
|
 |
Спорт / Фудбал
ЗЕНИТ БАРА 30 МИЛИОНИ ЗА РУСКАТА ЅВЕЗДА Аршавин ќе прифати понуда од Англија
Рускиот репрезентативец Андреј Аршавин изјави дека би можел да потпише за некој од англиските тимови откако неговата желба да заигра Барселона е се подалечна бидејќи каталонскиот тим понуди само 15 милиони евра за неговите услуги.
“Отсекогаш навивам за Барселона и сон ми е некој ден да заиграм таму, рече Русинот пред некое време во обид да ги наговори челниците на шпанскиот клуб да му понудат договор.
Сепак, за негова жал, челниците на Барселона не се решија да го одврзат кесето за еден од најдобрите фудбалери на Европското првенство во Австрија и Швајцарија, па сега тој и неговиот менаџер се ориентираат кон понудите од некои од големите англиски клубови.
“Андреј сака да игра во Премиер-лигата, но нема да прифати понуди на екипи како што се Њукасл, Мидлсброу или Астон Вила, Само четири клубови во Велика Британија би можеле да го имаат, а тие се натпреваруваат во Лигата на шампионите. Не се работи за пари, туку за професионални амбиции. Тоа ќе биде голем трансфер”, вели Денис Лахтер, менаџерот на Аршавин, кој додава дека рускиот шампион Зенит нема да прифати понуда за својата ѕвезда во износ помал од 30 милиони евра.
Инаку, Аршавин се прослави во текот на минатата сезона, кога со Зенит стигна до титулата во рускиот шампионат, како и во упот на УЕФА, а на ЕП блесна во рускиот дрес на мечевите со Шведска и Холандија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|