четврток, 10.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

НА “ТОПЧИИТЕ” ИМ ДОЈДЕ ПРЕКУ ГЛАВА
Арсенал сега го продава Адебајор

Претседателот на Милан, Адриано Галијани, тврди дека Арсенал испратил писмо до миланскиот клуб во кој бара преговори за напаѓачот Емануел Адебајор. “Росонерите” со месеци се обидуваат во своите редови да го донесат репрезентативецот на Того и неколкупати испратија официјална понуда до Арсенал, но Арсен Венгер од старт ги одбиваше. За Адебајор е заинтересирана и Барселона чие раководство исто така будно го следи развојот на настаните.

“Примив писмо од Арсенал во кое стои дека го смениле мислењето од 13 јуни кога рекоа дека Адебајор не е на продажба. Ми рекоа дека се расположени за преговори ако ние и натаму имаме желба да го ангажираме. Ако и Адеабајор сака да си оди, Милан сигурно ќе преговара, но Барселона засега има подобра понуда од нас која тој би можел да прифати”, рече Галијани.

Новиот прв човек на Милан и натаму смета дека главниот проблем околу ангажманот на Адебајор се парите бидејќи “росонерите” немаат 36 милиони фунти колку што за него бара Арсенал. Горната граница до која би одел Галијани изнесува 25 милиони фунти, а другите пари има намера да ги искористи за дополнителни засилувања во летниот преоден рок со кои ќе оди на освојување на шампионската титула во Серија “А” откако лани Милан заврши на петтото место во првенството. Ако не успее во преговорите со Арсенал, Милан има резервна опција со Дидие Дрогба или Андриј Шевченко од Милан, како и рускиот репрезентативен напаѓач Роман Пављученко. Покрај тоа, Галијани уште еднаш потенцираше дека нема пари за скапи засилувања, па летово или ќе го донесе Адебајор или Роналдињо, а никако двајцата.

Адебајор минатата сезона беше најдобар стрелец на Арсенал со вкупно 30 постигнати гола во сите натпреварувања, но и покрај тоа не му помогна на својот тим да освои некој трофеј. “Топчиите” летово се соочуваат со играчки егзодус бидејќи Матје Фламини веќе се пресели во Милан, Јенс Леман кариерата ќе ја продолжи во Штутгарт, а заминување покрај Адебајор најави уште Александер Хлеб со што од ѕвездите во екипата би останал само Цеск Фабрегас.



ЛЕГЕНДА:

Милан има предност во преговорите - Емануел Адебајор


Наjновo од Спорт
Арсенал сега го продава Адебајор
Русија, а не Америка е ветената земја за Перо Антиќ ?
Лапорта утре поднесува оставка
Против Кина за успешен старт
Хјуит влезе во олимпискиот тим и покрај повредата
Судијата Донато како осми играч!
Христов една година во ФК Баку
Сколари го посакува и Роберто Карлос
Аршавин ќе прифати понуда од Англија
Роналдо најверојатно ќе остане во Манчестер
И Бин Ладен влегува во Премиерлигата?
Брацо: “Финансиска и играчка помош за Победа”
Лапорта преживеа!
Ливерпул ја прифати понудата за Крауч
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи