вторник, 08.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

РАМОН КАЛДЕРОН МОЖЕБИ СТАВИ КРАЈ НА САГАТА ЗА ПОРТУГАЛЕЦОТ
Роналдо најверојатно ќе остане во Манчестер

Кристијано Роналдо најверојатно и следната сезона ќе остане во Манчестер Јунајтед, поразително вчера соопшти првиот човек на Реал Мадрид, Рамон Калдерон. Претседателот на шпанскиот првак пред неколку недели го најави 7 јули како симболичен датум кога Роналдо ќе биде промовиран како нов член на клубот, но вчера, токму на овој ден мораше да објави дека трансферот е се поневеројатен.

“Роналдо самиот изјави дека му е сон да заигра за Реал Мадрид, но неговиот трансфер не може да биде реализиран без согласност од Манчестер Јунајтед. Кога од овој клуб ќе бидат подготвени за реазговор, тогаш би можеле да зборуваме за такво нешто, но како што стојат работите во моментов, до трансферот нема да дојде. Теоретски се уште има време бидејќи до крајот на преодниот рок остануваат уште два месеци, меѓутоа не гледам желба кај Јунајтед работите да се сменат”, рече Калдерон.

Вчера во седиштето на УЕФА во Нион се одржа состанок на водечките европски фудбалски клубови на чии маргини меѓусебна средба имаа Калдерон и извршниот директор на Јунајтед, Дејвид Гил. Тие двајцата зборувале за сагата околу Роналдо која трае повеќе од два месеци, но Гил побарал од Калдерон да се држи настрана од Португалецот бидејќи тој имаше важечки четиригодишен договор со англискиот и европски првак.

Опериран зглобот на Кристијано

На ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо вчера утро во Холандија му беше извршена најавената операција на скочниот зглоб. Холандската новинска агенција АНП соопшти дека Роналдо ќе остане на рехабилитација во оваа земја, но Марка и А Бола веднаш демантираа тврдејќи дека ќе се врати во Португалија, па во Англија.

Инаку, хируршката интервенција на зглобот на Роналдо ја изврши познатиот доктор Ник ван Дајк кој ги излекува и Руд ван Нистелрој, Робин ван Перси и Михаел Балак, а се се одвивало во најдобар можен ред.

Според првите информации, Роналдо ќе паузира во наредните шест до осум недели, што во превод значи дека би го пропуштил стартот на англиската премиерлига, се разбира доколку се остварат последните тврдења дека тој останува дел од актуелниот англиски и европски шампион.


Наjновo од Спорт
Ватерполистите загубија од Германија и останаа без 1/4-финале
Француска работа - Думулин победи, Феилу во жолто
Роналдо најверојатно ќе остане во Манчестер
Шпанците се фалат: “Надал е најдобриот на светот”
И Бин Ладен влегува во Премиерлигата?
Во Кадиз во (нај)висок пласман
Брацо: “Финансиска и играчка помош за Победа”
Лапорта преживеа!
Ливерпул ја прифати понудата за Крауч
Кафу ја завршува кариерата
Отворен стадионот “Ерик Кантона” во Тињ
Кака посакуван на Стемфорд Бриџ
Дрогба се договори со Интер
Почина претседателот на ТФФ
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи