
Ливерпул ја прифати понудата за Крауч
Кафу ја завршува кариерата
Отворен стадионот “Ерик Кантона” во Тињ
Кака посакуван на Стемфорд Бриџ
Дрогба се договори со Интер
Почина претседателот на ТФФ
Бекам го надмина Роналдињо
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи