среда, 09.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

ПОРАЗОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ, СЕПАК, ВЛИЈАЕШЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА БАРСА
Лапорта утре поднесува оставка

Како што пренесуваат дел од шпанските медиуми, претседателот на Барселона, Хоан Лапорта можеби утре, а најдоцна до крајот на неделата би требало да поднесе оставка од својата функција како резултат на дебаклот што го претрпе на неодамнешниот референдум. Лапорта ќе му ја поднесе оставката на Управниот одбор за да избегне нови избори, а на негово место се очекува да дојде Алберт Винсенс.

На референдумот за доверба на Лапорта што се одржа во неделата против актуелниот претседател гласаа над 60% од членовите на каталонскиот клуб, но тоа не беше доволно за негова смена бидејќи според статутот на Барса за тоа се потребни најмалку две третини од вкупниот број на излезени гласачи. Иако опозицијата не успеа да го достигне потребниот цензус за смена на претседателот и за распишување нови избори, поддршката од само 14% ја чини позицијата на Лапорта исклучително несигурна. Шпанскиот дневен весник Спорт пренесува дека дел од директорите во клубот одлучиле да се повлече само Лапорта, а остатокот од Управниот одбор да продолжи со работа.

Во таков случај Лапорта би бил заменет од досегашниот потпретседател Алберт Винсенс, додека на неговото место од економскиот сектор би пристигнал Феран Сориано. На ваков начин би се избегнала можноста од нови претседателски избори, а Управниот одбор би продолжил со работа до крајот на мандатот, односно до јуни 2010 година.

Новите избори се работа што Лапорта не би сакал да се случат по никоја цена бидејќи така клубот најверојатно би го презел Сандро Росел, негов некогашен соработник, а денес лут опонент.

Лапорта во понеделникот, еден ден по референдумот изјави дека чувствува одговорност кон оние 35% од членовите на Барселона кои му ја дадоа својата доверба, но во исто време додаде дека оние 60% се силно предупредување за начинот на неговата работа. Освен тоа, тој ги потенцираше оние над 80 илјади членови на клубот кои одлучија да не излезат на гласањето, а кои можеа значително да влијаат на конечниот резултат.


Наjновo од Спорт
Лапорта утре поднесува оставка
Против Кина за успешен старт
Хјуит влезе во олимпискиот тим и покрај повредата
Судијата Донато како осми играч!
Христов една година во ФК Баку
Хамилтон ја кажа следната цел - светската титула
Сколари го посакува и Роберто Карлос
Аршавин ќе прифати понуда од Англија
Роналдо најверојатно ќе остане во Манчестер
И Бин Ладен влегува во Премиерлигата?
Брацо: “Финансиска и играчка помош за Победа”
Лапорта преживеа!
Ливерпул ја прифати понудата за Крауч
Кафу ја завршува кариерата
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи