
|
 |
Спорт / Фудбал
ИСКУСНИОТ ГОЛГЕТЕР И ОФИЦИЈАЛНО ВО АЗЕРБЕЈЏАН Христов една година во ФК Баку
”Две недели му ја чував 'деветката'. Христов го направи најголемиот трансфер во Азербејџан”, коментира неговиот нов тренер Ѓоко Хаџиевски
Ѓорѓи Христов од вчера и официјално е нов член на ФК Баку од Азербејџан. Тој во следната сезона ќе ја има задачата да ги тресе мрежите во тимот каде е тренер нашиот Ѓоко Хаџиевски. Искусниот голгетер вчера ги имаше финалните преговори со новиот клуб, а во текот на наредниве неколку дена ќе биде и официјалната промоција.
“Презадоволен сум од доаѓањето на Христов во мојата екипа. Не треба да се трошат зборови за квалитетите и името на Христов. Се надевам на многу голови од негова страна во новата сезона во која влегуваме со 12 нови фудбалери и со големи амбиции”, коментира Ѓоко Хаџиевски, кому конечно му се исполни желбата да го види Христов во својата екипа.
“Две недели му го чував дресот со број 9. Сега и официјално е наш фудбалер”, задоволно коментира Хаџиевски, кој летово во Баку го ангажираше и Драган Начевски.
Цифрата која го однесе Христов од Холанидја во Азербејџан е клупска тајна, а Хаџиевски само кусо коментира:
“Тој го направи најдобриот трансфер во Азербејџан”.
И. Д. Ивановски
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|